Connect with us

Европа

Германија ќе го апси Путин ако стапне на нивна територија

Published

on

Претседателот на Русија ќе биде уапсен доколку ја посети Германија, изјави германскиот министер за правда Марк Бушман, пренесува „Ди Цајт“.

„Очекувам МКС брзо да стапи во контакт со Интерпол, како и со земјите-учеснички и да побара од нив да го исполнат барањето. Тогаш Германија ќе биде обврзана да го уапси претседателот Путин кога ќе влезе на германска територија и да го предаде на МКС – изјави министерот за правда.

Тој додаде дека ќе го исполни барањето на МКС ако „стапалата на Путин стапне на германска територија“, бидејќи земјата е под јурисдикција на судот.

Пред два дена, предистражниот совет на Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин и омбудсманката за правата на децата Марија Лвов-Белова. Тие се осомничени за вмешаност во „незаконски извоз на деца од Украина“.

Во меѓувреме Владимир Путин по посетата на Крим го посети и Мариупол. Возејќи го својот автомобил, претседателот на Русија посети неколку нови станбени квартови, разговараше со граѓаните, ги посети реновираната зграда на Филхармонијата, аеродромот и морскиот брег во Мариупол.

Европа

Германија ја губи ПОПУЛАРНОСТА кај странските работници, овие земји сега се ПОПРИВЛЕЧНИ

Published

on

Германија едури 15-та меѓу развиените земји по атрактивност за странски работници и претприемачи, покажува истражувањето, додавајќи дека подобро се рангираат земјите како Нов Зеланд или Шведска, објави Дојче веле (DW).

Според резултатите од таа студија, Германија ја губи популарноста во конкуренција за квалификувани работници и основачи на компании, а според проценката на фондацијата Бертелсман, од 2019 година паднала од 12 на 15 место меѓу 38-те земји членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Студијата ги проценила деловните можности на имигрантите, приходите и даноците, можностите за членовите на семејството или добивање виза, а според тој индекс, Нов Зеланд, Шведска, Швајцарија, Австралија и Норвешка се најатрактивни за висококвалификуваните професионалци.

Од 2019 година и последната евалуација на податоците, условите во Германија не се влошени, но има подобрување во другите земји, така што тие ја надминаа Германија во рангирањето.

За претприемачите, според овие податоци, на врвот на листата се Шведска, Швајцарија, Канада, Норвешка и Нов Зеланд. Во тој сегмент Германија падна од 6-то на 13-то место.

Како главен проблем се наведува бавната дигитализација. Германија, за разлика од другите земји, исто така, бара поседување на минимален капитал. Дополнително, во неа е помалку изразено прифаќањето на мигранти.

Во 2023 година за првпат беа испитани рамковните услови за основачите на компании (старт-ап) во рамките на индексот на ОЕЦД. Во тој сегмент најатрактивни се Канада, САД, Франција, Велика Британија и Ирска.

Германија го зазеде 12-тото место во таа категорија. Авторите на студијата како причини за ваквата проценка гледаат помалку можности за напредување во кариерата, премалку иноватори и недостаток на соодветни визи.

„На Германија и требаат квалификувани работници, вклучително и оние од странство, за да се осигура дека сегашниот просперитет ќе се одржи“, рече Ралф Хек, извршен директор на фондацијата Бертелсман, за резултатите од студијата.

Според него, меѓународната споредба јасно покажува што треба да направи Германија за да биде уште подобра миграцијата на квалификувани работници, што е толку важна за Германија.

Сепак, Германија котира многу добро во областа на високото образование. Според резултатите од студијата, по атрактивност за студенти од целиот свет, Германија е на второ место, зад САД.

Continue Reading

Европа

(ВИДЕО) Страшни сцени – Згмечени возила, мртви германски фудбалери

Published

on

Во сообраќајна несреќа кај Карлсруе загинаа четворица членови на германскиот фудбалски клуб „Алеманија 05“, поточно двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен фудбалер на тој клуб, како и лице од такси со кое се судриле членовите на клубот.

Според странските медиуми, тие се враќале дома од клубска забава. Трагедијата се случила на неколку десетици метри од просториите на клубот еден час по полноќ ноќта меѓу саботата кон неделата.

Имено, автомобилот со четворица од нив се излизгал и влегол на спротивната сообраќајна лента и се судрил со такси возило.

На лице место загинале возачот на автомобилот и тројца сопатници, а загинало и едно лице од таксито.

Во такси возилото покрај возачот имало и двајца браќа, а еден од нив загинал. Возачот и уште еден сопатник од таксито се тешко повредени.

Сите жртви во несреќата се на возраст од 25 до 29 години.

Continue Reading

Европа

Речиси неверојатно: Масовна верижна несреќа – се судриле 47 ВОЗИЛА

Published

on

Страшна сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопат во Унгарија. Повеќе од 40 камиони и автомобили биле дел од верижниот судар на 26-от километар од автопатот М1. Веднаш по несреќата избувнал пожар.

Полицијата во Будимпешта соопшти дека повеќе десетици луѓе се повредени, од кои некои се наоѓаат во животна опасност.

Според првичните податоци, во сообраќајката изгореле 19 возила, а повредени се вкупно 36 лица, од кои шест се здобиле со животно загрозувачки повреди, а 13 лица се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на настанот пристигнале десет возила на брза помош и три спасувачки хеликоптери, како и пожарникарски екипи.

– Врз основа на првичните информации, во моментов на болничко лекување се наоѓаат 25-30 повредени лица, но тоа се уште не се конечни бројки. Неколку возила се запалени, а истрагата е во тек. Во моментов потрагата за повредените се уште е во тек. Засега првата повратна информација беше дека околу половина од повредените се во тешка состојба, а другата половина се полесно повредени, но на крајот од интервенциите на лице место ќе можам да соопштаам точно колку има и со какви повреди се здобиле. Поради големиот број повредени, ќе ги транспортираме во неколку болници. Со помош на спасувачки хеликоптери тешко повредените многу брзо ќе ги сместиме во подалечни болници, изјави портпаролот на Националната служба за брза помош Пал Ѓерфи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк