Connect with us

Македонија

Повеќе од 65% од македонските граѓани не можат да си дозволат да одат на одмор

Published

on

Последниот податок на страната на Еуростат за Република Македонија се однесува на 2020 и изнесува 55% од Македонците дека не можат да дозволат годишен одмор. Од 2020 до 2022 година светот беше затворен поради пандемијата и туризмот беше сведен на минимум.

Од декември 2021 наваму инфлацијата е во постојан раст, а куповната моќ на македонските граѓани секој ден опаѓа. Оттаму, повеќе од 65% од граѓаните на Македонија не можат да си дозволат еднонеделен одмор на море, езеро или планина.

Најзагрозени се семејства со еден родител, семејствата со повеќе деца, работниците со месечни примања помали од просекот и пензионерите.

Последната анкета на Евростат која е спроведена над 40 000 испитаници, граѓани на Европската Унија, за тоа колку од нив не можат да си дозволат барем една недела одмор надвор од местото на живеење покажа дека просекот е нешто на 28% жители. Најлош е просекот во Романија (62%), Бугарија (48%) Грција(43%) и Хрватска(42%).

Ако се земат предвид просечните плати на споменатите држави (Романија 810 евра, Бугарија 773, Грција 936 и Хрватска 1130) се поставува прашањето колкав процент од македонските граѓани не можат да си дозволат седумдневен одмор надвор од местото на живеење, со оглед на тоа што македонскиот просек на плати е многу понизок.

Правото на одмор од минимум 20 работни дена во годината е законски регулирано право. Работодавачот е должен да го даде, а работникот не смее да го одбие. Исто така правото на годишен одмор не значи само дека работникот се ослободува од работните обврски туку и право и можност да влезе во туристичките текови, да го напушти своето постојано живеалиште и да се упати кон одредена туристичка дестинација. Но повеќе од 65% од македонските граѓани тоа не можат да си го дозволат.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=860059842143748&set=a.490794192403650

Македонија

Упатил закани со огнено оружје, па при претрес на неговиот дом најдени пиштоли и куршуми

Published

on

Жител на Тетово бил уапсен вчера, откако претходно при расправија се заканувал со огнено оружје. При претрес на неговиот дом, полицајците нашле пиштол „ЦЗ“ и колекционерски кубур, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А (51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.07.2024, пријавениот упатувал закани со огнено оружје кон едно лице, а при претрес во неговиот дом и други простории, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Црвена застава“, калибар 7,62, две рамки за огнено оружје и 46 куршуми калибар 7,62 мм и пиштол кубура (колекционерско оружје)“, пишува во полицискиот билтен.

Continue Reading

Македонија

Вкупно 12 жени уапсени во угостителски објект

Published

on

Повторно полициска контрола во угостителски објект во Гостивар. Уапсени се 12 жени.

– На 30.12.2024 во периодот од 00.00 до 01.10 часот, полициски службеници при ОВР Гостивар, во содејство со полициски службеници од СВР Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А.(48) од Гостивар. При контролата во објектот биле затекнати 12 женски лица, од кои пет (четири од Република Србија и една од Република Албанија) го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од полицијата. 

Continue Reading

Македонија

Крадец нападнал полицаец во Скопје

Published

on

На 29.12.2024 во 10.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(26) од Скопје.

Тој бил баран поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела од областа на имотните деликти, а при негово приведување физички нападнал полициски службеник, а се обидел и да го нападне со остар предмет, но бил спречен од другите полициски службеници. 

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк