Connect with us

Скопје

Апарати за плаќање сметки за вода на пет локации во Скопје

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје со цел доближување на услугите до своите корисници, имплементира активности кои се дел од планот за дигитализација.

-Покрај големиот број дигитализирани услуги, како добивање на електронски фактури, електронска регистрација на корисник, пријавување на дефекти и достапност на различен тип на документи преку e.vodovod-skopje.com.mk, ЈП Водовод и канализација – Скопје, располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ град Скопје: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во ТЦ Капитол Мол и во Сити Мол (во делот кај банкоматите), информираат од претпријатието.

Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати, како што се посочува во соопштението, имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“ од сите банки без провизија.

Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП Водовод и канализација – Скопје и преку мобилната апликација достапна за Андроид и иОС.

Скопје

Конститутивна седница на Советот на Град Скопје: Ѓорѓиевски повика на соработка за интересите на граѓаните

На конститутивната седница на Советот на Град Скопје, новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски упати порака за единство, одговорност и приоритети ориентирани кон граѓаните. Тој истакна дека новиот состав на Советот има историска улога – да го насочи главниот град кон стабилен и одржлив развој.

„Оваа седница е јасен знак дека демократските процеси се живи. Граѓаните ни ја дадоа довербата да работиме за нив, а не да експериментираме. Време е за работа, и тоа веднаш“, изјави Ѓорѓиевски.

Како приоритети на неговиот четиригодишен мандат се најавени: модернизација на јавниот превоз, инвестиции во нови автобуси и подобрување на сообраќајната сигнализација. Ѓорѓиевски нагласи дека веќе од првиот ден започнало интензивно чистење на градот, кое, како што рече, нема да биде краткорочна акција, туку секојдневна обврска.

„Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. Чистиот воздух и уредените зелени површини се темелот на здрав град. Она што вчера го започнавме не е маркетинг – тоа е наша обврска“, додаде тој.

Градоначалникот најави и строга контрола врз урбанистичкото планирање, со акцент на заштита на јавниот простор, како и зголемена поддршка за младите преку проекти во култура, спорт и иновации.

Посебен акцент беше ставен на транспарентноста во работењето: „Скопје ќе биде отворен град. Секој денар од буџетот мора да биде видлив и оправдан.“

Конечно, тој повика на меѓусебна соработка во Советот, независно од политичките разлики, со цел носење одлуки во интерес на скопјани.

„Верувам дека заедно можеме да изградиме модерен, чист и достоинствен главен град – Скопје какво што сите го заслужуваме“, порача Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Скопје

Орце веднаш отстрани од работа 371 лице, кои не работеле, а земале плата!

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ја најави големата 72- часовна генералка во Скопје.

Градоначалникот изјави и дека вечерва се отстранети од работа 371 лице, кои биле вработени во јавните претријатија, не работеле, а земале плата.

Исто така, Ѓорѓиевски рече и дека имало злоупотреби во градот, каде што комунбалните возила се користеле од фирми, на кои потоа им биле исплатувани пари како за советнички услуги.

Пред салата „Борис Трајковски“ на почетокот на кампањата е и премиерот Христијан Мицкоски.

– Во наредните 72 часа ќе дадеме сè од себе да блесне градот Скопје онака како што практично им ветив на моите сограѓани. Дополнително ќе помогнат и колегите градоначалници од внатрешноста, ќе бидат вклучени цистерни за перење на улиците. После долго време ќе ги переме и улиците во главниот град, плоштадот ќе се пере вечерва, кејот сериозно ќе се чисти и ќе се пере, така што дел по дел ќе ги ревитализираме и јавните претпријатија, да ги доведеме во нормала, рече Ѓорѓиевски.

– Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!, порача Ѓорѓиевски.

Тој на почетокот на акцијата истакна оти Скопје мора да биде чист, достоинствен и уреден град.

-Ги мобилизиравме сите служби и во следните 72 часа ќе покажеме дека тоа е можно, изјави Ѓорѓиевски при стартот на акцијата.

Вечерва пред „Борис Трајковски“ се скопските градоначалници – на Општина Аеродром Дејан Митески, на Кисела Вода Бети Стаменковска Трајкоска и на Карпош Сотир Лукровски, но и Бобан Стефковски од Гази Баба и Александар Стојковски од Ѓорче Петров, кои дадоа поддршка на заедничката иницијатива за почисто и поуредено Скопје. На почетокот на акцијата беше прсутен и премиерот Христијан Мицкоски.

Тој на неговиот Фејсбук профил објави дека „вечерва има голема акција за чистење на сметот во Скопје“ и фотографија од почетокот на акцијата.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски започна голема акција за чистење на Скопје

Започна големата акција за чистење на главниот град, со која во следните 72 часа се очекува Скопје да добие нов, почист и поуреден изглед. Ангажирани се екипи од јавните претпријатија, механизација, камиони и цистерни кои ќе работат на расчистување на улиците, парковите и јавните површини низ сите општини.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека целта е метрополата да ја врати свежината и достоинствениот изглед.

– Секој агол, секоја улица и секој плоштад ќе бидат опфатени со оваа акција. Скопје ќе блесне уредено и чисто, онака како што заслужуваат граѓаните, изјави Ѓорѓиевски.

Акцијата се спроведува координирано со општинските служби и поддршка од повеќе комунални тимови, како дел од најавените мерки за подигнување на стандардот на одржување на јавната хигиена во градот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг