Мирјана Коларич (47) од Словенија ја бара својата сестра-близначка, која официјално починала за време на породувањето, но семејството со години се сомнева во таа приказна.
„Мама нѐ роди на 31 мај 1976 година во Марибор. Јас бев првородена, а по раѓањето на сестра ми, на мајка ми ѝ било речено дека таа починала бидејќи бевме недоносчиња. Жената која била во собата со мајка ми слушнала бебешки плач, но и покрај молбите на мајка ми и татко ми да го видат телото на бебето, лекарите не им го покажале и не им дозволиле да ја погребаат“, пишува таа на својот фејсбук-профил.
Мирјана Коларич во детството / Фото: Фејсбук/Мирјана Коларич
Жената наведува дека отсекогаш имала чувство дека нејзината сестра е жива. Во една прилика, на оваа тема разговарала со нејзината мајка, која низ солзи ѝ кажала дека и таа верува дека близначката е жива.
„Тогаш првпат ми се заледи крвта од тие зборови. Вторпат ми се случи такво нешто кога открив дека покрај моето име во централниот регистар не е запишано дека јас имав сестра-близначка при раѓањето. Третиот пат беше кога ја видов нараквицата од породилиштето, која мајка ми сѐ уште ја чува“, вели Мирјана Коларич.
Мирјана Коларич во младоста / Фото: Фејсбук/Мирјана Коларич
Таа вели дека потрагата по сестра ѝ, сите досегашни сознанија ја водат до Сараево.
„Ве молам, погледнете ги моите фотографии. Можеби некоја жена која ја познавате личи на мене“, побара таа од корисниците на социјалните медиуми, заедно со молбата да ја споделат нејзината објава на своите профили.
Мирјана Коларич денес / Фото: Фејсбук/Мирјана Коларич
Моментално, нејзината објава е споделена повеќе од осум илјади пати, од страна на луѓе од целата поранешна Југославија.
Сепак, таа не сака да открие зошто мисли дека сестра ѝ се наоѓа во главниот град на Босна и Херцеговина.
„Не можам сега да откријам, но можеби во друга прилика“, одговори таа на еден од коментарите на нејзината објава.
Oбвинителството за наркотици при Солунската дивизија и ДЕА, разбија „семеен бизнис“ на 50-годишен Албанец, кој заедно со сопругата и двајца внуци се осомничени за шверц на дрога откако кај нив се пронајдени 580 килограми кокаин.
Партнер на семејството бил и маж кој е роден во Албанија, кој поседувал грчка лична карта, а полициски извори наведуваат дека никој од уапсените претходно не бил во фокусот на органите на прогонот. Огромното количество дрога е пронајдено во две возила и во куќа во која живееле тројца од членовите на криминалниот круг.
Против нив поединечно е поднесена списа за злосторничко организирање и за нелегална трговија со дрога, оштетување на странски имот и пружање отпор. Забележано е дека 50-годишниот Албанец е водач на групата, со главна улога во увозот на големи количества кокаин од земјите од Латинска Америка и нивно натамошно движење на грчка територија, но и во европските земји.
Во вооружен судир со косовската полиција загинаа четири лица од српска националност, од кои еден е идентификуван како Игор Миленковиќ.
Во вооружената пресметка четворица Срби, меѓу кои и Игор Миленковиќ, беа убиени од косовската полиција во Бањска.
Игор Миленковиќ (50) работел како возач на Брза помош во Клиничко-болничкиот центар на Косовска Митровица.
Престрелката со косовската полиција се случи откако беше убиен полицаецот Африм Буњак.
Двајца од Србите биле убиени од косовската полиција со снајпер. Косовската полиција пронајде поголемо количество оружје, а за дел од групата посочи дека пребегнала во Нови Пазар.
Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека продолжуваат нападите врз косовската полиција, како и дека во нив учествуваат 30 вооружени лица.
„Како што многупати кажав, нападите врз косовската полиција продолжуваат, има најмалку 30 тешко вооружени луѓе, војска и полиција, кои се опколени од косовската полиција и кои ги повикувам да се предадат на нашите сили“, рече Курти на вонредна прес-конференција, пренесе „Еуроњуз“.
Тој го обвини официјален Белград дека ги финансира и раководи со постапката.
„Нашите полицајци, откако беа попречени на патот, беа нападнати со различно оружје, вклучително и рачни бомби. Денеска е тежок ден за нашата земја. Го осудуваме овој терористички напад. Злосторството е финансирано од официјален Белград. Ние го штитиме и спроведуваме законот и независно Косово“, додаде Курти.
Тој рече и дека сторителите и поттикнувачите на нападот ќе бидат фатени и казнети.
„Ги повикувам граѓаните да останат смирени и да покажат разумност дозволувајќи им на институциите да си ја вршат работата“, додаде тој.
Претходно беше објавено дека еден косовски полицаец бил убиен.