Connect with us

Скопје

Голем пожар во Волково, граѓаните во страв за своите домови (Видео)

Published

on

Страв и паника на населението на скопско Волково во обид да ги спасат своите домови од пожарот кој настана денеска.

Се интервенираше со шест противпожарни возила, а пожарот настанал од запалено ѓубре кај реката Лепенец.

Пожарот е ставен под контрола иако на моменти изгледало страшно, и истиот зафатил површина од неколку километри.

Погледнете го прилогот на Сител ТВ

Скопје

Скопјанка нападната во влез на зграда

Published

on

На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18-годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена зграда на подрачјето на Центар, едно машко лице ја допирало по телото, стои во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопје

Орце Ѓорѓиевски: Продолжуваме со возобновената традиција за Водици

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со гордост најави дека оваа година, на 19 јануари, ќе се одржи традиционалната манифестација по повод празникот Водици. Настанот ќе започне со Богојавленска литија од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30 часот и ќе продолжи со осветување на водите и положување на Светиот Крст во базенот „Расадник“ во 11:00 часот.

За најсреќниот учесник кој ќе го извади крстот од осветените води е предвидена парична награда од градоначалникот, како и дополнителни награди од спонзорите.

„Ве поканувам сите да земеме масовно учество во оваа манифестација и заедно да ја продолжиме оваа прекрасна традиција, славејќи ги нашите христијански вредности,“ изјави Ѓорѓиевски.

Заинтересираните учесници можат да се пријават до 18 јануари во 18:00 часот на телефонскиот број: +389 78207687 (Далибор), со задолжително потпишување на изјава за добра здравствена состојба.

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да се приклучат на Богојавленската литија и на заедничкото славење на празникот.

Continue Reading

Скопје

Прекин на струја во делови од Скопје

Published

on

Делови од Скопје утре, 15 јануари 2025 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати. Прекинот ќе трае неколку часа, а надлежните апелираат граѓаните да ја планираат својата работа соодветно.

Скопје Ѓорче Петров, Дел од корисниците на ул.Црногорска бр.55, 57, 59, 16  прекин од 09:00 до 15:00 часот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк