Connect with us

Македонија

Навивачката група „Балисти“ славеше јубилеј со извици „Каурски пи*ки!“

Published

on

„Каурски пи*ки!“ – со ваквите етнички навреди со сексуални алузии, повеќепати извикувани, како и „Косово“, „Албанија“, вечерва навивачката група „Балисти“ од Тетово го „прослави“ својот јубилеј 30 – години од постоењето, изведувајќи марш од трговскиот центар „Палмамол“ низ улиците на градот до плоштадот во центарот.

Ова е видно и може да се чуе од видео-снимката, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“, кој ја објави следната вест: „Навивачката група Балисти денеска полни 30 години. На овој 30-годишен јубилеј прославија како никогаш досега. Тетово изгледа само црвено-црно. И во овие моменти Тетово е блокирано од црвено-црните бои и од балистите, кои извикуваат и пеат разни песни за празниците на Ноември“.

Вечерва беа испукани и огномети. Полицијата го обезбедуваше „славеничкиот марш“ на навивачката група „Балисти“ низ улиците на Тетово.


Во Македонија изразот каурин се користи за навредливо именување на немуслиманите како неверници. Изразот пи*ка е популарен назив за женски полов орган но и за означување на некој што е плашлив. Линк до видеото https://www.facebook.com/tetovasot.mk/videos/885350995791072/

Македонија

За една недела продадени ПП-апарати како за цела година.

Published

on

Поради зголемениот интерес, но и поради брзиот увоз, дистрибутерите ја зголемиле цената на ПП-опремата од 5 до 7 отсто! Законот пропишува дека на секои 50 квадрати треба да поседувате по една боца со тежина од 9 килограми, што значи дека дискотеките и ноќните клубови би требало да поседуваат најмалку 3 до 4 вакви апарати, но и повеќе

Рокот на траење на еден ПП-апарат е 20 години, а по неговиот истек тој е максимално небезбеден за употреба и е потребно веднаш да се замени со нов.

Continue Reading

Македонија

Ангелов: Ставен под контрола пожарот во Струмичко

Published

on

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот во Струмичко е ставен под контрола.

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола, нема опасност по населени места ниту по околните викендици, вели Стојанче.

Continue Reading

Македонија

Тројца припадници на АРМ се повредени во сообраќајна несреќа кај Штип

Published

on

brza pomos

На патот Штип-Кочани, денеска околу 13:00 часот се случила сообраќајна незгода во која се повредени тројца припадници на Армијата на Република Македонија. Во инцидентот учествувало армиско возило „Ленд Ровер Дефендер“, кое било удрено од цивилно возило во задниот дел, објави „Независен“.

Тројцата војници со полесни повреди биле пренесени во болницата во Кочани за понатамошни медицински прегледи. Според информациите од Армијата, возилото учествувало во редовни планирани активности, во овој случај смена на стража, кога се случил инцидентот.

На местото на несреќата се пристигнати припадници на МВР и Воената полиција, кои извршуваат увид и го испитуваат случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк