Connect with us

Балкан

Во Софија се најавуваат протести во одбрана на правата на нарко-дилерот Пендиков

Published

on

Бугарското партија ВМРО-БНД за денеска на пладне најави протест пред зградата на Европската комисија во Софија во одбрана на правата на луѓето со бугарски идентитет во Македонија. Потпретседателот на партијата и европратеник Ангел Џамбаски инсистира на итен прекин на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Вчера охриѓанецот Христијан Пендиков, кој се идентификува како Бугарин и е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, беше претепан во угостителски објект во Охрид, по што со владин авион на Бугарија беше пренесен во Софија на понатамошно лекување. Бугарија веднаш упати и протестна нота до Македонија, а инцидентот го осудија и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и шефот на дипломатијата Бујар Османи. Ниту еден од македонските политичари не ги почекаа официјалните информации на МВР дека се работи за нарко-дилер, кој на 17 декември бил фатен како препродава кокаин и против кого е поднесена и кривична пријава.

За тепачката Основното јавно обвинителство на Охрид вчера до судија на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за 24-годишен охриѓанец, осомничен за кривично дело тешка телесна повреда нанесена врз Христијан Пендиков.

„Осомничениот, на 19 јануари, во кафе бар во Охрид, пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите ’не ти е срам да се пишиш Бугарин‘ и се оддалечил. Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе барот и се движел кон неговото возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале, удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот“, соопшти ОЈО Охрид.

Според бугарските медиуми, нападот бил политички и етнички мотивиран, а на нападнатиот му се обраќале со зборовите „мрсен Бугарин“.  Слави Трифунов од партијата Има таков народ изјави дека „пратениците кои гласаа да падне ветото се соучесници во тепањето на Христијан“.

„Уште во октомври, кога беше донесен антибугарскиот закон за здруженија, напишав дека бугарскиот парламент треба веднаш да гласа за враќање на ветото против Северна Македонија и да го крене кога Бугарите ќе бидат заштитени во нивниот Устав. Ветото беше инструмент за заштита на правата на Бугарите таму“, изјави Трифунов.

И европратеникот Ангел Џамбаски на Фејсбук најави дека ќе ги алармира институциите на ЕУ. „Брутален обид за убиство на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид! Ако случајно си свесен Бугарин, со чиста совест, треба да се плашиш за својот живот за случајно да не наидеш на гнасните кукавици што го извршија овој последователен чин на омраза“, напиша Џамбаски.

Сведоци на настанот велат дека тепачката нема никаква политичка заднина, дека се работи за стари недоразбирања меѓу учесниците во инцидентот. Сведоците тврдат дека откако тројцата охриѓани влегле во кафеаната во која веќе бил Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб веднаш почнал да ги вреѓа, по што почнала вербална расправија, која потоа продолжила со физичка пресметка пред кафеаната.

Балкан

(Видеo) Драма во Албанија: Гори 12-катница, 40 лица се заробени во становитe

Published

on

Пожар денеска избувна во Лушња, Албанија, а се сомневаат дека околу 40 лица се заробени во становите во 12-катница, јавува Балканвеб.

Градските пожарникари со поддршка на противпожарната служба во Тирана работат на гаснење на пламенот и евакуација на станарите од зградата.

Се сомнева дека пожарот најпрвин избувнал на третиот кат, кој служи како трговски центар, во објект во кој се продаваат чевли, а потоа се проширил на целиот центар.

Десетици луѓе се пренесени во болница за вдишување чад, а нема информации за жртви.

Continue Reading

Балкан

Драми на српска свадба- Невестата побегнала со „парите во плик“ со бившиот дечко

Published

on

Бошко Бубања, организаторот на веселби и свадби, раскажува за некои од најчудните настани што се случувале на свадбите. Од  бегство од сопствената свадба, до бизарната приказна за младата жена која побегнала со пликовите од свадбата.

„Уникатните подароци стануваат се поретки, а пликовите се почести, па се случува некои пликови да бидат празни и непотпишани. Кога станува збор за помали свадби со 200 гости, не е тешко да се одреди кој дошол со празен плик бидејќи има список на гости. Понекогаш младенците се сомневаат дека некој го подметнал од ресторанот, поточно, дека земал полн и ставил празен плик. Затоа користат безбедносни кеси што се ставаат во сефот на ресторанот. Откако ќе се затвори, не може да се отвори без кинење. Тоа е најдобрата форма на превенција“, рече Бубања и додаде дека празното плико обично не значи дека некој нема пари, туку дека „тој е арогантен и не сака да им донесе подарок на младенците. “.

На прашањето – колку пари треба да има во пликот кога се оди на свадба, Бубања вели дека наишол на бурни реакции кога кажал 100 евра пред една година.

Денес некои носат и повеќе. Сè поскапе, ручекот за двајца во ресторан е околу 3.000 динари. Луѓето остануваат на свадба осум часа, јадат и пијат. Сето тоа чини пари“, вели Бошко Бубања.

На крајот ги спомна необичните настани кои се случуваат на свадбите што ги организира.

„Претежно имаше убави настани и подароци. Некои подаруваа станови од 100.000 евра за свадбата. Од

лоши ситуации, на пример, пред година и пол, пред крајот на свадбата, невестата отиде во својата соба и ги собра сите коверти и исчезна со поранешното момче. Понекогаш гостите често носат инвентар од ресторанот со себе. Се крадат тањири, прибор за јадење, прибор за зачини. Има разни ситуации“, заклучува Бубања.

Continue Reading

Балкан

ФОТО: Албанско семејство уапсено во Солун СО ПОЛА ТОН КОКАИН

Published

on

Oбвинителството за наркотици при Солунската дивизија и ДЕА, разбија „семеен бизнис“ на 50-годишен Албанец, кој заедно со сопругата и двајца внуци се осомничени за шверц на дрога откако кај нив се пронајдени 580 килограми кокаин.

Партнер на семејството бил и маж кој е роден во Албанија, кој поседувал грчка лична карта, а полициски извори наведуваат дека никој од уапсените претходно не бил во фокусот на органите на прогонот. Огромното количество дрога е пронајдено во две возила и во куќа во која живееле тројца од членовите на криминалниот круг.

Против нив поединечно е поднесена списа за злосторничко организирање и за нелегална трговија со дрога, оштетување на странски имот и пружање отпор. Забележано е дека 50-годишниот Албанец е водач на групата, со главна улога во увозот на големи количества кокаин од земјите од Латинска Америка и нивно натамошно движење на грчка територија, но и во европските земји.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк