Connect with us

Македонија

МЕЧКА влегла во домот на екс пратеникот Љатиф Пајкоски: Умоболни бирократчиња ја штитат мечката, но не и населението

Published

on

Екс пратеникот од СДСМ Љатиф Пајкоски, кој живее во селото Жировница, во Општина Маврово и Ростуше вчера алармираше дека претходната вечер вчера во неговиот двор влегла мечка.

-Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението. Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со се што располагаме. Нема ова биде и едно од последните укажувања, напиша Пајкоски на својот профил на Фејсбук, покрај фотографиите од непоканетата „гостинка“ во дворот.

Во истото село пред десет дена ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ пронајде отстрелана мечка со две мечиња.

Директорот на Инспекторатот за животна средина, Сретен Стојановски изрази згорзенот од овој чин и нагласи во таа прилика дека виш инспектор со колеги од Агенцијата за храна и ветеринарство и останатите надлежни инспекторати работат на теренот на утврдување на причините за смртта на мечките.

Инаку Националниот парк „Маврово“ е природно живеалиште на кафеавата мечка, животно кое е под трајна заштита на државата, согласно Законот за ловство и не смее да се лови.

Минатата недела жители на шарпланинското село Бродец снимија мечка како со мало мече се обидува да влезе во еден дом во ова село. На видеото се гледа како жител во страв го затвора прозорецот, но мечката упорно стои под прозорецот и се обидува да влезе во неговата куќа.

Поради честите пријави за појава на мечки и во НП Маврово и во НП Шар Планина, постои координација меѓу двата национални паркови како да се заштитат овие видови животни.

-Сепак безбедноста на човекот е на прво место. Има опции или да се дислоцираат мечките, но ако има моменти каде човекот е загозен, може и да се острела мечката, изјави директорот на НП Шар Планина Ибрахим Дехари по инцидентот во Бродец.

Една од причините поради која мечките влегуваат во населените места се дивите депонии околу селата во потрага по храна.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=6871707476228332&id=100001674423445&mibextid=Nif5oz

Македонија

Тешка сообраќајка кај Мавровка: Автомобил излета, повредени две лица

Published

on

Рано утринава околу 02.40 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.М.(31) од Р.Србија, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека возачот М.Е.(41) од Скопје се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

Возач покосил две жени, хоспитализирани со тешки повреди

Published

on

На 20.12.2024 во 19.15 часот во Полициската станица Пробиштип, било пријавено дека на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.М.(48) од с.Стрмош, пробиштипско, удрило во пешаците Р.В.(62) и Л.А.(65), двете од Пробиштип, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешаците, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

Continue Reading

Македонија

Националниот комитет на Македонски Концепт избра двајца потпретседатели на партијата

Published

on

Националниот комитет на политичката партија Македонски Концепт на својата последна седница одржана на 20.12.2024 година ги избра Јасмина Арсовска и Васко Алексовски за нови потпретседатели на партијата.

Јасмина Арсовска е дипломиран економист со долгогодишно искуство во областа на ревизијата, сметководството и финансиското управување. Таа е лиценциран судски вештак и успешен претприемач, посветена на личен и професионален развој.
Васко Алексовски е доктор на науки од областа на клиничката биохемија при Медицински факултет на УКИМ, со повеќе од две децении искуство како раководител на клиничка биохемиска лабораторија. Тој е еден од основачите на Македонски Концепт и активен член на Унијата на Европските Федералисти на Македонија.

На седницата, Националниот комитет го усвои годишниот извештај за работа и завршната сметка за 2024 година, донесе план за работа за 2025 година и одлука за учество на Локалните избори 2025 година. Направени беа и измени на Статутот на партијата.

Со ова, Македонски Концепт потврдува дека останува посветен на своите програмски цели и визија за демократска, европска и напредна Македонија.

Се вели во соопштението испратено од Центарот за комуникации и анализа
Македонски Концепт

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк