посочи, се прави системски исчекор во воведување на методологија за раст на платите која во себе ќе вклучува индексирање на платите по формулата просечна бруто плата помножена по коефициентот на сложеност која ќе стапи во сила од март 2025 година.
Второто системско решение е воведувањето и во делот на исплатата на регресот за годишен одмор, односно К-15 кое во наредната година ќе изнесува најмалку 30 проценти од просечната нето плата.
– Со цел наредната година животниот стандард на вработените во јавниот сектор да биде заштитен од евентуален инфлаторен бран согласно Колективниот договор се предвидува доколку инфлацијата надмине 3 отсто, тогаш ќе добие зголемување на платата кое ќе биде еквивалентно во процентни поени на нагорното нејзино отстапување од овие основни 3 отсто. Или, илустративно – ако инфлацијата изнесува 7 отсто, тогаш зголемувањето на платите ќе изнесува 4 отсто, појасни Битиќи.
Повисоките плати во јавната администрација, според него, се клучни за подобруваање на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните и бизнис секторот, поттикнување на продуктивноста и иноватиноста, намалување на корупцијата, промовирање на економскиот раст, привлекување професионалци и демонстрација на вредности и посветеност во заштитата и унапредувањето на јавниот интерес.
Министерот за финансии Фатмир Бесими го оцени договорот како историски успех, со кој се вопставува здрава и солидна основа за економско-социјален дијалог меѓу Владата и вработените во јавниот сектор.
– На 130 илјади вработени им се подобруваат статусот и условите за работа, а со тоа ќе се подбрат и услугите што им се нудат на приватниот сектор и на граѓаните. Целта е да подобрат условите за вработените во јавниот сектор и услугите што ги нудат. Со постигнатиот договор се зајакнува неависноста на јавниот сектор од политички влијанија, а платите ќе се уредуваат системски, рече Бесими, додавајќи оти се постигнува во време на сериозни кризи – економска, ковид, финасика, безбедносна.
Дел од синдикатите кои учествуваа во преговорите за општиот колективен договор, сепак, денеска не ставија потпис на договорот.
Во наредните недели ќе бидам дел од реномираниот тим на експерти во Универзитетската болница Коч, Истанбул, еден од најнапредните центри за лапароскопска и роботска абдоминална хирургија, соопшти Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи, кој сега работи на Клиниката задигестивна хирургија.
„Привилегија е да се биде дел од една од највисоките светски експертизи и да се донесе ова искуство на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, за дополнително да се подигне нивото на лекување и иновативност!“, напиша тој.
„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново
Изградбата на дел од овој експресен пат поточно делницата Градско-Дреново која е дел од Коридорот 10д е од витално значење за централниот и југозападниот дел на државата поради големата дневна фреквенција на возила меѓу кои и голем број на товарни возила.
Кога дојдов на функцијата директор на ЈПДП затекнав состојба на нерешени проблеми кои ја успоруваа изведбата на преостанатите градежни работи, но направивме натчовечки напори да ги решиме проблемите и да ги забрзаме работите.
Дозволете да им заблагодарам на премиерот Hristijan Mickoski ,министерот за траснпорт и потпреседател на владата Aleksandar Nikoloski и сите министри на владата на Република Македонија кои даваат огромна поддршка за реализација на проектите.
Посебно сакам да се заблагодарам на Изведувачот на работите-Штрабаг, како и на Надзорот ЕГИС, кои ги финишираа работите на овие 15.5 километри од првата делница, но и на Изведувачот на работите на втората делница Дреново–Фариш, а тоа е СИНОХИДРО и на Надзорот ГЕИНГ и ЕВРО КОНСАЛТИНГ кои помогнаа да се заврши и делот од отприлика еден километар од втората делница кој води до клучката Дреново.
Денеска пуштивме вкупно 16.5 километри од експресниот пат кој започнува кај клучка Градско, а завршува кај клучка Дреново.
Проектот е со вкупна вредност од 37.5 милиони евра и е финансиран 71,5% од ИПА фондови со вредност од 26.7 милиони евра и 28,5% од Национално Ко-финансирање во вкупна вредност од 10.6 милиони евра. Ширината на коловозот е 12,40 м, а делот што го пуштаме во употреба содржи: 3 клучки (Градско, Росоман и Дреново), 4 вијадукти, 1 мост, 4 надпатници, 3 подпатници, 7 плочасти пропусти и 28 цевасти пропусти.
Исто така сакам јавно да ветам дека и покрај двата поголеми проблеми, а тоа се ублажување и заштита на косините за коишто веќе имаме решенија, како и решавање на проблемот со заштита од опасни карпи на патот за што разгледуваме можни решенија, и втората делница Дреново – Фариш набрзо, односно уште оваа пролет некаде во март/април ќе биде завршена и пуштена во употреба.
Така ќе добиеме целина од 26 км експресен пат, кој значително ќе го забрза сообраќајот во централниот дел на државата, односно Коридорот 10д кој е еден од најзначајните патни правци и кој значително ќе го скрати времето на патување од Градско кон Прилеп и Битола.
Имаме предвидено и решение и за оние 4,76 километри кои во моментов се слепо црево на целиот овој потег од Градско до Прилеп, а кои се протегаат од каменоломот Маврово до село Беловодица и во периодот што следува интезивно ќе работиме и на овој план.
Како што знаете работиме и на изградбата на автопатската делница од Прилеп до Битола и сите овие започнати проекти ќе бидат од голем бенефит не само на жителите од регинов туку и на сите патници добронамерници, но што е најважно бенефит ќе има и бизнис заедницата која ќе може порелаксирано да го развива бизнисот, а со самото тоа крајната придобивка е на контото на граѓаните.
На Германија ѝ недостасува речиси секој профил на квалификувани работници.
Им требаат од возачи на автобуси и камиони, до градинари и ѕидари, месари и келнери, пишува германската новинска агенција (ДПА).
На пример, 44 отсто од сите возачи на автобуски и железнички јавен превоз имаат најмалку 55 години. Меѓу сите вработени во Германија, секој четврти има над 55 години. Уделот на постарите работници од 27 отсто е нешто над просекот во здравството, пренесува Феникс магазин.