Connect with us

Uncategorized

Јанчев ја поднови сопругата со автомобил од 240.000 евра: Жените заслужуваат почит!

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев ја поднови својата сопруга Веселка со нов автомобил од марката Range Rover. Возилото со бела боја кое пристигнало на нивната адреса ја изненадило Јанчева, со која градоначалникот е заедно од рана младост.

За „Фокус” тој вели дека секоја жена заслужува љубов и почит од страна на својот сопруг, бидејќи според него жената е столб на семејството.

-Со сопругата сме заедно 25 години и таа секогаш стоела покрај мене, во добро и во лошо. Родители сме на три деца, заедно ги воспитуваме на вистинските вредности, а семејството за нас не би рекол дека е приоритет, туку дека е се!
Новиот автомобил кој и го подарив на сопругата е само гест на внимание, на благодарност за сето она кое таа значи за мене и за нашето семејство, за нејзината пожртвуваност. Растен сум во фамилија каде семејните вредности се светост, ја продолжуваме таа традиција- вели градоначалникот.

Додава дека не е важен подарокот, туку вниманието пред се, и за него мажите кои си ги почитуваат своите сопруги и кои ја покажуваат својата љубов кон нив, се луѓе во вистинскиот смисол на зборот.

-Жената е таа која од куќата прави дом, која ја дава таа топлина помеѓу ѕидовите, која пожртвувано се грижи за децата, за целата организација на едно семејство. Со сопругата заедно минавме многу години, добри и тешки моменти, како што впрочем се случува во сечиј живот, овој подарок е само еден начин да и покажам колку ми значи нејзината поддршка и посветеност – изјави Јанчев.

Uncategorized

Коњановски: Почитта кон хероите се мери со делата што ги создаваме

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот уметник и педагог Панде Петровски.

Петровски, афористичар, карикатурист, илустратор и сценограф, остави значителен белег во македонската и битолската уметност, а неговата посветеност кон творењето е препознатлива и денес.

За едногодишни достигнувања наградени беа: Игор Трајковски Фоја за значаен придонес во културата, актерот и режисер Мартин Мирчевски, Дарко Секуловски за промоција на Битола преку современи медиуми, како и Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ за работа со лица со посебни потреби.

Градоначалникот Тони Коњановски им ги врачи наградите на добитниците, истакнувајќи дека почитта кон минатото се мери со делата што ги создаваат заедниците денес. Во рамките на свеченоста, уметничката програма ја изведе пијанистката Теодора Капинковска.

Continue Reading

Uncategorized

„Комуналец“ Битола поставува нови контејнери

Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола продолжува со активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во градот, поставувајќи нови контејнери за селектирано собирање отпад на повеќе локации.

Со оваа акција се овозможува полесно и поефикасно одвојување на отпадот, особено на хартијата и пластиката, со што се поттикнува одговорно однесување кон животната средина.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да ја поддржат оваа иницијатива и редовно да го селектираат отпадот, бидејќи секој мал чекор придонесува кон почиста и поодржлива Битола.

Continue Reading

Uncategorized

Коњановски: Битола продолжува со крупни инфраструктурни проекти

На последниот ден од септември, осумте кандидати за градоначалник на Општина Битола учествуваа на предизборна дебата во форматот „Директно“, организирана од ТВ Телма и Националниот демократски институт.

Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат, Тони Коњановски, нагласи дека еден од најголемите адути на неговиот мандат е изградбата на инфраструктурата во градот.

„Ако со нешто може оваа локална гарнитура да се пофали и гордее, тоа е инфраструктурата. Градот во изминативе четири години беше градилиште,“ изјави Коњановски.

Тој потенцира дека се реализирани над 50 километри инфраструктурна мрежа, што, како што рече, во одредени периоди предизвикувало и застои во сообраќајот. „Направивме доста, се извинивме многупати затоа што едноставно го попречивме одвивањето на сообраќајот, но над 50 километри инфраструктурна мрежа е направена и така ќе продолжиме во идниот период. На тоа се поклопи и проектот за топлификација,“ истакна Коњановски.

Градоначалникот посочи и дека е завршена првата фаза на булеварскиот влез во Битола, на потег од 800 метри, со коловоз широк 27 метри. „Тоа е она што граѓаните постојано го бараат – адекватни влезови. Во идниот мандат продолжуваме со влезот од страната на Охрид,“ додаде тој.

Како приоритетни проекти за следниот период ги најави санирањето на коритото на реката Драгор и изградбата на повеќе од 50 нови улици во рамки на програмата на Општината.

Во дебатата, која се одржа во дворот на Офицерскиот дом во Битола, учествуваа и останатите кандидати за градоначалници: Методија Куновски, Габриела Илиевска, Зоран Николовски, Васко Деловски, Мирјана Мирчевска, Кире Димов и Јорго Огненовски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг