Connect with us

Македонија

Прободениот началник од Струга е брат на обвинителот Ајтан Ајро?

Published

on

На Твитер кружат информации дека струшкиot началник кој вечерва беше прободен со нож е брат на обвинителот Артан Ајро, кој неодамна е избран во Вишото обвинителство.

Началникот на струшката полиција кој е избоден,  има тешки телесни повреди, но не е во животна опасност.

Во акција на струшката полиција вечерва е фатен напаѓачот на началникот на Одделението за внатрешни работи Струга, Ајро Дритан кој доживеа тешки повреди по напад со нож од жител на Велештa.

Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Ајтан Ајро и Дритон Ајро се синови на поранешниот судија во Судскиот совет Неџат Ајро

Македонија

Приведени тројца возачи, управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни незгоди

Published

on

На 13.07.2025 во 05.30 часот во с.Јосифово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишија од слобода Т.Ј.(52) од с.Удово, валандовско. Околу 04.20 часот на регионалниот пат Р-1105, кај с.Јосифово, валандовско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело. Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

На 14.07.2025 во 07.00 часот на магистрален пат А2 во село Гиновци, општина Ранковце, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.Ц. (38) од Радишани, скопско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.13 промили алкохол во крвта.

На 13.07.2025 во 07.50 часот на регионалниот пат Делчево-Берово, во с.Смојмирово, беровско, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода А.Н.(30) од с.Црник, пехчевско. При вршење увид по претходно случена сообраќајна незгода, полициските службеници констатирале дека А.Н. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил приведен и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, против тројцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Continue Reading

Македонија

Пет активни пожари низ земјава – најмногу зафатена е дабовата шума кај Македонски Брод

Published

on

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава објави извештај за состојбата со пожарите на отворен простор, заклучно со 07:00 часот на 14 јули 2025 година.

Според податоците, во моментов се активни пет пожари, додека 19 се целосно изгаснати, а нема пожари под контрола.

Активни пожари се пријавени на следните локации:

Општина Дојран, село Николич – гори нискостеблеста шума.

Општина Чучер Сандево, село Горњани – исто така зафатена нискостеблеста шума.

Општина Велес, во близина на селата Џидимирци и Крушје – зафатена мешана шума.

Општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина – опожарена дабова шума, грмушки и ниска вегетација.

Општина Прилеп, населба Три Багреми – гори ниска вегетација.

ЦУК апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни, да не палат оган на отворено и веднаш да пријават било каков сомнителен чад или оган.
Службите се постојано на терен и се преземаат мерки за локализирање и гаснење на пожарите.

Continue Reading

Македонија

Подгответе се за пеколни температури! Еве какви температури ја очекуваат Македонија во следниов период

Published

on

Македонија под влијание на топол бран од Африка, температури до 38 степени!

Продолжува периодот на суша и на стабилно и суво, како и сончево време во нашата Република Македонија со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува и ветерот од северен правец. Во периодот од понеделник (14 јули па до петок 18 јули) ќе бидеме под топол бран од југ, односно од Африка, и истиот ќе биде по умерен за разлика од изминатиот прв топол бран кој ја зафати нашата Македонија и донесе многу високи температури на воздухот над 40 степени.

Во текот на оваа работна недела, додека трае по умерениот топол бран од Африка, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 37/38 степени. И во Скопскиот регион повремено ќе засилува ветерот од северен правец.

Ув индексот во текот на оваа работна недела ќе има висока до многу висока вредност и ќе изнесува 9.

Барем одсега гледано, во најава немам никаков поголем влажен бран кој би ја прекинал оваа голема суша што ја зафати нашата Македонија, што значи дека некои пообилни врнежи засега нема на повидок, освен утре (вторник 15 јули како и во петок 18 јули) кога во попладневните часови ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд и грмежи, особено во планинските предели.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг