Connect with us

Македонија

Пендаровски ќе добие плус 72.500 денари, Ковачевски 50.000 денари, а Битиќи дома ќе се врати со 55.863 денари повеќе!

Published

on

Ниту криза ниту инфлација не ги чепка македонските функциониери по последната одлука на Уставниот суд со која нивните плати во просек ќе се зголемат за неверојатни 78%, објавува Сител.

Па така од први, Претседателот кој има највисока плата во државата ќе добие зголемување од 72.500 денари па неговата плата од околу 93.000 ќе скокне на над 165.000 денари.

Многу повеќе пари дома ќе однесат и министрите и премиерот. Нивните плати од околу 65.000 денари сега ќе скокнат за дополнителни 50.000 денари па од први на сметките секој месец ќе им префрламе по близу 2000 евра нето плата.

Зголемување ќе добијат и пратениците кои на сегашната плата од околу 60.000 денари ќе добијат плус 700 евра месечно и дома ќе однесат нето плата повисока од 1.700 евра.

Близу 80% повисока плата ќе добијат и сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции. Меѓу оние кои ќе добијат повисока плата се и сите судии меѓу кои и тие од Уставниот суд кои практично со укинување на 2 члена од Законот за плати на функционерите го овозможија општото покачување.

Иницијативата до нив ја поднел адвокат од Скопје кој не сакаше да коментира. Интересно е што Уставниот суд по иницијативата одговорил во рекорден рок од само 4 месеци, додека други иницијативи пред уставните судии чекаат и по неколку години.

„Закон е закон и мора да го почитуваме“, објасни потпретседателот на Владата кој идниот месец дома ќе однесе близу 2.100 евра плата, или околу 900 евра повеќе.

Со месеци протестираме за покачувања од 2000 денари, а тие, преку ноќ платите си ги зголемија за 80%, реагира Синдикатот на вработените во јавниот сектор.

Дел од функционерите кои следниот месец треба да добијат повисоки плати, почнаа јавно да се откажуваат од покачувањето.

„Зголемувањето на платата, согласно одлуката на Уставниот суд во целост ќе го донирам за хуманитарни цели, семејства со ниски месечни примања и семејствата на уставобранителите. Имајќи ја предвид тешката економска и финансиска состојба во која живееме, почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели“, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцункски.

Уставниот суд на седницата на 21 март донел одлука со која укина член од законот кој ја држеше основицата за пресметување на платите на функционерите на ниво од околу 26.000 денари. Потоа, оваа основица се множи со коефициент кој најчесто е меѓу 3 и 4 и се добива бруто платата на функционерот. Сега, по одлуката на судот, основицата од околу 26.000 скокна на над 46.000 денари а со тоа и платите на функционерите.

Македонија

Македонија и сè е можно: Платил 350 евра рушвет за возачка, па се жалел во полиција дека не му завршиле работа

Published

on

38-годишен жител на тетовско ѝ дал 350 евра на жена која тврдела дека ќе му „помогне“ при полагање, а откако го измамила, случајот го пријавил во полиција, соопшти МВР.

„На 06.06.2023 во 14.00 часот во СВР Тетово, А.Р.(38) тетовско Синичане пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 350 евра. Според пријавеното, тие се договориле со жената, вработена во автошкола, таа да му помогне при полагање на возачки испит, но договореното не било завршено, по што таа не му се јавувала на телефонските повици и сфатил дека бил измамен“, велат од полицијата.

Во кусото соопштение нема информација од МВР за тоа дали пријавителот ќе одговара за кривичното дело што го признал со самата пријава – дека дал поткуп, но се вели дека полицијата работи на расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Лани во Македонија се породиле 17 девојчиња кои немале наполнето ниту 15 години

Published

on

Минатата година во земјава се родени вкупно 18.183 деца, од кои живородени 18.073, а мртвородени 110.

-Бројот на живородените деца во споредба со 2021 година е намален за 3,1 отсто. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа од 51,2 отсто, односно на 100 живородени женски деца 104,8 се машки, соопшти Државниот завод за статистика.

Вонбрачни живородени деца се 2.298 или 12,7 отсто од вкупниот број живородени деца

Continue Reading

Македонија

Ново ВИДЕО од тепање пациент во Бардовци: Добредојде кај Џомбата, извини нема …

Published

on

Вознемирувачко видео на кое пациенти во психијатриската болница Бардовци снимаат и тепаат новодојден пациент се појави на социјалните мрежи кое се појави вчера по социјалните мрежи.

Читател на Булевар.мк ни испрати уште едно видео на кое се гледа насилство врз пациенти во Бардовци кое е на истиот профил на кое беше постирано вчерашното видео.
Погледнете за што се работи:

Денеска медиумите известија дека ДЗСИ веќе издал налог за вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Психијатриска болница „Бардовци“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк