Connect with us

Македонија

Медицинска сестра прободена во врат во Кумановската болница

Published

on

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј. (38) од Куманово, затоа што со остар предмет нападнал и повредил медицинска сестра на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, вчера после полноќ, соопшти МВР.

Насилникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Според информациите од кумановската болница, медицинската сестра била нападната додека ги извршувала своите работни задачи во амбуланта, кога од зад грб ѝ пришол напаѓачот и ѝ ставил чаршаф на главата, по што почнал да ја дави и да ја удира. Таа паднала на подот, по што тој ѝ ја затнал устата со рака за да не може да вика. Ги зел ножичките за сечење газа од бирото и ја прободел во левото рамо и по вратот, по што жената се онесвестила.

Мешницата ја слушнале нејзините колешки и дошле да видат што се случува, при што ја нашле на подот со чаршафот на глава во бесознание. Откако ја освестиле веднаш повикале полиција и го алармирале обезбедувањето. Насилникот во меѓувреме побегнал.

Не е познато како тој влегол во зградата, бидејќи влезните врати на одделнијата се заклучуваат на полноќ, а пациентите кои доѓаат подоцна се најавуват на ѕвоно ако имаат потреба од лекарска помош. Се претпоставува дека можеби се криел во собите или во тоалетите, или влегол преку некој прозорец. Што точно се случувало ќе утврдат безбедносните камери во болницата.

Директорката на Кумановската болница Снежана Захариева го потврди случајот и вели дека дежурната медицинска сестра е сместена на хирургија, нема знаци на внатрешни повреди, е стабилна, но вознемирена поради нападот.

Директорката претпоставува дека мотивот за нападот е финансиски, бидејќи сестрата била нападната додека ја средувала касата од дневната наплата на партиципација. На Одделението не недостасувале медикаменти, а напаѓачот не ги зел парите бидејќи наишле колегите.

Унијата на ЗМСТАС, предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ јавно го осуди вчерашниот напад врз медицинската сестра од општата болница во Куманово.

Ова е уште еден случај во низата на немили настани кои се случуваат години наназад, и за кои Унијата постојано апелира дека покрај сите проблеми со кои сестринството се соочува во својата професија, условите за безбедност мора да бидат на највисоко ниво.

„Не можеме да кажеме дека вакви несакани случувања нема да се повторат и во иднина. Затоа го потенцираме моментот дека треба да се пронајдат решенија, а не само јавно истакнување на проблемот. Унијата смета дека е потребно да се води евиденција и да постои тек на постапка за ваквиот тип на немили настани. Да се задолжи Институтот за јавно здравје да понуди решение, кој патем имаше трудови за синдромот на согорување, стресот и безбедноста на работното место. Да се овозможат рехабилитации, продолжени годишни одмори и платени специјалистички прегледи. Реакциите по основ на овие случувања не се доволни. Безбедноста на медицинските сестри на работното место е од круцијално значење за целиот здравствен систем“,  истакнуваат од Унијата на ЗМСТАС.

Македонија

Им требаат келнери, возачи, месари…: Кои профили се недостасуваат во Германија?

Published

on

На Германија ѝ недостасува речиси секој профил на квалификувани работници.

Им требаат од возачи на автобуси и камиони, до градинари и ѕидари, месари и келнери, пишува германската новинска агенција (ДПА).

На пример, 44 отсто од сите возачи на автобуски и железнички јавен превоз имаат најмалку 55 години. Меѓу сите вработени во Германија, секој четврти има над 55 години. Уделот на постарите работници од 27 отсто е нешто над просекот во здравството, пренесува Феникс магазин.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова: Нашите ракометари покажаа борбеност и дух на вистински шампиони!

Published

on

Сиљановска-Давкова: Нашите ракометари покажаа борбеност и дух на вистински шампиони

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитки до македонската ракометна репрезентација поради значајното реми на отворањето на Светското првенство во ракомет.

„Горда сум, а верувам дека сте и вие, на нашите ракометари кои покажаа нескротлива борбеност и нескршлив дух. Светското првенство го започнавме како вистинска ракометна сила, докажувајќи дека сме рамноправен противник на најдобрите,“ истакна Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека ракометарите уште еднаш потврдиле дека во спортот нема мали и големи држави, туку дека победничките адути се спортската стаменост, посветеноста, решителноста и храброста.

Претседателката упати благодарност до македонската публика која, со своето страстно навивање, на ракометарите им дала „вулканска енергија“ за постигнување на успехот.

„Верувам во нивната сила и им посакувам витешка игра во следните натпревари. Моите мисли и емоции се со нив,“ порача Сиљановска-Давкова, изразувајќи надеж дека тимот ќе продолжи со одлични резултати и понатаму.

Continue Reading

Македонија

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ЌЕ ГО ЧИСТАТ КУМАНОВО

Published

on

ЈП „Чистота и зеленило“ и КПУ Затвор – Куманово потпишаа Меморандум за соработка, за организирање општокорисна работа за осудените лица.

Соработката има цел да го поддржи ресоцијализацискиот процес на осудените лица, преку нивно активно вклучување во активности за чистење и одржување на јавните простори во општината.

– Очекуваме наскоро да бидат ангажирани осудените лица и да помогнат во одржувањето на хигиената на повеќе локации на подрачјето на општината. Претходните искуства покажуваат дека бенефитот е одличен и за самите осудени лица, им помага во нивниот процес на ресоцијализција, но и за претпријатието – изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.

Соработката, нагласуваат од двете институции е во согласност со законските регулативи и се реализира за да се подобрат условите за живот на заедницата, како и да се поттикне одговорност и ангажираност кај осудените лица.

Претходно кумановскиот затвор потпиша меморандум за соработка и со Општата болница Куманово

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк