Connect with us

Скопје

СЛАВЕСКИ ја спореди АРСОВСКА со пејачка: Имаше прикачено мобилен микрофон КАКО ЦЕЦА НА КОНЦЕРТИТЕ

Published

on

Не е пријатно кога не се ефикасни институциите. Ми беше задоволство Советот да функционира како часовник. Единствен проблем што морав да го менаџирам беше што постојано градоначалничката Арсовска постојано ја навредуваше и се караше со координаторката на советничката група на СДСМ. Сега малку се сврти работата, јас сум на мета, рече претседателот на Советот на град скопје, Трајко Славески за ситуацијата во градското собрание.

Според него, „се започна од одлуката на Арсовска да се лиши од мнозинството во градот Скопје“.

-Арсовска не може да испорача она што го има добиено како налог од налогодавателите. Не е лесно да се биде градоначалник без поддршка во Советот, рече Славески во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој вели дека не употребил никаква квалификација кон градоначалничката, ниту погрден збор.

-Јас што излегов пред неа беше единствен начин да се замолчи, затоа што таа имаше прикачено мобилен микрофон како Цеца Величковиќ на концертите. Во неколку наврати некои советници изразиле незадоволство во тоа каде седи градоначалникот. Сега таа седи на задната клупа каде нема микрофон или слушалки. Немам такво сознание дека разбира албански. Таа неколку пати кажа за мене Таљат. Очекувам ова да се реши со интервенција на инспекторатот на локална самоуправа. Во просториите на Советот на град Скопје не може да се помести ништо без знаење на претседателот на Совет, додаде Славески.

Скопје

КОЈ РУШИ ВО СТАРА СКОПСКА ЧАРШИЈА ? (Фото)

Published

on

За старата скопска чаршија сме пишувале многу пати и постојано апелираме за нејзиното организирано деградирање. Како за ниту едно друго прашање кое сме го отвориле во јавноста, за ова прашање се молчи од сите страни. Ниту Градот Скопје, ниту Заводот за заштита на споменици, ниту Министерството за култура, не се огласуваат по ова прашање.

АПЕЛИРААТ до македонските телевизиски куќи, јавно да ја отворат темата за Старата скопска чаршија и да ги соочат сите овие институции на дебата вклучувајќи ја и Општината Чаир, на чија територија се дозволува дивеењето и деградирањето – пишува marh.mk.

Тековно во непосредна близина на црквата „Св. Спас“ се руши и подготвува ново градилиште. Се работи за парцелата 9200 според Агенцијата за катастар на недвижности, со имотен лист 101691, кој понатаму се дели на 28 делови во различна сопственост. На кој начин се доаѓа до дозвола за градење на овие простори, дали се почитува законот за заштита на старата скопска чаршија, дали се извршени археолошки истражувања и многу други прашања остануваат непознати за нас. На Улицата „Макарие Фрчковски“ каде допира највисоката кота на парцелата се забележуваат остатоци од камена пластика.

ЦЕЛ ТЕКСТ

Апелите се шират и на социјалните мрежи, каде се вели дека потенцијални има две локации каде се гради на диво.

Continue Reading

Скопје

Се излеа Вардар кај Зелениково

Published

on

Центарот за управување со кризи побара намалување на истекот на Козјак и Матка по добиените известувања преку бројот за итни повици 112 во регионалниот ЦУК Скопје дека се има излеано во реонот на Зелениково и има зафатено 15 до 20 метри од нивите, а доколку се зголеми водостојот на водата постои опасност од поголемо излевање и можност од поплавување на куќите.

– Вечерва, Центарот за управување со кризи за да се заштити населението покрај Вардар во Зелениково и Велешко од поплава побара да се пристапи кон намалување на истекот на вода од хидроакумулациите Козјак и Матка, за време на поплавниот речен бран на Вардар во Општина Зелениково – наплив во дел на реката Вардар, по пријавите од излевање на реката во нивите и опасност од поплавување на куќите во Зелениково, известија вчера од ЦУК.

Хидроелектраната „Св. Петка“ е исклучена, а во ХЕЦ Козјак е оставен да работи само еден агрегат со цел да се намали нивото на реката Вардар, соопшти вечерва АД ЕСМ.

– По информацијата за покаченото ниво на реката Вардар, во координација со ЦУК, од страна на АД ЕСМ е пристапено кон промена на режимот на работа на хидроелектраните во склоп на хидросистемот Треска. Намалено е производството на електрична енергија од хидроелектраната Козјак, каде е оставен во функција само еден агрегат, додека хидроелектраната Св. Петка е надвор од употреба. Не работи и хидроелектраната Матка која е во сопственост на ЕВН, информираа вчеравечер од АД ЕСМ.

Continue Reading

Скопје

Дипломираниот директор – детектив, ИМ ГИ СМЕНИЛ СИТЕ БРАВИ на вработените во МКЦ

Published

on

Уметниците масовно откажуваат настани, но промената на бравите и клучевите во канцелариите на Младинскиот културен центар е главен приоритет за новиот В.Д. директор Никола Алексов. Самошто ја презема функцијата, Алексов решил дека само тој и никој друг нема да отклучува и заклучува дел од просториите во МКЦ. На новиот директор инаку, дипломиран детектив, безбедноста му е многу важна, па тој се интересирал и како функционира обезбедувањето на објектот. Вработените велат дека уште на првиот ден како директор минатата недела, тој веднаш донел ревизори и инспектори да ги „чешлаат“ финансиите на јавната установа.

Во меѓувреме, културата паѓа на последно место. Сите активности како театарски претстави, концерти, прикажување филмови, поетски читања и слично се откажани на неодредено време. Организаторите на овие настани самите се повлекле и ги откажале веќе закажаните термини. Денеска нема да се игра најавената театарска претстава „Кенди“, а под знак прашалник е и одржувањето на 11-то издание на музичкиот фестивал „Земјотрес“ на 4-ти февруари.

Буџетот на МКЦ годинава е скратен за цели 92%. Поднесената Годишна програма за работа не е прифатена, а Програмскиот колегиум не ги знае плановите и идните чекори на в.д. директорот, па никој со сигурност не може да каже кога ќе продолжат и во колкав обем редовните настани од областа на културата.

Дипломираниот детектив Никола Алексов бил примен на работа пред десетина дена на местото на службеник кој набрзо треба да се пензионира во Службата за општи работи. Дел од вработените и јавноста се дигнаа на нозе кога тој експресно стана директор. Антикорупциската комисија веќе најави дека ќе го испита неговото вработување, откако Програмскиот колегиум на МКЦ алармираше дека В.Д. директор може да се избере само од редот на вработените, но не и од оние примени преку Агенција з апривремени вработувања.

Сега, веќе поранешниот директор Ванчо Богоев, се пожали на жестоки притисоци од секретарот на Град Скопје да потпише вработување за музичарот Арбен Шакити како преодна форма за шефовската позиција. Шакири неколку години покажува интерес да застане на чело на МКЦ, а веќе имаше и еден неуспешен обид. Пред неколку години уметниците се кренаа на нозе и обидот пропадна.

И овојпат музичарите се здружија и пред два дена организираа протестен музички собир и потпишување петиција против партиските игри околу МКЦ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк