Connect with us

Македонија

Ненадејно почина легендарниот Маестро Милан Завков – Творецот со неизмерна љубов кон музиката (Видео)

Published

on

Во својата 61-ва година од животот, почина големиот Милан Завков, македонски виртуозен хармоникаш и музички творец.

Ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Танец и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков, објавија од Танец.

Неговата љубов кон музиката започнува од детството. Завков започнува да свири хармоника од 8- годишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот “Млад Танец” со кој раководел Ѓорѓи Димчевски. Потоа, неговите младински денови ги поминува свирејќи во Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“, уште тогаш знаејќи дека музиката ќе стане негова животна и професионална определба. Во тоа време на Факултетот за музичка уметност во Скопје сè уште не постоеле студии по хармоника и така Завков се определува за неговиот втор инструмент, контрабасот и со успех дипломира на одделот за гудачки инструменти.

Но, без разлика на видот на дипломата, Милан Завков ја продолжува кариерата на својот прв и единствен избор – хармониката и остварува неверојатно богата изведувачка, но и творечка кариера. Во 1970-та година, со популарниот “Октет МАКЕДОНИЈА“ ја снима својата прва плоча, а во својата натчетиридецениска кариера на полето на народната музика, самостојно, во различни соработки, како и со познатата група “Македонски мерак” остварува врвни музички интерпретации и сигнификатен опус на композиции и аранжмани за бројни изведувачи.

На сцената има соработувано со многу имиња, а зад него ќе останат над 150 авторски творби, многу трајни снимки и повеќе дискографски изданија, меѓу кои врвните хит-мелодии како “Заиграј со мене”, отпеана од Виолета Томовска, “Камен да беше срцето” и “Свири мајсторе” од Гоце Арнаудов, “Нема друга Македонија” од Војо Стојаноски, “Лична Јовано” и “Лазарополе” од Наум Петрески, “Пат за Стамболград” и “Мораш душо да ме разбереш” од Благица Павловска, како и други создадени за Атина Апостолова, Пепи Бафтировски, Сузана Спасовска, Ленче Кукиќ, Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Милица Кузмановска, Ефто Пупиновски. Секако, Милан Завков низ годините се истакнува и како солист инструменталист со многу ора и чочеци и се здобива со углед на еден од најдобрите хармоникаши во Македонија, но и на просторите на поранешна Југославија.

Од 2000-та година Милан Завков е вработен во Националниот ансамбл за народни игри и песни “Танец”, како музичар-инструметалист првенец и долгогодишен раководител на оркестарот, со кој остварува бројни концерти и турнеи во земјата и насекаде низ светот.

Целиот свој живот посветен на музиката, вечно нека е со легендите на македонската музика.

Македонија

Драма во Тетово: Физички напад со дрвени предмети и кражба на клуч од возило!

Published

on

„На 20.12.2024 во 22.25 часот во ПС Тетово биле задржани А.Р.(23) и А.Р.(43), двајцата од Струга, и Г.В.(48) од с.Велешта, кои во 16.35 часот биле лишени од слобода од полициски службеници од ПС Кичево, постапувајќи по пријава од А.Н. од Тетово дека тие физички го нападнале во близина на градскиот стадион во Тетово, а, според пријавеното, при нападот користеле и дрвени предмети и противправно му го одзеле клучот од неговото возило. Случајот се документира и против нив ќе следува соодветен поднесок.“

Continue Reading

Македонија

СИТЕ СЕ ЗДОБИЛЕ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ Тешка сообраќајка

Published

on

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Л. и неговиот сопатник Б.П., додека со телесни повреди другиот сопатник И.Ј., како и возачот К.Т. и неговиот сопатник Н.Ј.

Возачите и сопатниците од две возила кои се судриле вчера на патот с.Стубол-с.Барберево кај Пробиштип се здобиле со тешки телесни повреди. МРВ информира дека несреќата била пријавена во 14:45 часот.

„На место викано „Црвен Чукар“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(23) од Пробиштип, и патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од О.Л.(55) од с.Горно Барбарево, пробиштипско“, стои во полициското соопштение.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Л. и неговиот сопатник Б.П., додека со телесни повреди другиот сопатник И.Ј., како и возачот К.Т. и неговиот сопатник Н.Ј.

„Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Пробиштип и Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип“, соопшти МВР.

Continue Reading

Македонија

„АУДИ“ ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТОТ Возачот се здобил со тешки повреди

Published

on

Возило „ауди“ синоќа излетало од магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот.

„Вчера во 02.31 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани, патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од О.В.(25) од Македонска Каменица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево“, се вели во полицискиот билтен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк