Connect with us

Истражување

„Македонциве се народ и местово њивно је Македонија“ – Ѓорѓија Пулевски 1875

Published

on

Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски е македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач. Пулевски е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик.

Роден во селото Галичник, Ѓорѓија од печалбар-ѕидар во Романија до почетокот на 60-те години својот животен пат го продолжува низ разните ослободителни војни и востанија во текот на целата втора половина на XIX век. Тој ја започнува борбата за слобода на својот народ, истовремено учествувајќи во ослободителната борба и на другите балкански народи.

Во продолжение дел од ставовите на Пулевски:“Македонците се староседелци на Полуостровот. Тие го пречекале доселувањето и на Бугарите и на Грците и на Србите.”

– Ѓорѓија Пулевски во 1892 година „Славјаномакедонска општа историја”:

“Со Бога напред, напролет ќе удриме на Турција сите ние синови славомакедонски. Или сите ќе изгинеме, или повторно ќе го издигнеме царството на Александар Македонски!”

– Ѓорѓија Пулевски, во 1875 година:

Народ се вељид људи који е од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живунајед и се другарад еден со други, и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајд народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија. – Ѓорѓија Пулевски, Тријазичник.

Тријазичникот на Пулевски е достапен на следниов линк, посочениот пасус е на 49 страна:

https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/b/b0/%D0%A2%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8%D0%BA%2C_%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8%D1%96%D0%B0_%D0%9F%D1%83%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8.pdf

Истражување

Мапирани 100 ЈАВНИ ОБЈЕКТИ во Скопје кои горат МАЗУТ и НАФТА

Published

on

-За што се зборува воопшто кога јавни институции го загадуваат воздухот во Скопје со греење на мазут или нафта за домаќинствата, велат од „Шанса за Центар“, од каде нагласуваат дека изброиле 100 институции кои го загадуваат воздухот, но дека сигурно ги има уште. „Празните муабети, што ги расфрлаат големите партии нема да го решат проблемот со загадувањето на воздухот од кој секоја година прерано губиме луѓе“, велат од организацијата и нагласуваат дека само за една сезона станува збор за количина на изгорена нафта колку што има вода во олимписки базен !

Ние сме уверени дека нема магично, ниту брзо решение на проблемо со загадениот воздух кој го дишеме. Загадувањето доаѓа од многу страни и потребни се многу пристапи. Затоа, се насочивме да дополниме уште еден дел во мозаикот. За да им помогнеме на институциите да ги согледаат сите страни на проблемот изработивме мапа која го покажува уделот на јавните институции во редот на загадувачите.

Ги мапиравме јавните објекти и установи кои се греат на мазут и екстра лесно масло за домаќинство. Мазутот е исклучително ‘валкан’ енергенс, но не е за потценување ниту екстра лесното гориво кое содржи многу повеќе сулфур отколку на пример највалканото автомобилско гориво – дизелот!

Количината на мазут и нафта за домаќинство која тие ја согоруваат е голема.

На пример, ЈСП во своите автобази, Железници транспорт и Клиниката за физикална медицина и рехабилитација ќе согорат стотици илјади килограми мазут сезонава.

Со нафтата за домаќинство пак која се гори во една сезона може да се наполни повеќе од олимписки базен. А тоа потоа го дишеме. Според договорите за јавни набавки за една сезона во скопската котлина може да се изгорат над 2,7 милиони литри нафта за домаќинство!

На нафта за домаќинство се огромен број на училишта, градинки и болници во целиот град. Дури и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле користи нафта за домаќинство.

Во скопската котлина една јавна установа – затворот Идризово, ќе изгори и 550 тони јаглен за загревање. Сето тоа заедно исто така придонесува за загадувањето на воздухот!

За да се промени начинот на греење кај домаќинствата е потребно повеќе време, напор, работа со граѓаните и пред сѐ прифатливи алтернативи за нив. Но за да се промени начинот на греење кај институциите е полесно. Потребна е главно политичка волја и одлучност да се пристапи кон решавање на проблемот и таму да се насочат сериозни пари од буџетот.

Ова е причина повеќе, покрај другите мерки, и да се продолжи со проширувањето на мрежата за парно греење на која треба да се приклучат сите јавни институции кои имаат пристап до неа. Општините пак да работат на забрзана замена на начинот на греење на оние јавни објекти кои се во нивна надлежности, а на кои градското парно им е недостапно“, соопштија од „Шанса за Центар“.

Continue Reading

Истражување

Пронајдена МУМИЈА прекриена СО ЗЛАТО – Затворена во саркофаг кој не е отворен 4.300 години

Published

on

Египетски археолози соопштија дека е пронајдена мумија со златни лисја на себе, затворена во саркофаг којшто не е отворен 4.300 години. Се работи за посмртни останки на човек по име Хекашепес, и се сметаат за еден од најстарите скоро целосни невладетелски тела откриени во Египет.

Мумијата е откриена во окно длабоко 15 метри, на антички гробишта јужно од Каиро – во Сакара, каде што се пронајдени уште три гробници. А, едниот гроб му припаѓал на „чуварот на тајните“… Тој е именуван Мери – висок функционер во државата кој ја добил таа титула која му дозволувала да врши посебни верски обреди.

Се верува дека најголемата од мумиите откриени на овие древни гробишта е извесен Хнумџедеф – свештеник, инспектор и надгледник на благородниците. А пак, во четвртиот гроб бил погребан судија и писател по име Фетек. Тука е откриена збирка од она што се верува дека се најголемите статуи кои некогаш се пронајдени во целата оваа област.

Ископани се и повеќе предмети, вклучително и ќерамика. Археологот Захи Хавас, поранешен министер за антиквитети на Египет, смета дека сите наоди датираат од околу 25. до 22. век п.н.е.

– Ова откритие е прилично важно, бидејќи ги поврзува владетелите со луѓето што живеат околу нив, изјави Али Абу Дешиш, друг археолог вклучен во ископувањата.

Сакара е некропола што содржи гробови кои се датираат во временски распон од над 3.000 години. Сместена во древниот египетски главен град Мемфис, таа е дом на повеќе од 12 пирамиди – вклучувајќи ја и Степенестата пирамида, во близина на местото каде што се пронајдени и новооткриените мумии. Подрачјето е прогласено е за светско наследство на УНЕСКО.

Египет со овие големи археолошки откритија последниве години, цели, меѓу другото – да го заживее и својот туризам.

Continue Reading

Истражување

НАЦИОНАЛЕН СРАМ „Маврово“

Published

on

  • Точно 10 години изминаа откако Студијата за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово, изработена од еминентни домашни и меѓународни научници, е заверена во архивите на ЈУ Национален парк „Маврово“ како официјален документ.
  • Студија на 416 страни, помогната од Италија со пет милиони евра, која требаше да е основа Маврово повторно да биде прогласено за заштитено подрачје.
  • Во меѓувреме Маврово, од национален парк, се претвори во национален срам за Македонија, во предел во кој царува спрегата меѓу крупниот бизнис, урбаната мафија и корумпираните политичари.
  • Наместо да биде заштитено подрачје со чии природни и културни вредности би се гордеела Македонија, стана подрачје на диви депонии, загадени водотеци, затруено езеро, уништени шуми, бетонизација, сообраќаен хаос …

Наместо изгласување на Законот, во меѓувреме, поради разни политички и бизнис интереси, законот никогаш не влезе во собраниска процедура, а студијата остана само „мртво слово на хартија“. Во меѓувреме Маврово, од национален парк, се претвори во национален срам за Македонија, во предел во кој царува спрегата меѓу крупниот бизнис, урбаната мафија и корумпираните политичари. Наместо да биде заштитено подрачје со чии природни и културни вредности би се гордеела Македонија, стана подрачје на диви депонии, загадени водотеци, затруено езеро, уништени шуми, бетонизација, сообраќаен хаос … 

И сето тоа во атарот и пред очите на оние кои се непосредно надлежни да се грижат за овој предел, а тоа се пред се Општината Маврово и Ростуше и ЈУ Национален парк „Маврово“, кои со години ништо не преземаат за подобрување на состојбите. Напротив, многу чинители укажуваат на тоа дека тие се директни соучесници во овие процеси.

Последиците од ваквиот однос кон најстариот национален парк во Македонија се катастрофални. За жал, форматот на оваа фото-приказна на ДОМА е ограничен на 15 фотографии, што ниту приближно не е доволно за да се долови трагедијата што се случува во овој дел од Македонија – пишува off.net.mk.

Целиот ТЕКСТ со ФОТОГРАФИИ прочитајте го ТУКА:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк