Connect with us

Свет

ЃОКОВИЌ НЕМА ДА БИДЕ КАЗНЕТ ЗА НАПИШАНОТО ЗА КОСОВО: „Тоа е срцето на Србија, таму се случи најголемата битка…“

Новак Ѓоковиќ најверојатно нема да се соочи со казна за неговата порака за Косово што ја објави на Отвореното првенство на Франција, изјавија официјалните лица на турнирот. Тениската ѕвезда по победата во првото коло на една до камерите на настанот напиша „Косово е срцето на Србија, стоп за насилството“ по неговата победа.

Во изјавата цитирана од британски Мирор, претставниците на Ролан Гарос рекоа дека „нема официјални грен слем правила за тоа што играчите можат или не можат да кажат“.

Организаторите додадоа дека „Француската тениска федерација (ФФТ) нема да дава никаква изјава или да зазема став по ова прашање“.

Ѓоковиќ призна дека неговата порака од камерата предизвика критики на интернет, но инсистираше дека „ќе го направи тоа повторно“, каква и да биде казнатa за тоа.

– Како Србин, ме боли тоа што се случува на Косово. Нашите луѓе се избркани од општините. Ја чувствувам одговорноста како јавна личност да покажам поддршка, а особено ја чувствувам како син на човек кој е роден во Косово. Ова е најмалку што можам да направам – им рече Ѓоковиќ на новинарите.

– Косово е нашето срце, упориште, центар на најважните настани, таму се случи најголемата битка, најмногу манастири. Има многу причини зошто го напишав ова – објасни тој.

Коментарите на Ѓоковиќ дојдоа откако во понеделникот избувна насилството во неколку градови на северот на Косово, додека локалните Срби протестираа против новопоставените албански градоначалници.

Во одбрана на Ѓоковиќ неодамна застана и српскиот играч Миомир Кечмановиќ. На прашање од британски новинарда го коментира тоа што Ѓоковиќ „се истрчал“ да напише дека Косово е срцето на Србија.

– Новак е херој на нацијата во Србија, тоа не е ништо сензационално. Насилството е непотребно никаде во ова време, особено во татковината, тој направи нешто нормално, реагираше, нормално е да се напише нешто такво. Не треба да навлегувате политика и да зборувате за тоа, а луѓето со одреден статус, нивниот глас треба да се слушне, луѓето се свртуваат кон нив и ги слушаат нивните херои и луѓето што ги сакаат. Јас немам семејство и пријатели во таа област (во политиката) но без разлика, работите не се ништо помалку лоши (и во мојот случај) – рече Кечмановиќ за својот сонародник.

Свет

Пожар го проголта пазарот во Санкт Петербург, има повредени

Голем пожар избувна на пазарот Правобережни во Невскиот округ во Санкт Петербург, зафаќајќи го целиот пазарен комплекс. Снимки од воздух покажуваат дека пламените јазици брзо се прошириле по целата должина на објектот, придружени со густ столб црн чад.

Пожарникарските екипи интервенираат на главниот влез, а според Министерството за вонредни ситуации, до 19:00 часот по локално време огнот се проширил на околу 300 квадратни метри. Настанот е класифициран како ниво два – повисока категорија на опасност. На терен се распоредени шест противпожарни возила и триесет пожарникари.

Според сведоштва на вработени, пожарот започнал на вториот кат, каде прво „нешто почнало да искри“, по што просторот брзо се исполнол со густ чад и луѓето во паника излегле надвор. Очевидци велат дека се слушнале и неколку експлозии.

Општинското обвинителство ги истражува причините за несреќата, а руските медиуми пренесуваат дека две лица се повредени.

Continue Reading

Свет

Кина изврши смртна казна врз поранешен директор за корупција

Кина го погуби Баи Тианхуи, поранешниот генерален директор на компанијата „Чајна Хуаронг Интернешнл Холдингс Лтд.“, осуден за примање мито во износ од 156 милиони долари. Егзекуцијата се изврши во градот Тјанџин по одобрување од Врховниот народен суд, јавува државната агенција „Синхуа“.

Со пресудата од мај 2024 година, Баи беше осуден на смрт, му беа одземени политичките права доживотно, а неговиот имот и нелегално стекнати профити беа конфискувани и вратени во државната каса. Врховниот суд го потврди решението на Вишиот народен суд Тјанџин, оценувајќи ги злосторствата на Баи како особено сериозни.

Баи имаше право на средба со своите роднини пред егзекуцијата, а неговата активност за примање мито се однесува на периодот од 2014 до 2018 година, кога незаконски стекнал 1,108 милијарди јуани (приближно 157 милиони долари).

Continue Reading

Свет

Голема трагедија во Мароко: Спасувачи трагaат по преживеани под урнатините

Во населбата Ал Мостакбал ал Масира во округот Зуага, Фес, станбени згради се урнаа ноќта помеѓу 9 и 10 декември, при што голем број жители останаа заробени под урнатините, објави мароканската новинска агенција МАП.

Локалните власти ги повикаа граѓаните да се држат подалеку од нестабилни згради и да пријавуваат структурни оштетувања. Спасувачките екипи интензивно работат на расчистување на урнатините во потрага по преживеани, а на социјалните мрежи се појавија видеа од операциите.

Семејствата кои останаа без дом ќе добијат итно сместување и помош, додека загриженоста за безбедноста на постарите работнички населби во Фес повторно се зголеми. Уривањето на дотраени згради не е невообичаено во Мароко, што дополнително ја потенцира потребата од итни реконструкции.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг