Connect with us

Забава

СКАНДАЛ на настапот на славната пејачка: Девојка ја полеала со ПИВО, а таа ја ТРЕСНАЛА со микрофонот

Published

on

Популарната раперка Карди Би е снимена како фрла (и удира) девојка во публиката на нејзиниот концерт во Лас Вегас, откако оваа ја погодила со пиво, пишува Дејли мејл.

Карди (30) е снимена од неколку агли како го фрла микрофонот, а снимката набрзо се проширила низ Икс (екс Твитер).

Ова не е прв пат Карди да одлучи да го користи микрофонот за нешто друго освен за пеење: вечерта пред ова шоу, таа се вознемири во еден клуб кога диџејот прекинал една од нејзините песни, па го погодила со микрофонот.

На видеото од Лас Вегас, се гледа како Карди, додека го пее својот хит од 2018 година, „Bodak Yellow“, реагира прво со неверување кога ќе ја полеат со пиво, а потоа брзо се собира и прецизно ја погодува девојката што ја Многумина забележаа дека иако Карди го испушти микрофонот, „продолжи да пее“ (читај откриен е плејбекот).

Забава

Битола преубав ! Грмеше пред Офицерски (Фото галерија)

Published

on

Просторот од платото на Офицерскиот дом во Битола синоќа беше претесен да ги собере сите битолчани, кои во огромен број дојдоа да го проследат вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“.

Публиката уживаше во настапите на: Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Македонските естрадни уметници успеаја да го разбудат патриотскиот дух кај битолчани, со извонредни изведби на патриотски песни.

Очигледно граѓаните одлично го прифатија овој проект и со нетрпение ги очекуваат концертите во останатите градови.

Continue Reading

Балкан

Георгиевски реагира за патиките кои Перо Антиќ му ги подари на Вучиќ: Симболот од кој се тресевме до 2001 година, сега како верност за српскиот свет

Published

on

Екс премиерот и лидер на ВМРО – Народна партија Љубчо Георгиевски преку Фејсбук реагираше на вчерашниот гест на претседателот на КФМ Перо Антиќ кога на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ му подари патики со српски обележја.

-Четири С, многу убав македонски идентитетски поклон од претседателот на Македонската кошаркарска федерација до претседателот на Србија. Симболот од кој се тресевме до 2001 година, а сега како верност кон српскиот свет, напиша Георгиевски на Фејсбук.

Вчера српскиот претседател по средбата со Антиќ кој дел од професионалната кошаркарска кариера ја помина во Србија објави видео на кое го покажува подарокот од Антиќ.

Continue Reading

Забава

Ламбе ја запеа “Заветна” на Големото Езеро на Пелистер (ВИДЕО)

Published

on

Пејачот Ламбе Алабаковски на Големо Езеро на Пелистер ја запеа прекрасната македонска песна „Заветна“.

Ја препеаја многу македонски пејачи, а како звучи кога пее Ламбе, слушнете во продолжение:

https://youtu.be/lkg1zlU2Ls0

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк