Connect with us

Uncategorized

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Првиот Македонец, Димитар Мурато, го освои Монт Еверест и 34 години е на вечна стража на Покривот од светот

Published

on

Битолчанецот Димитар Илиевски – Мурато е првиот Македонец кој го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест на 10 мај 1989 година. И, за жал, остана на вечна стража на покривот од светот.

Мурато е роден на 29 септември 1953 година во Битола, а животниот поход го заврши на денешен ден во Непал. Тој е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и страствен љубител на планините и природата. Во неговата алпинистичка кариера има освоено многу планински врвови. На  Пелистер, каде што многу често се искачувал, во негова чест е подигнато спомен-обележје, а постхумно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија.

На 10 мај пред три децении Диме, како член на македонската алпинистичка хималајска експедиција Еверест ’89, го поставува знамето на светскиот покрив. Искачувањето е направено од непалската страна. Патот кон врвот се протега низ ледоломот Кумбу, потоа долината на тишината, падината под врвот Лоце и јужното седло, а вдолж него се поставуваат четири висински логори.

Низ снегот одел и пред шерпасите

Заедно со Диме Мурато на врвот во истиот ден се искачија и словенечкиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ и шерпасите Сонам и Аџива. Во четвртиот висински логор се наоѓал македонскиот алпинист Борче Јовчевски кој имал задача да биде логистичка поткрепа за јуришната екипа. Искачувањето до врвот траело околу 15 часа во услови на длабок снег. На врвот Диме и Стипе се задржале околу еден час. На симнување од врвот Диме останал најверојатно на височина од 8.200 метри.

Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес бидејќи за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична кондиција, често пати правејќи патека во снегот и пред шерпасите.

Се претпоставува дека застанувајќи за кратко на висина од 8.200 метри за да го почека Стипе, кој бил зад него и имал проблеми со светилката, Диме заспал.

Долго време Диме бил единствениот Македонец кој се искачил на врв повисок од 8.000 метри. Есента 2005 година во организација на комитетот на експедицијата и Македонската алпинистичка асоцијација, под базниот камп на Еверест е изграден споменик во чест на Димитар Илиевски.

Покрај освојувањето на Монт Еверест во 1989 година, Диме има освоено голем број врвови во Македонија, на Балканот, на Алпите… Во 1986 година во состав на Македонската алпинистичка хималајска експедиција на Манаслу стигна до 7.500 метри каде што остана неколку дена во очекување добро време за јуриш кон врвот.

Обид за симнување на телото на алипинистот

Покрај големиот број тешки алпинистички искачувања на Алпите, тој е автор е на голем број првенствени насоки на Матка, Солунска Глава, Демир Капија, карпите околу Прилеп, на Пелистер, на Проклетие, на Вихрен и уште многу други планински масиви во Македонија.

Во 1998 година се организираше алпинистичка експедиција во организација на Македонската алпинистичка асоцијација и Македонскиот олимписки комитет со цел да се симне телото на Диме од Монт Еверест и, според непалските закони, телото со свечена церемонија да биде запалено под базниот логор, а урната со пепелта да се донесе во Македонија.

Македонската експедиција требаше да делува како составен дел од Интернационалната експедиција за чистење на Монт Еверест која имаше за цел чистење на планината и симнување на телата на загинатите алпинисти.

Но, експедицијата не се реализира заради административни пречки со непалската влада пред самиот нејзин почеток. Сепак, идејата за симнување на телото на Диме не е напуштена, бидејќи се смета дека е позната точната локација на неговото тело.

Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам. Посмртно е добитник на наградата Медал за заслуги за Македонија. Покрај спомен-обележјата на Копанки и Антена на Пелистер, во 2005 година, под базниот камп на Еверест, е изграден споменик во чест на Димитар Илиевски.

Врвен триумф и најдлабока трагедија

Врвен триумф и најдлабока трагедија, напиша за него Горазд Росоклија, еден од учесниците на Македонската хималајска експедиција Монт Еверест 89.

– Македонската хималајска експедиција „Мт. Еверест 1989“ го освои врвот (8.848 метри) на 10 мај 1989 година во 18 часот, кога Димитар Илиевски-Мурато го постави македонското знаме на Сагармата (непалски- Чело на небото) или Чомолунгма (тибетански- Божица мајка на земјата) и никогаш не се врати за да остане на врвот на својот триумф, напиша Росоклија.

Тој го запиша и списокот на членови на експедицијата: Димитар Илиевски-Мурато, Владимир Бошковски, Страшо Лозаноски, Јован Попоски – водач, Горазд Росоклија-заменик водач, Ѓорѓи Костовски, Борче Јовчевски, Серафим Серафимовски, Стипе Божиќ, Сашо Андонов, Димитар Тодоровски, Виктор Грошељ, Румен Ќамилов и Слободан Ѓорѓевиќ.

,,Стремете се високо, нема задоволство во малите победи“ Едмунд Хилари-посветено на Македонската хималајска експедиција Мт. Еверест 89, во Намче Базар, Непал, мај 1989-та.

Видеото може да го погледате ТУКА

(Подготвил: Д.Г.)

Uncategorized

БИВШИ И СЕГАШНИ ФУНКЦИОНЕРИ СЕ ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ФИРМИ Го премолчале тоа кога давале изјави во Антикорупциска!

Published

on

Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо денеска го објавија „Истражувањето за откривање евентуални судири на интереси и злоупотреба на моќ при јавните набавки кај политички експонираните лица“.

Истражувањето покажа дека преку Регистарот на вистински сопственици се откриени сопствеништва во фирми на политички експонирани лица (градоначалници и министри), кои не им се пријавени во изјавите за интереси доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

41 од анализираните 360 поранешни и сегашни функционери, се јавуваат како вистински сопственици во некоја фирма, 23 од овие функционери целосно или делумно ги сокриле своите удели во фирми кога доставувале изјава за интереси до ДКСК.

Разликите во податоците за бизнис-интересите на функционерите укажуваат на отсуство на соодветна проверка и верификација на точноста на податоците и во Регистарот на вистински сопственици, и во изјавите за интереси што избраните и именуваните лица ги доставуваат до ДКСК.

Фирми во сопственост на градоначалници и поранешни министри добивале договори за јавни набавки, концесии и лиценци доделени од државни институции.

„На граѓаните, новинарите и граѓанските организации им е оневозможено активно да учествуваат во откривање на евентуални судири на интереси и злоупотреба на моќ од страна на носителите на функции. Регистарот на вистински сопственици не е јавно отворен и за информациите во него се плаќа, а податоците за бизнис-интересите на функционерите во јавно достапниот електронски систем на ДКСК се нецелосни“, се наведува во извештајот.

Во изјавите за интереси до ДКСК функционерите пријавуваат податоци само за најтесното семејство со кое живеат под ист покрив, а изјавите доставени до ДКСК до крајот на 2023 година ги има само во хартија и не се достапни на специјализираниот веб-портал, итн.

Во услови кога за информациите за сопствеништво треба да се плати, а изјавите за интереси во голем број случаи не се сеопфатни и точни, се олеснува криењето на сопствениците на фирмите, наместо јавно поврзување и објавување на фирмите кои добиле тендери и концесии со нивните сопственици.

Проектот „Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Continue Reading

Uncategorized

Меџити: Поголемиот дел од Алијансата против враќање кај ДУИ, вклучувајќи го и Арбен Фетаи и пратеници

Published

on

Првиот заменик-премиер на Северна Македонија, Изет Меџити, ги коментираше последните случувања во рамките на Алијансата за Албанците, нагласувајќи дека во партијата се води силна дебата и дека мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на лидерот Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да ѝ се приближи на ДУИ и Европскиот фронт.

„Во рамките на Алијансата на Таравари има жестока дебата, каде што огромното мнозинство не се согласува со својот лидер за да се вратат во канџите на ДУИ и Европскиот фронт, туку ќе останат во Владата,“ изјави Меџити во интервју за централниот дневник на Алсат М.

Тој ја оцени одлуката на Таравари како „необјаснива“ и „нетранспарентна“, алудирајќи дека можеби е донесена под притисок или уцена и дека не го претставува вистинскиот став на членството на Алијансата за Албанците.

Во својата изјава, Меџити го спомена и заменик-премиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, за кого рече дека му е потребен на Владата и изрази надеж дека ќе остане на својата функција. „Покажа транспарентност и капацитет за да управува соодветно,“ додаде Меџити.

Continue Reading

Uncategorized

Вреди формираше нова пратеничка група, колкумина од кај Таравари ќе останат?

Published

on

Денеска во Собранието е формирана нова пратеничка група на ВРЕДИ. Таа ќе брои девет члена и ја сочинуваат. Африм Гаши,Аднан Азизи ,Беким Ќоку, Калтрина Беќири,Имерлије Сали,Саранда Имери,Фериде Хаџиу,Мерита Колчи Коџаџику и Беким Сали.

Од друга страна неизвесно е дали крилото на Алијанса на Арбен Таравари ќе поднесе барање за нова пратеничка група и дали ќе го имаат минимумот од пет пратеници.

                Continue Reading
                Advertisement
                Advertisement

                Трендинг