Хера, ќерката на првиот вицепремиер Артан Груби, матурира во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје. Татко ѝ сподели неколку фотографии од нејзината матурска вечер, а во очи падна и фустанот што го носеше таа. Хера заврши гимназија во истото училиште во кое завршиле и нејзините родители, ни откри Артан Груби во разговор за „Репортер“.
Тој вели дека ќерка му е одлична ученичка во сите четири години и дека сè уште не знаат каде ќе студира, но секако дека тоа ќе биде тука во нашата земја. Го прашавме првиот вицепремиер и за изборот на фустанот, на што Груби ни открива: „Фустанот е креиран од дизајнерот Пајтим Раци од Косово и нејзин избор беше од првиот ден. Фустанот е со рачно креирана скулптура во форма на корсет, но морав неколкупати да ја носам на избор, на проба. Исто така, и шминката и фризурата беа во Приштина кај Selma&Kaci, а чевлите, накитот и чантата се од Скопје“, ни рече Артан Груби за „Репортер“.
Reporter го праша вицепремиерот дали е љубоморен татко, но и колку е близок со својата ќерка. На тоа тој вели: Не сум љубоморен татко, но имам големи очекувања и многу ги предизвикувам децата за да ги спремам да се соочат со општеството и со животот воопшто. Немаат привилегија во ништо. На пример, ќерка ми две години работи сезонски, а така ќе биде и годинава“, открива Груби.
Имавме генерација на големи филмски имиња последниве децении предводени од режисерите како Столе Попов, пота следната со Милчо Манчевски, а сега дојде и сегашната генерација, пебедничка генерација, предводена од режисерот Ѓорѓи Унковски.
Филмот во режија на Ѓорѓи М. УнковскиДиџеј Ахмед собра награди на глобално престижниот фестивал Санднес во Јута, САД, зад кој стои големиот актер и продуцент Роберт Ретфорд .
Имено, “Диџеј Ахмет“ освои победнички награди во својата конкуренција и од жири комисијата за кретаивна визија, како и од публиката.
Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.
„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје.
Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател Наум Доксевски, монтажер Михал Раих. Продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекутковска и линиски продуцент Виктор Павловски.
Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.
Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија.
Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.
Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.
И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ке ми поклони книга🙄) Heineken, напиша Спасен Силјановски на својот facebook профил.