Connect with us

Истражување

Им ги ОДЗЕЛЕ ТЕЛЕФОНИТЕ НА ДЕЦАТА на осум часа – ШОКАНТНО е нивното однесување без мобилен

Published

on

Индекс

Психологот за деца од Санкт Петербург, Екатерина Мурашова и нејзините колеги во 2013 година спровеле интересен експеримент. Таа побарала од 68 тинејџери на возраст од 12 до 18 години да се откажат од сите свои електронски уреди, односно да ги исклучат мобилните телефони, компјутерите, телевизорите, таблетите и конзолите за игри, во траење од осум часа и за тоа време да не комуницираат со никого.

Она што им било дозволено во тие осум часа е – да пишуваат, цртаат, читаат, пеат, шетаат и да се занимаваат со слични активности. Авторката на експериментот сакала да докаже дека современите тинејџери не можат да се преокупираат со такви работи и дека се целосно несвесни за својата состојба.

Според правилата на експериментот на децата им било советувано да го прекинат експериментот доколку почувствуваат прекумерна вознемиреност, непријатност или напнатост и да го забележат времето и причината за прекинот.

Резултатите биле шокантни, а треба да се земе предвид и дека експериментот е спроведен пред десет години, кога технологијата беше далеку помалку распространета отколку денес.

Од 68 испитаници, само тројца го завршиле експериментот – едно девојче и две момчиња. Тинејџерка осум часа ги запишувала своите чувства во дневник. Едно од момчињата правело макета на едрилица, со пауза за ручек и шетање на кучето. Вториот прво ги сортирал и преуредувал своите колекции, а потоа се занимавал со пресадување цвеќиња. Ниту еден од нив немал негативни емоции за време на експериментот и не забележал појава на „чудни“ мисли.

Тројца учесници во експериментот изјавиле дека „имале самоубиствени мисли“, а петмина доживеале напади на паника. Кај 27 тинејџери се забележани симптоми како гадење, потење, вртоглавица, бранови на жештина или болки во стомакот. Речиси секој од нив пријавил чувство на страв и вознемиреност.

Интересот и возбудата за новонастанатата состојба и за соочувањето со себеси стивнаа кај речиси сите учесници на почетокот на вториот или до третиот час. Десет тинејџери кои го прекинале експериментот се чувствувале вознемирени по три или повеќе часа осаменост.

Што правеле тинејџерите за време на експериментот?

Јаделе;

Читале или се обидувале да читаат;

Пишувале домашни задачи или учеле;

Гледале низ прозорецот или се шетале низ станот;

Излегле во продавница или кафуле, без да комуницираат со други, освен со продавачите;

Наоѓале загатки и ределе „Лего“ коцки;

Цртале;

Си играле со куче или мачка;

Се капеле;

Си ја средувале собата или станот;

Се занимавале со физичка вежба;

Ги запишувале своите чувства и мисли;

Свиреле на пијано, гитара или флејта;

Пишувале поезија или проза;

Едно момче патувало низ градот пет часа, менувајќи автобуси и тролејбуси;

Едно момче отишло во забавен парк, но по три часа почнало да повраќа;

Едно момче шетало низ градот;

Едно момче отишло во зоолошката градина;

Една девојка отишла во музејот.

Што правеле по експериментот?

Речиси секој учесник се обидел да заспие во одреден миг, но никој не успеал поради мислите што им се вртеле низ главата. По завршувањето на експериментот, 14 тинејџери веднаш пристапиле до социјалните мрежи, 20 контактирале со своите пријатели, тројца со родителите, а петмина отишле да посетат свои другари. Останатите ги вклучиле телевизорите или почнале да играат видеоигри. Покрај тоа, речиси сите веднаш си пуштиле музика или ставиле слушалки на ушите.

Сите стравови и симптоми исчезнале веднаш по завршувањето на експериментот. Интересно е што 63 тинејџери го препознале експериментот како корисен и интересен за самоспознавање. Шест учесници сами го повториле експериментот и тврдат дека успеале по неколку обиди.

Кога тинејџерите анализирале што им се случило за време на експериментот, 51 лице користеле изрази како „зависност“, „доза“, „повлекување“, „излегува дека не можам да живеам без…“, „Постојано ми треба…“

Сите тие рекоа дека биле страшно изненадени од мислите што им се случиле за време на експериментот, но не можеле да се справат со нив поради влошување на општата состојба. (МИА)

Истражување

ЗА ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ЌЕ СЕ ЗДЕБЕЛИ ПОЛА СВЕТСКА ПОПУЛАЦИЈА

Published

on

Светската федерација за дебелина објави нов извештај, а податоците се поразителни. Повеќе од половина од светската популација ќе биде со прекумерна тежина до 2035 година, со што ќе се изгубат билиони фунти потенцијална вредност за глобалната економија, предупредува Светската федерација за дебелина.

Според податоците од 2020 година, околу 2,6 милијарди луѓе (38 отсто) биле со прекумерна тежина или дебели, а оваа бројка се очекува да се зголеми на 4 милијарди (51 отсто) во следните 12 години, доколку не се преземат сериозни мерки.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Continue Reading

Европа

ЗАМИСЛЕТЕ СААТНИЦА ОД 50 ЕВРА – Каде се заработува најмногу?

Published

on

Платите во Германија се сè уште повисоки во споредба со оние во повеќето други земји од Европската унија.

Минатата година просечната саатница во индустријата, вклучувајќи ги и дополнителните трошоци за плата, изнесуваше 44 евра, објави во средата Федералното биро за статистика, пренесува ДПА.

Тоа е за 44 отсто повеќе од просекот на 27-те земји на Европската унија, кој изнесува 30,50 евра. Со овој час, Германија е на четврто место.

Во услужниот сектор платите во Германија биле 26 отсто над просекот на ЕУ, со 38 евра по час работа, што е шесто место.

Севкупно, германските трошоци за работна сила од 39,50 евра на час во 2022 година беа околу 30 отсто над просекот на ЕУ и, како и претходните години, на седмото место.

Според статистичките податоци, платите биле највисоки во Луксембург со 50,70 евра на час, а потоа следат Данска, Белгија, Франција, Холандија и Шведска.

Лани работната сила била најевтина во Бугарија со 8,20 евра на час.

Во споредба со 2021 година, трошоците за работна сила во Германија се зголемени за 5,6 отсто, нешто повеќе од просекот на ЕУ (плус 5,2 отсто).

За 10 години работната сила поскапе, особено во источна Европа. Процентуално, трошоците за работна сила најмногу се зголемија во Бугарија, Романија, Литванија и Латвија, каде што се зголемија повеќе од двојно.

Најмали зголемувања се забележани во Шведска и Италија. Грција беше единствената земја од ЕУ која пријави пониски трошоци за работна сила на час во 2022 година во споредба со десет години (-7,6 проценти).

Германија беше над просекот од 25 отсто, со плус 29,5 отсто, пренесува Фактор мк.

Continue Reading

Истражување

Во библиотеката на Ватикан пронајдено скриено поглавје од новиот Завет!

Published

on

Научници во библиотеката на Ватикан пронашле „скриено поглавје“ од библиски текст напишан пред повеќе од 1.500 години. Страницата ги содржи поглавјата 11-12 од Евангелието по Матеј, кои даваат повеќе детали од денешниот стандарден евангелски текст.

Истражувачите сè уште не откриле целосен превод напишан на антички сириски јазик, но споделија некои детали.

Во грчката верзија на 12-тото поглавје од Матеј, првиот стих гласи:

Во тоа време Исус помина низ полињата со жито во сабота, а неговите ученици беа гладни и почнаа да берат класови и да јадат“.

Сирискиот превод гласи:

[…] почнаа да берат класје, да го тријат во рацете и да го јадат“.

Оригиналниот текст бил напишан околу третиот век, но бил избришан од писар во Палестина – вообичаена практика бидејќи хартијата направена од животинска кожа била ретка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк