Connect with us

Македонија

ЈАНЕВСКИ: Мадињата на Таче и како Македонците станаа Италијанци

Published

on

Колумна на Дарко Јаневски

Ете од Таче дознавме дека за некои работи требало да имаш „болс“ или што би рекле кумановци (ако се суди според нивниот експонент) – мадиња. Кои тој очигледно смета дека ги има. Веројатно мисли дека ги имал и Заев. Така, наспроти Бранко и Грујо (Бубенце на Снешка не го броиме оти тој ниту има, ниту нема), кои немале мадиња, тој и Црпе имале и донеле тешки одлуки за државата.about:blank

Толку за неговиот ментален склоп и за неговиот умствен апарат кој достига до мерење на мадињата. Што отприлика значи дека оние што имаат 80 и повеќе години и на кои им се до колена, можат да носат најдобри одлуки за државата без оглед на тежината на тие одлуки. Но, имајќи ја предвид напредноста на Таче и Црпе, не е чудо ако и тие се на ниво на 80-годишниците. Затоа и летно време не можат да носат кратки панталони до колена. Ќе им се видат… тешките одлуки.about:blank

Во секој случај, кога веќе се планира да се отвори Уставот за да се внесат Бугарите (па нашле дури 21 „експерт“ за тоа – жити мајка!), во деловите од Уставот каде се предвидени условите под кои некој може да биде пратеник, премиер, министер и претседател на државата, како функционери во чиј домен спаѓа носењето тешки одлуки, треба да се воведе и условот за големината на мадињата. Па, при поднесување кандидатура во ДИК, да се врши мерење и да се види дали го задоволува условот предвиден во Уставот. Не знам како ова ќе му се допадне на Даштевски, кој како претседател на ДИК ќе биде на вагата, ама што е тука е! Кога е во прашање државата и нејзиниот интерес, секоја жртва е мала.

Е, сега, колкави мадиња треба да се има за да се задоволи условот, односно каков критериум треба да се постави во Уставот, вреди да се праша некој од надвор оти нашиве не верувам дека знаат. На пример, во Брисел. И да се прати прашалник до сите оние што овој период ни велат да го смениме Уставот. Прашалникот ќе има само едно прашање: Колкави треба да бидат мадињата за да може некој да се кандидира за пратеник, премиер, министер или претседател на државата? Би можеле да прашаме и во Советот за безбедност на ООН, но таму има Кинези и Руси, а нивните мадиња ни е забрането да ги сакаме, па ќе останеме на западните, макар биле и помали.

Се разбира, ова ни отвора нов проблем. Што правиме со жените? Како ќе ги измериме нивните „болс“? Е, тука, не сум доволно паметен, па упатувам на Таче и Црпе и нивниот неисцрпен умствен капацитет. Нормално, сето тоа треба да биде усогласено со Брисел и со сите наши партнери од запад со кои сме „рамо до рамо“. Значи прашањето е – колкави треба да бидат мадињата на жените-функционерки и како да ги измериме?

Тоа би ни го решило и проблемот со судството и обвинителството, а и со Уставниот суд. Впрочем од него треба и да се почне и од Кацарска како претседател. Не ни требаат никакви ветинзи и слично. Само една вага. И таа вага ќе ни ги реши сите проблеми.

Освен ова, ќе напишев нешто и за тоа дека стивна вревата околу 78-отстотното покачување на платите на функционерите, ама сфатив дека реченицата не држи бидејќи врева и немаше. Па не може да стивне врева што ја немало! Логично, нели? Што и не треба да не чуди, бидејќи зад сето ова стои една мистерија, а таа е дека овој народ одамна ја дал кубурата на чистење и ниту ја зел, ниту планира да ја земе. Зошто е тоа така никој не знае, ама се знае дека на овој народ можеш да му правиш што сакаш, а тој ќе седи и ќе молчи. Србите понекогаш се чудат на себе и се прашуваат што ли Турците им правеле кога уште во 1804 се кренале востание, ама при тоа Србите не забораваат нас, Македонците, кои сме се кренале 100 години подоцна и тоа само „тука и таму“. Не низ цела Македонија и не во градовите. Штпо има свое објаснување. Па ви се молам, каде уште има на празник како Илинден да се крева востание? И тоа среде лето! Да не зборувам за тоа и дека секој што сакал да биде комита, прво требало дома на жената да и објасни каде тоа ќе се ака по планините. Наместо да седи во кафеана на кафе или да го носи семејството на Халкидики.

Како и да било, порано барем ќе напишевме дека без разлика колку му се качуваш на глава и на народот му правиш една работа од ќерамиди, тој ќе си седи мирен оти има леб за јадење и пиперки за пржење. Тамам кога ќе се изедат замрзнатите од минатата есен, ќе додјдат тие од оваа година. Ама тоа беше порано. Сега и лебот и пиперките станаа луксуз. Така што на народот му останува само да седи и молчи. И да гледа македонски народни приказни во кои секогаш има по некој сиромашен Македонец кој од бочвата или торбулето вади леб и кромид за јадење. Молам? Леб и кромид? Знаете ли колкави се цените на едното и другото? Денес тоа е храна за богатите, тоа е храна на нашите олигарси и на нашите политичари. Рака на срце, многу од нив отсекогаш мирисале на кромид, па ете ги сега конечно се свои на своето. Можат комотно на вратите од своите хациенди да ги закачат низите со кромид и везени пиперки, да погледнат кон небото и да кажат: Тате, успеавме и патем поздрави ги сите од ЦК таму!

А народот? Народот конечно го европеизиравме, односно италијанизиравме откако тој се префрли на италијанска храна – на макарони и на шпагети. Се разбира, Италијанците ги јадат со сос, мелено месо и сирење, ние ги јадеме на суво, ама сега не е време кога треба да ситничариме – и ние и Италијанците тука негде сме.

Во секој случај, кај и да е, кубурата ќе биде исчистена, а потоа, некоја жешка пролет народот ќе се крене, ќе ги покаже своите мадиња и ќе каже: „И јас сакам кромид!“.

Македонија

Драма во Тетово: Физички напад со дрвени предмети и кражба на клуч од возило!

Published

on

„На 20.12.2024 во 22.25 часот во ПС Тетово биле задржани А.Р.(23) и А.Р.(43), двајцата од Струга, и Г.В.(48) од с.Велешта, кои во 16.35 часот биле лишени од слобода од полициски службеници од ПС Кичево, постапувајќи по пријава од А.Н. од Тетово дека тие физички го нападнале во близина на градскиот стадион во Тетово, а, според пријавеното, при нападот користеле и дрвени предмети и противправно му го одзеле клучот од неговото возило. Случајот се документира и против нив ќе следува соодветен поднесок.“

Continue Reading

Македонија

СИТЕ СЕ ЗДОБИЛЕ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ Тешка сообраќајка

Published

on

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Л. и неговиот сопатник Б.П., додека со телесни повреди другиот сопатник И.Ј., како и возачот К.Т. и неговиот сопатник Н.Ј.

Возачите и сопатниците од две возила кои се судриле вчера на патот с.Стубол-с.Барберево кај Пробиштип се здобиле со тешки телесни повреди. МРВ информира дека несреќата била пријавена во 14:45 часот.

„На место викано „Црвен Чукар“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(23) од Пробиштип, и патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од О.Л.(55) од с.Горно Барбарево, пробиштипско“, стои во полициското соопштение.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Л. и неговиот сопатник Б.П., додека со телесни повреди другиот сопатник И.Ј., како и возачот К.Т. и неговиот сопатник Н.Ј.

„Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Пробиштип и Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип“, соопшти МВР.

Continue Reading

Македонија

„АУДИ“ ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТОТ Возачот се здобил со тешки повреди

Published

on

Возило „ауди“ синоќа излетало од магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот.

„Вчера во 02.31 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани, патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од О.В.(25) од Македонска Каменица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево“, се вели во полицискиот билтен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк