Connect with us

Македонија

Вработените во скопскиот Центар за социјална работа останаа БЕЗ ПЛАТА затоа што директорот отишол НА АЏИЛАК

Published

on

Преку 230 вработени во Центарот за социјална работа на град Скопје нема да добијат плата за декември. Вршителот на должноста директорот заминал на аџилак во Мека, Саудиска Арабија.
Налогот за исплата на плати на вработените не го потпишал, а негова замена нема.

Извори од Центарот утрово реагираа дека во најдолгиот месец во годината, дел од семејствата кои имаат само едно вработено лице нема да ја однесат платата дома, а престојните празници ќе ги поминат дури и со празни трпези.

Вработените велат дека и бројот на семејства кои се наоѓаат во социјален ризик пораснал, дека расте и бројот на незадоволни граѓани од услугите кои ги добиваат од оваа институција.
Исто така, вработените не добивале стимулации во работната средина, така што разочараноста и апатијата била присутна кај сите нив.

Инаку, Центарот за социјална работа на град Скопје е со најголем број на вработени во цела држава и има шест подрачни единици. Најголем дел од семејствата се со деца. Кризата ги погоди сите, платите се замрзнати, а цените во потрошувачката кошничка вртоглаво растат.

Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Водици во Охрид: „Да ги отвориме срцата за вербата и духовната чистота“

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици во Охрид. На овој возвишен ден, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, ги освети водите на Охридското Езеро и го положи светиот крст во нив.

Во присуство на стотици верници, кои со вера и надеж се собраа да го одбележат симболот на крштевањето на Исус Христос, најсреќен беше Мартин Гоџо, кој го фати осветениот крст. Претседателката го награди со рачно изработена резба, посакувајќи му добро здравје, среќа и духовна исполнетост.

„Да ги отвориме нашите срца за вербата, да ги насочиме мислите кон чистотата и мирот и да чекориме по патеката на духовното просветление,“ порача Сиљановска-Давкова во своето обраќање.

Continue Reading

Македонија

Борче Стефановски го фати осветениот крст на Водици во Тетово

Published

on

На годинешното празнување на Богојавление Водици, во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово, 32-годишниот Борче Стефановски го фати осветениот крст. Во свечената церемонија присуствуваа голем број верници, кои со молитва и радост го одбележаа овој голем христијански празник. Борче изјави дека му претставува огромна чест и благослов што токму тој го фатил крстот оваа година.

Continue Reading

Македонија

Учениците утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2024-2025

Published

on

По тринеделен зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат на настава во второто полугодие од учебната 2024/2025 година.

Таа ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за средношколците во завршна година (матурантите) кои, според календарот за организација на учебната година во јавните средни училишта, ќе учат до 16 мај 2025.

Учебната година нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани.

За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се изјасниле дека не сакаат пролетен распуст.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк