Connect with us

Македонија

121 година од раѓањето на Методија Андонов – Ченто

Published

on

На 17 август во 1902 година во Прилеп е роден Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ.

Тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија.

Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години.

Умрел во Прилеп, на 24 јули 1957 година.

Македонија

Шабан Трстена му врачи награда на Изет Меџити

Published

on

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја прими наградата „Златен олимписки Оскар“ од ветеранот на борењето и олимписки шампион, Шабан Трстена.

Меѓу пријатели, љубители на спортот од земјава и регионот, академици и спортисти, олимпискиот шампион Шабан Трстена на 8-мата по ред церемонија на доделување на „Златниот олимписки оскар“, посветена на спортистите и поддржувачите на спортот, му се заблагодари на вицепремиерот Меџити за се што направил низ годините за борењето и спортот во целина.

„Додека луѓето постигнуваат успеси во животот на поодминати години, Трстена тоа го постигна на своите 19 години, добивајќи го најважниот олимписки медал, златниот, на главниот спортски настан во светот, Олимписките игри и стана дел од светската историја на спортот, што не прави исклучително горди“, рече вицепремиерот Меџити на церемонијата.

Олимпискиот шампион Шабани Трстена е спортистот кој како 19-годишник во 1984 година, од Чаир, отпатува на Олимписките игри во Лос Анџелес каде блесна со последователни победи и се закити со златниот олимписки медал.

Continue Reading

Македонија

Јакимовски почна да се извинува

Published

on

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“, и истовремено ја повика на средба на која би ги разгледале можностите за решавање на проблемот околу долговите за греење на училиштата во Карпош.

– Имам високо мислење за госпоѓата Јаневска. Јавно и се извинувам за тоа што ја нареков „северџанка“. Мислам дека госпоѓата не го заслужува тоа. Но, ние мораме да разговараме. Не можеме да кажеме „ние сме ги исплатиме парите, а општината треба да знае да менаџира со нив“. Замолувам за наредниот буџет да се расчистат овие работи. Станува збор за околу 16 милиони денари, токму тие пари ни недостасуваат. Минатата година плативме 6 милиони денари, годинава имаме 8,3 милиони денари за греење. Тоа се големи пари за локалната самоуправа. Од друга страна имаме општини кои се бањаат со пари. Замислете општина Желино ќе финансира академија на науки и уметности. Жал ми е што мораме вака во јавност да се препукуваме. Вистински одговор е „да, има помалку средства за училиштата во Карпош, ама се надеваме со наредниот буџет дека тие средства ќе се контрибуираат за да се платат тие сметки“. Во спротивно треба да се фрлиме на штедење. Со задоволство би сакал да се видам со министерката. Таа е релативно кратко во тоа министерство. Знам дека има многу проблеми. Има преку 400 училишта. Но, сите како општество треба да видиме што можеме да направиме за да обезбедиме услови за нормално функционирање на училиштата во општината, изјави градоначалникот Јакимовски.

Continue Reading

Македонија

Конечно некој на Мерко му застана на патот

Published

on

На градоначалникот на Струга Рамиз Мерко му се одземени ингеренциите во образованието.

Поради обвинувања за незаконски назначувања на директори на училишта, на Мерко првично му беа одземени овластувањата за две основни училишта.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга поднесе обвинителен предлог против з Мерко за несовесно работење во службата. 

Според Обвинителството, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта.

Во мај годинава, ОЈО Струга поднесе два обвинителни предлози против Мерко за несовесно работење во службата.

Во првиот предмет Мерко ги прифатил како законски фалсификуваните документи во постапка за полагање стручен испит на наставничка која подоцна ја назначил и за в.д. директор на училиштето во село Велешта за периодот од 19 април 2022 до 06 септември 2023 година. Во овој предмет обвинети се уште и тогаш наставничката по француски јазик која подоцна била и именува а в.д. директорка, како и тогашните директор и помошник-директор на училиштето.

Во вториот предмет, Мерко исто така е обвинет за несовесно работење во службата бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основно училиште во селото Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основно образование.

„Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11 ноември 2022 до 25 април 2023 година“, информираа тогаш од Јавното обвинителство.

Во март годинава ОЈО Струга поднесе обвинителен предлог против Мерко за незаконско поставување на директор на основното училиште во село Лабуништа.

„Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31 јануари 2022 година, ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот. Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси“,информираше тогаш Јавното обвинителство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк