Несекојдневна снежна тврдина на Осоговски планини (Фото)

Снежните врнежи и засилениот ветер који изминативе денови ги зафатија повисоките места во Македонија, донесоа снежна покривна пред се на планините.

Со самото тоа и неверојатни фотографии, овој пат направени на 2085 метри надморска висина, на Осоговските планини.

Погледнете ги во продолжение овие неверојатни фотографии.

Ковачевски му читаше дијагноза за параноја, Апасиев го праша дали не прислушкува со шпиунски софтвер

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање од пратеникот Димитар Апасиев му цитираше дефиниција за тоа што е паранонија.

Апасиев пак му возврати со цитат од антички филозоф и му се заблагодари за дијагнозата која му ја дал. Ова дојде откако Апасиев упати прашање до премиерот: „Дали Македонија односно безбедносните служби го користат шпионскиот софтвер ‘Пегасус’ кој од неодамна има извештај во ЕУ дека го користеле 14 земји членки и кој што се користи за компромитирање на политички неистомисленици – се влегува во нивните мобилни телефони, лаптопи, се вадат материјали, потоа се следат новинари, судии, обвинители, се компормитираат за да преземат или непреземат одредени дејствија?“.

На ова, одговор даде премиерот Ковачевски кој рече: „Лично нешто што сакам да ви кажам, во ваш стил, а тоа е дека: Паранојa е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Параноичното размислување вообичаено подразбира страв од прогон или убеденост дека има некаква завера против самиот себеси“, кажа Ковачевски по што додаде: „Изнесувањето лажни обвинувања и општата недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата. На пример, параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна кога според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност. Ви благодарам“.

Возврати пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

„Премиере Ви благодарам на дијагнозата. Епиктет (антички филозоф) во еден свој прирачник вели: „Кога за вас кажуваат лоши работи, немојте да се обидувате да се браните туку речете им на вашите непријатели дека само толку ли знаете, па уште кога ќе дознаете уште повеќе кај ќе ви биде крајот“. Јас ги разбирам вашите напишани панаѓирици во одбрана на безбедносните служби кои ги злоупотребувате за пресметка со вашите политички непријатели – но не се надевав дека на прашање кое не го знаете вие ќе излезете со напишан говор во кој ќе ми дадете дијагноза. Веројатно вие сте го виделе спикерскиот лист на говорница, па сте рекле: „Аа па ќе си спремам една дијагноза“. Јас предавам историја на право, па знаете Атињаните кога отишле кај Спартанците и такви благоглаголиви со напишани говори како Вас, Спартанците биле практични луѓе и рекле: „Абе ние крајот не го разбравме оти почетокот го заборавивме“. Па така и вие. Јас за едно Ве прашувам, вие за десетто ми одговарате. Прашањето беше за „Пегасус“, дали користите шпиунски софтвер, Вие ми мешате молотови коктели, дијагнози, баби и жаби“.

Апасиев допраша: „Како тогаш нѐ прислушувате, со кои софтвери, преку кои структури, преку комбиња ли, како?“.

„АНБ не користи ‘Пегасус спај веар’ софтвер. За целата работа на АНБ како пратеник, можете да се информирате преку комисијата за надзор на безбедносните служби која ја води пратеник од опозицијата и ги има на располагање сите директори на безбедносните служби. И да повторам уште еднаш: „Паранојa е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност. Параноичното размислување вообичаено подразбира страв од прогон или убеденост дека има некаква завера против самиот себеси. Изнесувањето лажни обвинувања и општата недоверба кон луѓето исто така честопати се дел од паранојата. На пример, параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна кога според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност“, повторно одговори Ковачевски.

УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНКА Е БРЕМЕНА – поранешна учесничка во „Задруга“

Поранешната задругарка Тара Симов на својот Инстаграм профил објави дека чека дете со своето момче.

Имено, таа позираше со својот избраник и го покажа трудничкиот стомак, додека во раката држеше фотографија од ултразвукот на бебето, а сето тоа се случуваше во Скопје.

– Да, да и да! Стануваме родители! Искрено, не знам од каде да почнам или што да кажам. Секој што ме следи знае дека пред неколку години се помирив со фактот дека можеби никогаш нема да бидам мајка, поради нецелосно развиената работа на јајниците и матката. Сепак, на слава на моето семејство, ја добивме најдобрата вест во светот! 4 месеци се боревме да го одржиме бебето здраво, бидејќи поминувавме низ ризична бременост и многу компликации, сепак официјално се е во ред! И јавно ќе му ветам на нашето бебе дека ќе биде најсреќното дете на светот!“, започна Тара и додаде:

– Секоја болка што можеби сме ја поминале, секоја солза и секоја болка, ќе ја заобиколиш! Љубов моја, ти благодарам за целиот труд и нерви во последниот период и најсреќна сум што си ти! И за само неколку месеци цел свет е наш, ти, бебето и јас! – напиша Симов.

Внукот на Тоше покажа необјавена фотографија од нивното семејство

Вчера, на 25 јануари, се одбележаа 42 години од раѓањето на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

По тој повод во Крушево и Скопје се одржаа низа настани кои го слават неговото дело, живот и хуманост.

Како и претходните 15 години на овој ден, социјалните мрежи беа преплавени со негово фотографии и песни кои се споделуваа во негова чест и спомен.

Неговата сестра Дора, како и секоја година, така и оваа му направи роденденска торта на која испиша порака: Секој твој роденден Тоше наша е воздишка.

Нејзиниот син Кристијан пак, на радост на сите фанови на Тоше, сподели една досега невидена фотографија од нивното семејство направена во родното Крушево.

На фотографијата се Тоше, сестра му Дора и Кристијан на свои рани години, на пикник во преубавата природа во Крушево.

Веруваме дека ова се најдраги спомени кои семејството Проески ги има и ги чува од заборав.

Лимани „го запука“ Ахмети: Ова се САРАИТЕ на АЛИ Паша, дали навистина мислевте дека вечно ќе молчиме ? (ВИДЕО)

Потпретседателот на Движењето БЕСА, Фатмир Лимани, излезе со нови обвинувања против првиот човек на ДУИ, Али Ахмети за неговите богатства и имоти.

САРАИТЕ НА АЛИ ПАША ВО МОЛК!

• Дали навистина мислевте дека вечно ќе молчиме, за да го чувствувате луксузот со вкус и во целосен мир?!

• Мислевте дека молкот е поради стравот дека можеме да бидеме елиминирани и да ги казниме нашите семејства?!

• Набивањето со разумност е нашето воспитување од нашите предци, кои нè научија на културата на разумност, но и ни ги покажаа границите на трпението кои не треба да се надминуваат и толерираат.

• Додека ние имаме затвори како племе и никогаш не се плашиме од никого затоа што сме биле тестирани во минатото со освојувачи од вашиот вид.

ПРАШАЊА НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ОДГОВОРИ:

-Штабот во Тетово (кај палатата на културата) со чии пари и на чие име е купен?!

-Штабот во Скопје (во Чаир) со чии пари и на чие име е купен?!

-Вилата во заливот Лалез со чии пари и на чие име е купена?!

-Хидроцентралите на реката Бачишти во име и сопственост на кое лице се?!

-Кога и за колку се купени парцелите?!

-Со кои пари се купени парцелите околу Сарајот на Али?!

-Надоместокот на швајцарскиот суд, за злоупотребената пензија од Али бег, од кои фондови се враќаат средства?!

-4.000.000 евра од Фондот „Национална слобода“ што останаа по војната, каде отидоа, кој ги зема?!

*ПС: Осмели се и сподели да те видат сите, жртвувај се за твоето дете утре да биде блиску до тебе, на денот кога даваш душа,  да ти даде чаша вода …

Продолжуваме…“, напиша Лимани.

Милков: Пендаровски зборува за 12 убиени Македонци, а не знае за илјадници убиени Бугари

Бугарија ќе ги преземе сите мерки за случајот „Пендиков“ и тие се веќе во тек, изјави за бугарската БНТ бугартскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков. Тој вели дека дека кога се случил нападот на секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид Христијан Пендиков, во Македонија настанала првична паника.

– Тие на различни нивоа признаа дека се работи за криминал од омраза. После тоа почнаа да се поткраднуваат сценарија дека Пендиков е наркоман и дилер, а најхрабрите тврдеа дека бугарските клубови се места на организиран криминал и дека се финансирани од трговија со дрога. Ова е наратив што не можеме да го споделиме и ќе ги преземеме сите мерки – рече Милков.

Милков веќе ги информирал министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на Советот за надворешни работи во Брисел.

– Доставен е писмен меморандум за овие прашања до сите земји членки. Во нашата земја треба да се одржи средба со сите амбасадори на земјите членки. Ќе се користат и други механизми, меѓу кои и механизмот на ОБСЕ, кој сѐ уште има набљудувачка мисија во Скопје. Ги имаме алатките на Советот на Европа – прецизира Милков.

Во врска со одбележувањето на роденденот на Гоцел Делчев на 4 февруари во Скопје Милков вели дека двете земји, но главно институциите во Македонија мора да останат смирени и да се воздржат од какви било провокации за да се обезбеди потребниот ред, така што секој што сака да може да оди и да се поклони.

– Што се однесува до контранападот против Ангел Џамбазки и други наши политичари, мислам дека ова е дел од некој нов македонски наратив за да се направи да се минимизира нападот против Бугарите, систематските напади врз бугарските клубови и заедници таму, кои ескалираат. Почна со донесување на репресивен закон таму, продолжи со подметнување пожар за што е добиена условна казна, по што следеше пукање, а сега и физички напад врз лице кое е припадник на бугарската заедница. Таму се обидуваат да наметнат споделена вина, дека од двете страни на границата има луди глави. Не може да има такви аналогии – рече Милков.

Тој потсети дека во фокусот на францускиот предлог е почитувањето на правата на Бугарите во Македонија.

Милков ги прокоментира и зборовите на македонскиот претседател Стево Пендаровски:

– Како доктор по историја можам да кажам дека ако има жртви на едната страна, спомнува 12 лица, би споменал илјадници луѓе кои биле убиени, 300.000 протерани меѓу двете војни. Сигурно слушнал за Голи Оток, каде по Втората светска војна стотици Бугари биле интернирани и загинале само затоа што имале бугарска самосвест. Немаат поим за нивната историја, бидејќи тие сѐ уште не ги отвориле архивите на нивните тајни служби, можеме да им помогнеме во тоа ако сакаат – рече Милков.

Во понеделникот по седницата на Советот за безбедност прашан да ги коментира изјавите на Милков дека во Македонија се враќа традицијата на палење, стрелање и насилство врз луѓе претседателот Пендаровски рече дека изјавата е грозна и единствено може да биде точна ако мисли на периодот од 1941 до 1945 година.

– Кога техничкиот министер за надворешни работи ќе има време може да прошета до Ваташа, да види дел од таа традиција – рече претседателот Пендаровски.

Хорор во Велес – Својата 25 годишна девојка ЈА ПРЕТЕПАЛ и ПУКАЛ ВО НЕЈЗЕ

25-годишна велешанка со прострелна рана во стомакот рано изутрина е однесена во велешката болница, јавуваат локалните медиуми. Инцидентот го потврдија и од СВР Велес од каде велат дека во неа пукал нејзиниот невенчан сопруг.

-Денеска во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25-годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Велес.

Освен прострелна рана, девојката имала и видливи повреди на лицето кои личеле на повреди од тепање, пишува „Батали.нет“. Порталот пишува дека девојката била донесена во свесна состојба но одбивала да одговара на прашњата на докторите.

Девојката сега е пренесена на лекување во Скопје.

-Во 8:30 часот е примена 25-годишна девојка со прострелна рана во долниот дел на стомакот, по што е препратена во Ургентниот центар на хурушките клиники во Скопје, рече д-р Елена Ќулумова, портпарол на велешката болница.

„Македонско девојче“ на саксофон за лудило во АВИОН (ВИДЕО)

 Патник на летот на компанијата „Визер“ од Скопје за да ги развесели патниците и да го отстрани загрижениот израз од нивните лица за време на летот, го зел својот саксофон и почнал…

Прво свиреше чочек, а потоа песната „Македонско девојче“. Овој рецепт за отстранување на стравот се покажал како ефикасен.

Погледнете го видеото од Камај кое иако е постаро, сепак вреди да се погледа:

Ахмети до украинска делегација: Ќе победите како што УЧК победи во Македонија 2001, не се предавајте

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на украинска делегација со која разговарал ѝ дал совет Украинците никогаш да не се предаваат, како што не се предала УЧК во 2001 година во војната во Македонија, пренесуваат медиуми на албански јазик.

– Војната Русија-Украина и натаму претставува жешка зона. Се сретнав со една делегација од Украина и им реков: ‘Вие ќе ја добиете оваа војна. Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!’ – рече синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети на партискиот собир во шарпланинското село Шипковица“ – објави телевизијата на албански јазик „Шења“.

За Украина тој рече дека „како земја сме се солидаризирале со оваа држава, која се наоѓа во војна, но немаме повеќе можности да сториме, освен да им испратиме музичка група“.

– Ние сме се солидаризирале со Украина морално, но само толку можеме. Бидејќи оние оружја, што ги имаме, тие не ѝ требаат на Украина. Или можеме да им испратиме музичка група, друго нешто не можеме да им однесеме – рече лидерот на ДУИ на партискиот собир во Шипковица.

Бездруго инспириран од Украина, потоа Ахмети, како поранешен врховен командант на УЧК, а сега претседател на ДУИ, евоцирал спомени од партискиот собир во Шипковица, а потоа дел и од своите „послевоени спомени“, велејќи: „ДУИ е дом на војници, бидејќи 10 илјади војници потпишаа за создавањето на овој дом со име ДУИ.“

WOW за Каролина ! – Фасцинираше со најсекси комбинација до сега (Видео)

Македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева вчера пееше на MAC наградите, па покрај настапот, таа воодушеви и со стилот со кој се појави на сцената. Каролина ја отпеа песната „Од небо до дно“, препеана на српски „Ти си мој“. За црвениот тепих таа избра проѕирен долг фустан со висок шлиц, а во очи паѓаше длабокото деколте и беспрекорниот накит.

Во исклучително секси комбинација таа во интервју за српските медиуми откри дека планира да се врати на српската музичка сцена, но и дека снима нов албум со поп-музика. За време на настапот, пак, кој го имаше на церемонијата, Каролина се пресоблече во краток црн фустан со долги ракави.

Видео од целата манифестација можете да погледнете:

Наша Каролина ги засени останатите со својата убавина и изглед, изгледаше фантастично: