Connect with us

Европа

Шпанско село се продава за 260.000 ЕВРА, колку еден СТАН во Скопје

Published

on

Селото Салто де Кастро, кое се наоѓа на северозападот на Шпанија, се нуди на продажба по цена од 260.000 евра.

Селото се наоѓа на границата меѓу Шпанија и Португалија и е на три часа возење од Мадрид. Селото има многу згради кои вообичаено може да се најдат во мал шпански град, има 44 домови, хотел, црква, училиште, градски базен, па дури и бараки кои биле користени за сместување на цивилната стража.

Сепак, селото нема жители бидејќи било напуштено пред повеќе од три децении. Сегашниот сопственик го купил на почетокот на 2000-тите со намера да го претвори во туристичка локација, но неговиот план бил срушен поради кризата во еврозоната.

-Сопственикот сонуваше да поседува хотел, но се е запрено. Неговата желба е таков проект да се оствари во иднина, изјави Рони Родригез од компанијата Ројал Инвест, која го застапува сегашниот сопственик.

-Го продавам селото бидејќи живеам во град и не можам да го одржувам, вели сопственикот кој има околу осумдесет години.

Објавениот оглас з апродажбата привлекол голем број заинтересирани и само за неколку дена се регистрирани над 50.000 посети, а околу 300 луѓе директно ја покажале својата желба за купување. Барањата доаѓаат од Русија, Франција, Белгија и Велика Британија, а една од заинтересираните веќе дала аванс за купувањето.

Селото Салто де Кастро го изградила компанија, која произведува електрична енергија, а во неа требало да бидат сместени семејствата на работниците кои работеле во близина на акумулацијата во почетокот на педесеттите години на минатиот век. Но, по завршувањето на проектот, семејствата се иселиле, па селото било целосно напуштено кон крајот на осумдесеттите.

Претходно селото беше понудено на продажба по цена од 6,5 милиони евра, но никој не се огласил. Со текот на времето било вандализирано, па бараната сума сега е драстично помала. Денеска се продава за 260.000 евра.

На идниот сопственик ќе му требаат повеќе пари за уредување на селото и привлекување посетители, а се проценува дека е потребна инвестиција од околу 2 милиони евра за да биде 100 отсто функционално и исплатливо.

Европа

50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Швацарија објави оглас, еве кои се условите

Published

on

Швајцарското село Албинен во кантонот Вале нуди повеќе од 50.000 евра на семејствата кои се подготвени да се преселат на 1.300 метри надморска височина каде што ќе ги пречека недопрената природа.

Имено, ова живописно село сместено на планинска падина последните години се соочува со проблем на депопулација поради недостиг на работа, а бидејќи има само околу 200 жители, швајцарската влада одлучила да им плати на луѓето да се преселат.

Владата нуди 25.000 евра за возрасен, 50.000 евра за двочлено семејство и дополнителни 10.000 евра по дете. Сепак, постојат неколку услови што мора да ги исполните.

10 години на село

Имено, сите оние кои сакаат да дојдат и да живеат тука од својата работа мора да бидат помлади од 45 години. Покрај тоа, тие мора да останат да живеат во селото најмалку 10 години.

Добиената финансиска поддршка мора да ја вложите во купување на недвижен имот со минимална вредност од 200.000 евра и тој да стане ваш постојан дом, а не второ живеалиште. Доколку ги прекршите условите, ќе мора да ги вратите парите на државата.

Дополнително, за да аплицирате, мора да сте швајцарски државјанин или да имате дозвола за постојан престој (Дозвола В). За оние кои доаѓаат од земја членка на Европската унија, дозволата може да се добие за пет години.

Continue Reading

Европа

Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето подигаа и по 1000 евра и со нула салдо на нивните сметки

Published

on

Банката на Ирска се соочи со криза откако многу нејзини клиенти се собраа на банкоматите обидувајќи се да го искористат компјутерски дефект. Илјадници луѓе се наредија пред филијалите за да подигнат пари што ги немаат на сметките. Во некои случаи, грешка во онлајн апликацијата им дозволуваше на луѓето без пари на нивната сметка да префрлат до 1.000 евра.

Дејли Мејл објави дека банката ги известила клиентите во раните попладневни часови дека има проблем со нејзината онлајн апликација за лично банкарство и веб-страница, откако претходно била преплавена со поплаки од клиенти.

До вечерта, клиентите на банките открија дека можат да подигнат готовина од банкомати иако имаат малку пари на нивните сметки. На властите им беше наложено да ги исчистат редиците надвор од банкоматите додека луѓето стоеја обидувајќи се да ја искористат грешката.

Откако веста се рашири на социјалните мрежи, избезуменото повлекување готовина продолжи во Даблин, Лимерик и Наван. Полицијата се обидуваше да ги запре, а граѓаните беа предупредени дека не постои бесплатна готовина и дека сите пари ќе мора да се вратат.

Continue Reading

Европа

(Видео) Поплавите во Словенија се гледаат од вселената: сателитските снимки го покажуваат размерот на катастрофата

Published

on

Големи поплави ја погодија Словенија на крајот на минатата недела, додека во Хрватска бројни реки соборија рекорди кога станува збор за нивото на водата.

Поплавите се забележани и од вселената. Споредбата на сателитски снимки Сентинел-1 САР пред поплавите на 24 јули и на денот на највисокото ниво на водата на 5 август ги покажува размерите на катастрофата, пишува „Н1“.

Според првата проценка, поплавената површина на овој простор е околу 13 километри квадратни.

Делови од Словенија се’ уште се поплавени, а многу патишта се затворени, јави денес словенечката новинска агенција СТА.

За вечерва се најавени нови врнежи со грмежи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк