Connect with us

Скопје

Над 100 повеќедецениски дрвја се во опасност да бидат отстранети заради реконструкција на улицата кај Јаја паша (Видео)

Published

on

Со 30 гласа ЗА Советот на Град Скопје даде 140 милиони денари за улицата „Цветан Димов“ во Чаир иако проектот за улицата не е јавно достапен ниту го видел некој од советниците, алармираат од иницијативата Зелен Хуман Град. 

Оттаму деновиве предупредија дека со изградбата на оваа улица ќе се исече дрворедот и со тоа ќе има, како што велат, уште една пустина во Скопје. 

Од ЗХГ ги споделија и фактите: 

– 140 мил. мкд се 20% од годишниот буџет на Град Скопје за улици и патишта

– Според јавно достапни проценки (сосе експропријациите), вкупната сума за улицата може да надмине 6,5 милиони евра

– На потегот има над 100 повеќедецениски дрвја кои се во опасност да бидат отстранети

– Не постојат никакви гаранции дека со 6,5 милиони евра ќе се создаде безбедна инфраструктура за ранливите учесници во сообраќајот.

– Ги прашавме советниците дали практикуваат да даваат свои пари без да знаат што купуваат. Ако со своите пари не го прават тоа, зошто им е прифатливо да го прават со парите на граѓаните?! Апелираме до сите жители на Скопје: контактирајте ги советниците за кои сте гласале, инсистирајте Советот да не дозволи работите на терен да започнат без јавноста да има увид во проектот и доволно простор за тој проект да се смени ако има потреба, порачаа денеска од ЗХГ. 

Скопје

Возете внимателно: Сообраќајка на булеварот „Партизански Одреди“

Published

on

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека на булеварот Партизански Одреди, во насока на движење од улицата Шекспирова кон крстосницата со булеварот 8ми Септември, во близина на Хотел Карпош, пред малку се случи сообраќајна незгода.

ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон овој потег и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Continue Reading

Скопје

Турчин збеснал во казино во Центар

Published

on

Приведен е државјанин на Република Турција од полициски службеници на СВР Скопје оти се однесувал агресивно во казино и со остар предмет се заканувал на вработените во едно казино на подрачјето на Центар. 

„На 17.11.2024 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.Г.(34) од Република Турција затоа што во казино на подрачјето на Центар во Скопје агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на вработените“, информира МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Скопје

Кој ги донел првите лизгалки – Како некогаш изгледало градското лизгалиште под Кале?

Published

on

Постарите генерации сигурно се сеќаваат на изгледот на старото градско лизгалиште под Кале. 

Во Фејсбук групата „Стари скопјани“, членот Стрезо Вубалевски, споделил фотографии токму од таа локација. Фотографии на кои е прикажано едно друго време, различно функционирање на секојдневието.

Со фотографиите, напишал и опис во кој се зборува за историјатот на градското лизгалиште.

-Лизгањето во градот еволуирало од замрзнатото скопско езерце во Градскиот парк. Тогаш никој немал вистински лизгалки, туку се импровизирало. Се носеле високи чевли, а над нив штици кои се подесувало со штраф. Првото лизгалиште во Скопје е отворено во почетокот на седумдесетите години на минатиот век. Првите лизгалки во Скопје ги донел некој Словенец, а потоа се појавиле во продавниците на тогашната „Македонија шпорт“. Имало машки и женски, според големината и бојата и женските обично биле бели, а хокејските биле само за привилигираните. Нив почнале да ги носат од странство – од познатите соц-ексукрзии по Чехословачка, Полска, Русија родителите се враќаа со лизгалки на голема радост на своите деца.

Во доцните седумдесети години хокејот на мраз бил актуелен во Македонија. Во Скопје тогаш постоеле два клуба – Вардар и Скопје кои се натпреварувале во тогашната единствена Прва сојузна лига, а потоа и во Втората лига. Иако знаеле да губат и со 40 разлика од тогашните најдобри екипи од Словенија, Јесенице и Олимпија, сепак ќе остане забележано во аналите дека и на овие простори се играло хокеј.

Во тоа време во Скопје се одржале и Ц-квалификации за Светско првенство, кога трибините околу лизгалиштето во Кале биле полни. Во почетокот на осумдесетите години и двата клуба се распаднале. Најпознати хокеари биле браќата Грчевски – Васко, Ѓорѓи и Блаже, потоа браќата Аиновски – Ристо, Павел и Перо, голманот Чупевски, бекот Ѓорги Ковачевски и други. – се вели во описот на фотографиите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк