Connect with us

Македонија

Алијанса ќе влегува во Владата – се подготвува ли МЕНУВАЊЕ НА УСТАВОТ !?

Повеќе од 11 часа траеше маратонската седница на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица – епилогот ќе се знае наскоро, а она што сега се сервира во јавноста е само информацијата дека во тек се разговорите со Алијансата за Албанците за влез во Владата, но дека засега ништо конкретно не е договорено ниту прецизирано, пренесува Вечер Прес.

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, изјави дека средбата во партиското седиште во Мала Речица, била една од низата традиционални средби на партијата, а имало конструктивна дебата!

-На средбата беа слушнати забелешки врз извештајот на извршната власт, со цел да се подобри работата во овие институции. Се дискутираше за прашањето за ветинг, каде како ДУИ имаме одговорност за непречено функционирање на државата. Имаше и различни теми, се разговараше за образованието, за здравството, за имплементација на албанскиот јазик. Нема да се прекинат дебатите во ДУИ или различните размислувања. Јас сум еден од оние кои не би се согласиле ако се потисне различното мислење, но на крајот мора да се почитува мислењето на мнозинството. Демократијата има свои граници, тоа значи дека во демократијата не е дозволена анархија, рече Ахмети.

На новинарско прашање за можноста Алијансата за Албанците да ѝ се приклучи на владината коалиција, Ахмети истакна дека и тој и премиерот Димитар Ковачевски се во разговори, но, како што посочи, уште е рано да се зборува за некаков епилог.

-Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претставници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Сè уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние, како Албанци имаме потреба за поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на оставурање на мисијата, рече тој.

Министерот за надворешни работи и функционер на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, вчера на брифинг со новинарите истакна дека со Алијансата за Албанците се разговара за заедничката проценка дека постои политички моментум кој наметнува поголема координација помеѓу политичките партии, чија цел е брза трка за членство во Европската Унија.

– Дека се разговара го потврдија сите чинители во процесот, но што се разговара е прашањето. Се разговара за заедничката проценка дека постои политички моментум што наметнува поголема координација помеѓу политичките партии кои имаат за цел брза трка за членство во Европската Унија, односно постојат вонредни предизвици кои што бараат вонредни пристапи. Кажав кои се тие вонредни предизвици. Првата, уставните измени што треба да го обезбедат неспречениот тек на преговорите, скринингот којшто исто така бара инклузивност на политичките субјекти кои бараат и веруваат во ветувањето, односно во намерата во 2030 година Северна Македонија да стане членка на Европската унија. Енергетската и економската криза, сето тоа се вонредни пристапи, рече Османи.

Османи потенцира дека тоа не значи дека се воведуваат нови преседани, туку се бара решение за конкретните предизвици.

Претходно на новинарско прашања дали влезот на Алијанса за Албанците ќе значи формирање на фракција во ДУИ од редовите на т.н. Огнена група, Османи рече дека се тоа шпекулации.

-Не можам да коментирам шпекулации што се пренесуваат без некој да ги каже конкретно. Тоа се текстови кои ги читаме низ порталите, се повикуваат на некаква група, а нема имиња и презимиња. ДУИ е партија која преку внатрешна дебата ги надминува сите предизвици и секогаш излегува посилна, изјави Османи.

На прашањето дали ДУИ би отстапила министерско место рече дека сè уште не се во таа фаза на одлучување.

Со ова практично, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и министерот Османи го демантираа шефот на кабинетот на ДУИ, Артан Груби, кој пред почетокот на седницата на централното претседателство изјави дека нема конкретни разговори за влез во владата на Алијансата за Албанците, но дека секој е добредојден во централната власт, ако ѝ мисли добро на Македонија и повтори дека огнена група во партијата нема.

Од владиниот кабинет испраќаат сигнали дека е можно да ги отворат вратите за влез на Алијанса за Албанците. На прашањето во врска со евентуалното членство на АА во Влада, премиерот Ковачевски со одговор дека е подготвен за соработка со сите оние кои сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Во петокот, во Влада, се сретнаа премиерот Димитар Ковачевски и в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, но по средбата, рекоа дека проширувањето на Владата не било тема на дебата. Таравари не ја исклучува можноста да бидат дел од Владата, но вели дека ќе имаат свои црвени линии кои се вклучени во пакетот мерки, а кои ќе ги презентираат откако ќе добијат понуда за влез во Влада. Ковачевски демантира дека разговарале за влез на албанската опозициона партија во Владата.

„Имавме состанок со Таравари во Владата, а после тоа имаше некои шпекулации во јавноста околу тоа за што сме разговарале. На средбата разговаравме токму за тоа за што и кажавме, а тоа беше за европската иднина на државата која сите ја посакуваме и сите одлуки кои треба да се носат во парламентот со широк општествен и политички консензус. Но, пред сè разговаравме за сите оние закони и реформи кои се однесуцваат на владеење на правото, борбата со корупцијата и справувањето со енергетската криза. Во Собранието има над 130 закони, одлуки, регулативи кои се блокирани од неодговорното однесување пред сè на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ и разговаравме токму за тоа“, рече Ковачевски и додаде дека за соработка на повисоко ниво од такви разговори секако дека секогаш постои можност, но дека „тоа го оставам на идниот период што е пред нас бидејќи сепак се работи за нешто за што е потребен договор меѓу повеќе субјекти“, изјави Ковачевски.

Извор: Вечер Прес

Македонија

Над 3 милиони ноќевања годинава – континуиран раст на бројот на странски туристи во земјава

Туристичкиот сектор бележи позитивен тренд, покажуваат најновите податоци за годинава, според кои се остварени повеќе од 3 милиони ноќевања, со забележлив пораст на бројот на странски туристи во земјава.

Според официјалната статистика, зголемувањето на ноќевањата е резултат на поголемиот прилив на гости од странство, што укажува на зајакнат интерес за Македонија како туристичка дестинација. Позитивниот тренд се должи на подобрената туристичка понуда, зголемената авионска поврзаност и засилената промоција на земјата на меѓународните пазари.

Најголем дел од странските туристи доаѓаат од европските земји, а посебен раст е забележан во градскиот, културниот и езерскиот туризам. Надлежните институции оценуваат дека ваквите резултати се охрабрувачки и претставуваат добра основа за понатамошен развој на туризмот.

Се очекува позитивниот тренд да продолжи и во наредниот период, со дополнителни активности за подобрување на туристичката инфраструктура и зголемување на квалитетот на услугите, со цел земјата да се позиционира како атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот.

Continue Reading

Македонија

Екс-правобранителот  Фехми Стафа приведен за мито – барал 100.000 евра, фатен со 50.000

Поранешен државен правобранител е уапсен поради сомнежи за примање мито, откако бил фатен со дел од побараната сума во негово поседување, соопштија надлежните истражни органи.

Според објавените информации, правобранителот се сомничи дека побарал мито од 100.000 евра во замена за поволно уредување на службени активности. При акцијата на полицијата, тој бил фатен додека држел 50.000 евра, што претставува дел од побараните средства.

Надлежните органи потврдуваат дека случајот е во фаза на истрага, а против екс-правобранителот ќе биде подготвена соодветна кривична пријава. При приведувањето биле обезбедени и други материјални докази што ќе бидат дел од доказната постапка.

Од истрагата информираат дека овој случај еден од повеќето што ги третираат злоупотребите на службената положба и корупцијата во јавните институции, со цел да се испрати јасна порака дека недозволиви практики нема да бидат толерирани.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а во наредните денови обвинителството ќе се изјасни за понатамошните мерки и евентуални притворски предлози.

Continue Reading

Македонија

И следната недела со невообичаено високи температури за овој период

Невообичаено топлото време ќе продолжи и во текот на следната недела, најавуваат метеоролозите. Според прогнозите, температурите ќе останат значително над просекот за овој период од годината, со стабилни временски услови и без поголеми заладувања.

Во поголем дел од земјата се очекува претежно сончево време со умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од двоцифрени вредности, што е нетипично за средината на зимската сезона. Утринските часови ќе бидат посвежи, но без појава на екстремно ниски температури.

Метеоролозите посочуваат дека ваквите временски услови се резултат на стабилна воздушна маса и отсуство на студени фронтови од север. Засега нема најави за значителни врнежи од снег или дожд, ниту за нагло влошување на времето.

Иако ваквото време е поволно за секојдневните активности, експертите предупредуваат дека долготрајните повисоки температури во зимскиот период можат да имаат влијание врз природата и земјоделството, особено врз вегетацијата.

Подетални и редовно ажурирани информации за временската состојба граѓаните можат да следат преку официјалните метеоролошки служби.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг