Пејачката Кети Пери активно работи и ужива во настапите, а на еден од концертите од нејзината турнеја е направено и видеото на кое се гледа дека има проблем со десното око, поради што на социјалните мрежи се лансираат разни теории на заговор.
Приказните само се нижат, а причините зошто има проблем да го отвори едното око се движат од „последици од вакцина против Ковид“ до „лош ботокс“. Само затоа што пејачката за да ја забавува публиката на паузата меѓу двете песни го затворила едното, а другото широко го отворила.
Видеото на кое Кети Пери се обидува да си го отвори окото, а капакот и се спушта неконтролирано, стана симпатичен гег што им послужи на корисниците на социјалните мрежи да теоретизираат за вакцинацијата и ботоксот.
Причината поради која Кејти не можела да го отвори окото, откриле твитерџиите, е „резултатот од вакцината“, како и лошо направениот ботокс – непријатна ситуација кога едната веѓа „паѓа“ по интервенцијата.
„Ботоксот тргна наопаку“, „Еве доказ дека има последици од вакцинацијата“, „Дали на сцената доживеа мозочен удар“, беа коментарите.
Ниту вакцина ниту ботокс
Како што пишува „Њусвик“, Кејти Пери проговорила за проблемот со „паѓачкото око“ во музичкото натпреварување „Американски идол“.
View this post on Instagram
A post shared by KATY PERRY (@katyperry)
Имено, на натпреварот се појавил шеснаесетгодишниот Кабал Кенеди кој изјави дека се чувствува многу непријатно пред камерите бидејќи има „мрзливо око“. Пејачката изјави дека нема потреба да се чувствува непријатно бидејќи и таа има проблем со десниот очен капак.
-И јас имам паѓачко око и бев ужасно загрижена на почетокот на кариерата. Потоа моите фанови создадоа група посветена на моето несреќно око, за да му помогнат. Групата беше наречена „Кети паѓачко око“. Тоа е всушност моето десно око. Само уживајте и не грижете се за тоа, рекла Кети.
View this post on Instagram
A post shared by KATY PERRY (@katyperry)