Connect with us

Забава

Во морето фотошопирани модели – НИКОГАШ ПОЖЕШКА ФОТОГРАФИЈА од МЕГАН ФОКС

Published

on

Во морето ретуширани фотографии на познати личности на Инстаграм, најновата објава на холивудската актерка Меган Фокс е вистинско освежување. Убавицата по која воздивнуваат многу момци изненади со селфи од птичја перспектива, кое навистина изгледа не е фотошопирано.

Megan Foks

Ѕвездата на „Трансформерс“ и свршеница на контроверзниот музичар Машин Ган Кели позирала легната на каучот во ситно црно бикини. Видливи се мали несовршености, но пропорциите на познатата секс бомба едноставно го одземаат здивот.

Доволно е да се каже дека оваа објава собра повеќе од милион лајкови на Инстаграм за само еден час. Комплиментите се слеваат и се чини дека сите ја поздравуваат одлуката на актерката конечно да се прикаже во вистинско светло.

Забава

Битола преубав ! Грмеше пред Офицерски (Фото галерија)

Published

on

Просторот од платото на Офицерскиот дом во Битола синоќа беше претесен да ги собере сите битолчани, кои во огромен број дојдоа да го проследат вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“.

Публиката уживаше во настапите на: Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Македонските естрадни уметници успеаја да го разбудат патриотскиот дух кај битолчани, со извонредни изведби на патриотски песни.

Очигледно граѓаните одлично го прифатија овој проект и со нетрпение ги очекуваат концертите во останатите градови.

Continue Reading

Балкан

Георгиевски реагира за патиките кои Перо Антиќ му ги подари на Вучиќ: Симболот од кој се тресевме до 2001 година, сега како верност за српскиот свет

Published

on

Екс премиерот и лидер на ВМРО – Народна партија Љубчо Георгиевски преку Фејсбук реагираше на вчерашниот гест на претседателот на КФМ Перо Антиќ кога на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ му подари патики со српски обележја.

-Четири С, многу убав македонски идентитетски поклон од претседателот на Македонската кошаркарска федерација до претседателот на Србија. Симболот од кој се тресевме до 2001 година, а сега како верност кон српскиот свет, напиша Георгиевски на Фејсбук.

Вчера српскиот претседател по средбата со Антиќ кој дел од професионалната кошаркарска кариера ја помина во Србија објави видео на кое го покажува подарокот од Антиќ.

Continue Reading

Забава

Ламбе ја запеа “Заветна” на Големото Езеро на Пелистер (ВИДЕО)

Published

on

Пејачот Ламбе Алабаковски на Големо Езеро на Пелистер ја запеа прекрасната македонска песна „Заветна“.

Ја препеаја многу македонски пејачи, а како звучи кога пее Ламбе, слушнете во продолжение:

https://youtu.be/lkg1zlU2Ls0

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк