Connect with us

Европа

ЕВРОПА ОСТАНА БЕЗ ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА, Украина ги изеде резервите!

Published

on

Британија и Франција веќе објавија дека им се речиси празни резервите на муниција и оружје откако истото го испратија во Украина, Германија е под удар на јавноста по објавите дека магацините за оружје им се речиси празни а индустријата нема кпацитет да ги пополни на кус рок од неколку години.

За време на Студената војна, армијата во секое време беше подготвена за битка во рок од неколку часа. Сега, Путин треба да не предупреди пет или десет години однапред за ненадеен руски напад за да се справиме со тоа. Ова не е добро. Ова е длабоко разочарувачки“, изјави пензионираниот генерал Сер Ричард Баронс за Daily Mail.

Според него, состојбата на британската армија толку многу се влошила поради кратењето на финансирањето.

Европа

Првиот брод со имигранти од Италија плови кон Албанија

Published

on

Бродот „Либра“ на италијанската морнарица отпловил од Лампедуза и плови кон Албанија за да ја донесе првата група имигранти во прифатниот центар во пристанишниот град Шенѓин, по што ќе бидат сместени во кампот во Ѓадр.

Според протоколот потпишан од премиерката Џорџа Мелони со нејзиниот албански колега Еди Рама, барателот на азил во рок од четири недели ќе добие одговор: доколку одговорот е позитивен, ќе биде префрлен во прифатниот центар во Италија. Во спротивно тие ќе бидат вратени во земјата на потекло.

Комисијата формирана од Префектурата на Рим ќе ги испита барањата, интервјуата ќе се одвиваат преку видео врска помеѓу Италија и Албанија.

Министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси минатата недела рече дека центрите „се слични на оние во Италија“ со режим на „лесен притвор“.

Continue Reading

Европа

Протести во Шпанија: Домувањето е право, а не бизнис

Published

on

Под слоганот „Домувањето е право, а не бизнис“, илјадници луѓе се собраа во неделата на улиците на Мадрид за да го изразат своето незадоволство од високите цени за изнајмување на становите, јавуваат агенциите.

Ситуацијата доведе до тоа шпанските граѓани да изразат бес поради тоа што не можат да живеат во своите градови. Бланка Прието, 33-годишна медицинска сестра, истакна дека тие се принудени да ги напуштат градовите и ја повика владата да ги регулира цените и пазарот на недвижности.

Плановите на шпанската влада

Во јули оваа година, шпанската влада ги објави плановите за сузбивање на краткорочните и сезонските изнајмувања и истрагата за огласите на платформите како Airbnb и Booking.com за да потврди дека ги имаат потребните лиценци.

Незадоволството ќе се прошири

Шпанските власти се соочуваат со предизвикот како да ја координираат промоцијата на туризмот, клучен двигател на домашната економија, со решавање на проблемот со високите кирии кои се последица на пренасочувањето на сопствениците на имотот кон попрофитабилно туристичко сместување.

Протести во Барселона

Во Барселона имаше посебен протест против одржувањето на едриличарската трка на Купот на Америка, каде што демонстрантите го обвинија меѓународниот спортски настан за зголемување на цените за изнајмување и носење уште повеќе туристи во и онака пренаселениот град.

Незадоволство на жителите на Канарските острови и Малага

На почетокот на оваа година, жителите на Канарските Острови и Малага исто така организираа протести, изразувајќи незадоволство од зголемената преориентација на сопствениците на имотот кон туристичко сместување. Ова доведе до потешкотии за сезонските работници во туристичката индустрија да најдат соодветно домување, принудувајќи ги да спијат во камп приколки или дури и автомобили.

Continue Reading

Европа

Во Украина е уништено руско тајно оружје. „Нема ништо слично во светот“

Published

on

Најновото руско оружје – невидливиот борбен дрон С-70 Охотник соборен над Украина

Минатиот викенд над украинскиот град Костјантивка беше соборено најновото руско оружје – невидливиот борбен дрон С-70, познат како Охотник (Ловец), објави Би-Би-Си. Околностите околу неговото паѓање сè уште се нејасни. Не е познато дали дронот бил погоден од „пријателски оган“ на рускиот борбен авион Су-57, кој летал во близина, или пак бил соборен од украинските сили.

Се претпоставува дека рускиот авион се обидувал да воспостави контакт со дронот кој изгубил контрола, но бидејќи двата летала се наоѓале во зона на украинска противвоздушна одбрана, можно е да била донесена одлука да се уништи Охотник за да не падне во раце на непријателот. Ниту Москва ниту Киев официјално не го коментираа настанот над Костјантивка.

„На светот нема ништо слично“

Охотник не е обичен дрон, туку тешка беспилотна летачка единица со големина на борбен авион, но без пилотска кабина. Многу е тешко да се открие, а неговите творци тврдат дека нема слично оружје на светско ниво. Тежи повеќе од 20 тони и наводно има домет од 6.000 километри.

Охотник е обликован како стрела и е многу сличен на американскиот дрон X-47B, уште еден „стелт“ борбен дрон создаден пред десет години. Охотник е дизајниран да носи бомби и ракети за напади на копнени и воздушни цели, како и да извршува извиднички мисии. Покрај тоа, тој е конструиран да функционира заедно со руските борбени авиони од петтата генерација Су-57. Развојот на овој дрон започна во 2012 година, а првиот лет го имаше во 2019 година.

Сепак, до минатиот викенд немаше докази дека Охотник бил користен во руско-украинската војна, која трае веќе две и пол години. Наводно, оваа година дронот бил забележан на аеродромот Ахтубинск, на југот од Русија, една од базите од каде се изведуваат напади врз Украина. Можно е неуспешниот лет над Костјантивка да бил еден од првите обиди на Москва да го тестира своето ново оружје во борбени услови.

На местото каде што дронот паднал, наводно се пронајдени остатоци од една од злогласните руски долгорочни бомби Д-30, кои користат сателитска навигација.

Голем удар за Русија

Што правеше дронот летајќи заедно со борбениот авион Су-57? Ако дошло до грешка која предизвикала пад на дронот, тоа претставува сериозен удар за руската армија, особено имајќи предвид дека оваа година требаше да започне масовното производство на Охотник. Оваа ситуација сугерира дека техничките проблеми или недостатокот на координација меѓу дронот и борбениот авион би можеле да го одложат планираниот развој на ова напредно оружје.

С-70 Охотник е клучен дел од идните руски воени планови, со очекување да функционира како поддршка на борбените авиони од петтата генерација Су-57, обезбедувајќи дополнителна огнена моќ и способност за изведување стратешки напади на поголеми растојанија. Неуспешниот лет и падот на дронот во борбени услови не само што ја загрозуваат неговата технолошка репутација, туку и го поткопуваат рускиот воен престиж и потенцијалната надмоќ на бојното поле.

Се верува дека се изградени четири прототипи на С-70 Охотник, а можно е дронот соборен над Украина да бил најнапредниот од сите. Иако е уништен, украинските сили можеби ќе успеат да соберат вредни информации за Охотник.

„Можеме да дознаеме дали има сопствени радари за откривање цели или пак муницијата е претходно програмирана со координати за погодок“, објаснува авијацискиот експерт Анатолиј Храпчински. Според неговата анализа на сликите од местото на падот, јасно е дека способностите за „стелт“ прикривање на овој дрон се прилично ограничени. „Бидејќи млазницата на моторот е округла, радарите можат лесно да ја детектираат. Истото важи и за бројните нитни на леталото, кои веројатно се направени од алуминиум“, додава тој.

Несомнено е дека украинските инженери внимателно ќе ги анализираат остатоците и своите откритија ќе ги споделат со западните партнери.

Овој инцидент, сепак, покажува дека Русите не мируваат и дека повеќе не се потпираат само на конвенционално оружје. Тие работат на нови и поинтелигентни начини за водење војна. Она што денес не успеа, можеби следниот пат ќе биде успешно, пишува Би-Би-Си.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк