Connect with us

Македонија

Треба ли да се плашиме од вештачката технологија ?

Published

on

Можеби вештачката интелегенција (АИ) може и да чувствува, но таа е машина која не може да ја каже вистината. Проблемот со лажните вести треба да се бара кај човекот, сметаат светските новинарски експерти кои деновиве се собрани во главниот град на Австрија, Виена на петтиот конгрес на новинари, а во организација на Меѓународниот прес институт.

Новинарството е исправено пред нов предизивик. Ако тоа годините наназад беше медиумската писменост, сега тоа е писменоста за вештачката интелегенција (АИ) и новите технологии, е општиот заклучок на новинарите, учесници на светскиот конгрес во Виена на темата „Нови граници: слобода на печатот и медиумски иновации во ерата на вештачката интелигенција“. Целта на новинарите на овој конгрес е да се фокусираат на изнаоѓање на решенија за обезбедување на иднината на медиумите, во услови на наплив на лажни вести и дезинформации што постојано се шират во јавноста.

Вештачката интелегенција е машина само човекот ја знае вистината

Мора да разберете дека вештачката интелегенција (АИ) не е човечко суштество и ја нема човечката интелегенција, вели за МКД.мк, Чарли Бекет, основач-директор на Полис, меѓународниот тинк-тенк за новинарство на Лондонската школа за економија.

„Таа е само јазичка машина. Таа не е машина што ја кажува вистината. Таа може да ви обезбеди текстови или фотографии кои што ги барате. И на крајот од сѐ,  да, таа може да биде употребена за ширење на лажни вести и дезинформации па останува на човекот да донесе одлука за тоа. Добриот новинар ќе ја употреби вештачката интелегенција само за да ја направи својата работа поефикасна, а лошите новинари ќе ја искористат за дезинформации. АИ е создадена од човекот и човекот неа ја користи. Таа може да биде и среќна доколку создаде лажна вест затоа што таа не знае што е вистина на начин на кој што тоа луѓето го знаат“, вели за МКД.мк Бекет.

Извршниот директор на Меѓународниот прес институт Фране Маројeвиќ за МКД.мк вели дека воопшто не треба да се плашиме од вештачката интелегенција (АИ) туку истата треба да ја прифатиме.

„Ние треба да ја користиме вештачката интелегенција  за бенефитите на новинарството. Токму на овој настан говориме за искуствата како со помош на АИ да привлечеме повеќе публика и како да ги охрабриме новинарите повеќе да истражуваат затоа што, тие што ја користат за лажни вести и пропаганда, веќе се чекор напред. За да покажеме дека АИ ја кажува вистината новинарите мора да се менуваат. Новинарите не се само оние кои известуваат што се случува туку се оние кои треба да проверуваат и да понудат анализи за тоа што се случува. Новинарите мора да покажат како истражуваат, како доаѓаат до нивните приказни, како доаѓаат до нивните заклучоци, а сето ова наспроти лажните вести и пропагандата.

Според Маројевиќ, за да се обезбеди новинарски квалитет во време на вештачка интелегенција новинарите само треба да го почитуваат етичкиот кодекс, затоа што, како што вели тој, токму тоа треба да се покаже денес како никогаш досега.

Затоа што денес, името и брендот не се доволни сами по себе, вели Маројевиќ.

На прашањето што ќе ни е вештачка интелегенција ако новинарот мора постојани да истражува и проверува, Маројевиќ вели дека човекот на може да ги обработува милионите дата податоци како што тоа го прави машината.

„Впрочем случајот со Панама пејперс не бил можел да биде обработен од човекот. Затоа ни е потребна таа машина. Сепак тука е новинарот кој е одговорен за тоа што е точно и таквата информација да ја пренесе како интерес на јавноста“, вели Маројевиќ.  

Вештачката интелегенција може да клевети луѓе, на владите им треба помош да ја регулираат

Ние сè уште не знаеме на кои сè начини вештаќката интелегенција (АИ) може да влијае врз нашите животи и уривањето на човековите права, вели американската новинарка од Њујорк Тајмс Џулија Ангвин.

Затоа таа смета дека пристапот на Европската Унија (ЕУ) за регулација на употребата на вештачката интелегенција е интересен и еден од најиновативните.

„Имаат нов закон наречен Акт за дигитални услуги кој стапува на сила оваа година и со него големите технолошки компании се обврзуваат да го проценат ризикот од нивната технологија и да го намалат тој ризик.  Мислам дека тоа е вистински чекор напред, бидејќи во реалноста ние, кои не ги познаваме технологиите имаме проблем да ги разбереме сите можности кои ги имаат и штетата која може да ја направат. Ние знаеме дека со неа може да се креираат дезинформации, лажни сценарија, да се клеветат луѓе, но мислам дека всушност сè уште учиме “, вели Ангвин.

За комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ пак регулацијата на вештачката интелигенција е слаба. Таа информираше дека ЕУ веќе размислува да формира ново тело за заштита на правата.

Македонија

Македонија и сè е можно: Платил 350 евра рушвет за возачка, па се жалел во полиција дека не му завршиле работа

Published

on

38-годишен жител на тетовско ѝ дал 350 евра на жена која тврдела дека ќе му „помогне“ при полагање, а откако го измамила, случајот го пријавил во полиција, соопшти МВР.

„На 06.06.2023 во 14.00 часот во СВР Тетово, А.Р.(38) тетовско Синичане пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 350 евра. Според пријавеното, тие се договориле со жената, вработена во автошкола, таа да му помогне при полагање на возачки испит, но договореното не било завршено, по што таа не му се јавувала на телефонските повици и сфатил дека бил измамен“, велат од полицијата.

Во кусото соопштение нема информација од МВР за тоа дали пријавителот ќе одговара за кривичното дело што го признал со самата пријава – дека дал поткуп, но се вели дека полицијата работи на расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Лани во Македонија се породиле 17 девојчиња кои немале наполнето ниту 15 години

Published

on

Минатата година во земјава се родени вкупно 18.183 деца, од кои живородени 18.073, а мртвородени 110.

-Бројот на живородените деца во споредба со 2021 година е намален за 3,1 отсто. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа од 51,2 отсто, односно на 100 живородени женски деца 104,8 се машки, соопшти Државниот завод за статистика.

Вонбрачни живородени деца се 2.298 или 12,7 отсто од вкупниот број живородени деца

Continue Reading

Македонија

Ново ВИДЕО од тепање пациент во Бардовци: Добредојде кај Џомбата, извини нема …

Published

on

Вознемирувачко видео на кое пациенти во психијатриската болница Бардовци снимаат и тепаат новодојден пациент се појави на социјалните мрежи кое се појави вчера по социјалните мрежи.

Читател на Булевар.мк ни испрати уште едно видео на кое се гледа насилство врз пациенти во Бардовци кое е на истиот профил на кое беше постирано вчерашното видео.
Погледнете за што се работи:

Денеска медиумите известија дека ДЗСИ веќе издал налог за вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Психијатриска болница „Бардовци“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк