Connect with us

Европа

ЗАМИСЛЕТЕ СААТНИЦА ОД 50 ЕВРА – Каде се заработува најмногу?

Published

on

Платите во Германија се сè уште повисоки во споредба со оние во повеќето други земји од Европската унија.

Минатата година просечната саатница во индустријата, вклучувајќи ги и дополнителните трошоци за плата, изнесуваше 44 евра, објави во средата Федералното биро за статистика, пренесува ДПА.

Тоа е за 44 отсто повеќе од просекот на 27-те земји на Европската унија, кој изнесува 30,50 евра. Со овој час, Германија е на четврто место.

Во услужниот сектор платите во Германија биле 26 отсто над просекот на ЕУ, со 38 евра по час работа, што е шесто место.

Севкупно, германските трошоци за работна сила од 39,50 евра на час во 2022 година беа околу 30 отсто над просекот на ЕУ и, како и претходните години, на седмото место.

Според статистичките податоци, платите биле највисоки во Луксембург со 50,70 евра на час, а потоа следат Данска, Белгија, Франција, Холандија и Шведска.

Лани работната сила била најевтина во Бугарија со 8,20 евра на час.

Во споредба со 2021 година, трошоците за работна сила во Германија се зголемени за 5,6 отсто, нешто повеќе од просекот на ЕУ (плус 5,2 отсто).

За 10 години работната сила поскапе, особено во источна Европа. Процентуално, трошоците за работна сила најмногу се зголемија во Бугарија, Романија, Литванија и Латвија, каде што се зголемија повеќе од двојно.

Најмали зголемувања се забележани во Шведска и Италија. Грција беше единствената земја од ЕУ која пријави пониски трошоци за работна сила на час во 2022 година во споредба со десет години (-7,6 проценти).

Германија беше над просекот од 25 отсто, со плус 29,5 отсто, пренесува Фактор мк.

Европа

Глупав возач си паркирал на плажа ама … (Фото)

Published

on

Крајбрежната спасителна служба во Корнвол, Англија, објави снимка од несекојдневна интервенција – возач кој се паркирал преблиску до морето и очигледно не бил запознаен со феноменот на плима и осека, ги повикал да му го извадат автомобилот „БМВ“ од морето, откако го повлекла надојдената вода. „Спасувачката“ операција траела скоро два часа и завршила успешно.

Доколку му се исплати да го поправа „БМВ“-то и ако колата воопшто може повторно да се доведе во возна состојба, сопственикот веројатно многу повеќе ќе внимава каде ја паркира.

Continue Reading

Европа

Ковачевски и Зеленски се фрлија ВО ПРЕГРАТКА (Фото)

Published

on

Ова е прва средба на македонскиот премиер со украинскиот претседател. Македонија ќе ја поддржува Украина сѐ додека е потребно

Македонија на самитот на Европската политичка заедница во Кишињев ја претставува премиерот Димитар Ковачевски. Тој таму веднаш по пристигнувањето имаше средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. На средбата беше и албанскиот премиер Еди Рама. Ова е прва средба на Ковачевски со Зеленски.

Ковачевски на Фејсбук напиша: „Задоволство ми е што имав прилика да се сретнам со нашиот пријател, претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На нашата средба на која бевме заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, му ја пренесов лично поддршката која ја даваме за одбраната на храбриот украински народ, од неоправдана брутална воена агресија која Русија ја врши врз Украина.

Претседателот Зеленски се заблагодари за поддршката која за нив доаѓа во клучни моменти и за тоа што сме покрај Украина од првиот ден без калкулации. Северна Македонија останува на вистинската страна на историјата, сѐ додека тоа му е потребно на украинскиот народ“.

Тој претходно, исто така на Фејсбук, објави:

„Топло добредојде од претседателката на Молдавија, Маја Санду, на вториот Самит на Европската политичка заедница кој нѐ собира сите на исто место во вистински момент. Изминатава година и руската брутална инвазија врз суверена и независна Украина многу јасно ни покажа дека земјите од слободниот демократски свет имаат заеднички безбедносни, економски и енергетски предизвици. Но, исто така и дека само заеднички и обединето можеме да се справуваме со нив, доколку сакаме да имаме успех“, напиша Ковачевски.

Тој е придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.

Continue Reading

Европа

Владата на Петков ги проневерила средствата за украинските бегалци – ФИНАНСИРАЛЕ “МРТОВЦИ”?

Published

on

Кабинетот на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков најверојатно ги злоупотребил средствата наменети за украинските бегалци, се вели во изјавата на министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев.


Владата на Петков функционираше до август 2022 година, по што беше формирана техничка влада. Според него, националниот оперативен штаб го привлекол вниманието на трошењето на средствата од двете влади.

Кога станува збор за поддршката на бегалците од Украина, тој забележал голема разлика во потрошените суми во истиот период.
„Во истиот период од пет месеци, редовната влада потрошила 150 милиони лева (речиси 77 милиони евра), а техничката влада – 43 (нешто повеќе од 22 милиони евра)“, изјави министерот за новинарите.


Тој додаде дека 43 отсто од средствата (најверојатно тие што ги определила Владата на Петков) биле исплатени на 24 физички лица кои биле одредени како лица за контакт на 42 фирми. Дополнително, остана нејасно кому конкретно и на колку луѓе е насочен дел од средствата, поточно сумата од 93 милиони лева (48 милиони евра).


Исто така, министерот рече дека во текот на работата на Владата исплатите на Петков ги вршело Министерството за туризам.


„Најверојатно финансиската поддршка им е дадена на „мртви души“ – луѓе кои биле сместени во хотели само на хартија“, рече министерот.

Поранешната вицепремиерка Калина Константинова, која се занимаваше со прашањето за помош на украинските бегалци, категорично ги отфрли овие тврдења, нагласувајќи дека нема „мртви души“. Сите средства за бегалците беа доделени преку ЕУ, а не од буџетот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк