Connect with us

Приказни

Неверојатна приказна: Oд фудбал на улица, до први голови во Катар

Published

on

Мохамед Салису е 23 годишен фудбалер на Саутемптон, репрезентативец на Гана. За оваа селекција дебитирал оваа година и има само пет мечеви за националниот тим. Неговата фудбалска бајка почнува во 2017-та кога станува дел од младинските категории на Ваљадолид.

Мохамед Мунтари е 28 годишен фудбалер на Ал Ахли. Репрезентативец е на Катар.

Нив двајца ги поврзува една успешна приказна како од бајките. Освен тоа што имаат исти имиња, двајцата се родени во градот Кумаси, Гана. Пред десетина години заедно играле фудбал на маалските терени или практично кажано на улица. Десет години подоцна тие се дел од Светското првенство. Едниот, Мохамед Салису со Гана, додека Мохамед Мунтари со репрезентацијата на Катар.

Приказната да биде уште повозбудлива и поубава и двајцата постигнаа гол за своите селекции на Мундијалот во Катар. Салису стрелаше за 1:0 на мечот Гана-Јужна Кореа (3:2), а Мунтари беше стрелец на единствениот гол за Катар досега и тоа на мечот против Сенегал (1:3). Катар е веќе елиминиран бидејќи има два порази, додека Гана со победата над Јужна Кореја останува во игра за пласман во осминафиналето.

Приказни

Вереникот ја оставил затоа што била предебела: Две години подоцна станала „Мис на Велика Британија“(Фото)

Published

on

Британката Џен Аткин негирала дека имала какви било проблеми со исхраната додека нејзиниот вереник не ја оставил поради нејзината тежина. Тогаш, како што вели, се соочила со болната вистина.

Па, како ја изгубила тежината?

„Отсекогаш бев дебела како дете. Во средно училиште килограмите се натрупуваа затоа што сакав храна и мразев вежбање. Мајка ми готвеое здрави оброци, но јас се прикрадував и јадев грицки и слатки. Стомакот ми беше како дупка. јадам и јадам и се чувствувам како никогаш да не сум била сита“, признала Џен.

Џен на 14-годишна возраст имала 83 килограми и морала да носи облека за возрасни.

„Ја држев главата надолу на училиште и малтретирањето беше страшно и често се враќав дома во солзи. Иронично, храната ми беше утеха и тоа беше единственото нешто на кое се радував“.

На 18 години си нашла партнер, но здравствената состојба и се влошила.

„Ги сакавме ноќите во барови и ресторани и уживавме во готовата храна што ја јадевме пред телевизорот. Негирав дека сум дебела, дури и кога слушав како луѓето мрморат дека сум „дебела крава“, секогаш се обидував да ја потиснам тоа. Одбивав да стапнам на вагата. Мојот став беше дека ако не знам колку тежам, нема проблем“.

Меѓутоа, реалноста ја натерала да се соочи со болната вистина.

„Мислев дека мојот дечко ме сака таква каква што бев. Се надевав дека ќе се венчаме во декември 2015 година, но во март истата година ми рече дека е готово. Бев уништена. Останав сама и почнав да се чувствувам лошо и уште повеќе да јадам. Неколку недели подоцна се облекував за кај една пријателка кога не можев да влезам во мојот омилен фустан. Мислев дека можеби се смалил при перењето, но кога зачекорив на вагата за прв пат по години, видов дека имам 114 килограми. Не можев да поверувам, па дури и го соблеков накитот за да бидам полесна“, ја опишала Џен прилично тешката ситуација.

Голема улога во целиот процес на слабеење имала нејината пријателка Софија.

„Ме запиша во теретана каде што работеше и кога видов други луѓе, кои исто така имаат вишок килограми, како креваат тегови или трчаат, полека почнав да ги следам. Ја подобрив и исхраната. Пред тоа секогаш коаг пазарев количката ми беше полна со бисквити и чипс, но сега почнав да ја гледам калориската содржина и готвев здрава храна“.

„Беше толку добро што продолжив. Мојот шеф не можеше да поверува колку сум се променила, не само физички. Порано бев намќор, но сега бев среќна и мотивирана на работа. Купив велосипед и почнав со него да одам во работа“.

Во 2018 година, Џен влегла во натпреварот за Мис Јоркшир – и победила. На натпреварот за Мис Британија го зазела осмото место, а следната година го освои второто место. Во 2020 година беше прогласена за Мис на Велика Британија.


Аткин верува дека нејзиниот поранешен би се гордеел со неа, но таа нема намера да контактира со него. Таа ја пронашла љубовта на својот живот и се омажила за Крис пет месеци пред да ја освои титулата.

Continue Reading

Приказни

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Колешино е роден Видое Подгорец, авторот на Белото Циганче, роман со кој пораснаа многу генерации во Македонија

Published

on

Еден од најплодните македонски автори, Видое Подгорец, роден е на 8 јуни 1934 година во струмичко Колешино. Toj e омилен лектирен писател за децата, како и со делата за младите и лирика и романи за возрасни.

Многу генерации израснале со јунаците од неговиот роман Белото Циганче, а потоа и трилогија, топла приказна која беше и екранизирана преку тв серија.

Подгорец освен што е еден од најплодните македонски писатели, зад себе остави дека како патописец, поет, раскажувач и романописец за деца и возрасни. Припадник е на втората генерација македонски писатели, а објавил стотина наслови стихозбирки, раскази и романи.

Во родното Колешино завршил основно училиште, а во 1950 година завршил учителска школа во Штип и со неполни шеснаесет години почнал да работи како учител. Поради материјална состојба, не бил во можност редовно да ги следи предавањата на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде студирал вонредно.

Во 1956 година, дипломирал на Вишата педагошка школа, а во јуни 1959 година дипломирал и на Филозофскиот факултет, на групата за југословенска литература. Три години потоа работел како училишен инспектор за Штипската околија, а во 1962 година се вработил во Скопје, во НИП Нова Македонија, во редакцијата Детска радост, како уредник во детските списанија Другарче и Наш свет.

Подгорец станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1958 година. Започнал да пишува уште додека учел во учителската школа во Штип, а малку подоцна, непосредната работа со децата (како учител) имала пресудно влијание за неговата определба за детската литература.

Писателот Подгорец спаѓа во редот на најпопуларните и најплодните македонски автори: Само во првите десетина години од својот творечки живот објавил триесетина наслови. Неговите дела се преведувани на повеќе светски јазици: српски, хрватски, словенечки, турски, албански, руски, украински, полски, чешки, словачки, бугарски итн.

Тој пишувал поезија и проза за возрасни и за деца, книжевна критика и есеистика, а покрај тоа, има објавено серија патописи од неговите патувања во други земји. Подгорец е автор на неколку телевизиски сценарија за детски игри, како и на две радио-драми за деца: Незавршена приказна (заедно со Михо Атанасовски) и Чудесно патување. Уредник е и на две антологии: Гулаб на мирот (избор на раскази за деца) и Вртешка (избор на песни за деца). Во 1969 година, издавачката куќа Наша книга од Скопје објави избор од делата на Подгорец во десет книги.

Карактеристично за неговото творештво, освен лириката, се и романи и други прозни дела инспирирани од поблиското и подалечно историско минато на македонскиот народ. Од попознатите дела со ваква тематика се: Ајдучка чешма (роман за деца, 1964), Рајна Војвода (роман за деца и млади, 1971), Пиринскиот цар (раскази за деца, 1980), Карпошовата буна (роман, 1983), Крали Марко (повест), Ајдучка чешма и други.

Долг е списокот на наслови и книги што во својот релативно краток живот зад себе ги оставил писателот Подгорец. Сепак, се чини, дека најпопуларен кај децата е со трилогијата Белото Циганче, која е преведена на повеќе странски јазици.

Својот работен век го завршил како директор и главен уредник во НИК Наша книга, а починал на 14 април 1997 година во Скопје.

Во негова чест во родното Колешино и Струмица се одржува манифестацијата „Средби под јаворите – Видое Подгорец“.

(Подготви: Д. Г.) Денешен.мк

Continue Reading

Приказни

Ердоган неколку месеци живеел во Македонија и тоа погледнете каде

Published

on

Интересен детаљ за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е тоа што одреден период живеел во Тетово, Македонија, јави еуроњуз Албанија.

Поранешниот конзул на Албанија во Истанбул, Ермал Калеци изјавил дека Ердоган живеел во Тетово неколку месеци во 1999 година.

– Тој по излегувањето од затвор се засолни кај албанско семејство во Тетово. Ова е откако во 1998 година тој беше осуден за поттикнување верска омраза затоа што рецитирал песна во која ги споредува џамиите со касарните и верниците со војската, тврди Калеци.

За овој настан Ердоган бил осуден на 10 месеци затвор, од кои одлежал само четири месеци.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк