Connect with us

Свет

(ВИДЕО)Ужасни слики: Масовни гробници во Мароко, од разорниот земјотрес досега над 2900 загинати

Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мароко минатата недела се искачи на 2.901, додека бројот на повредени е повеќе од двојно зголемен на 5.530, јави денеска мароканската државна телевизија.

Голем број преживеани се наоѓаат во импровизирани засолништа откако поминале четири ноќи на отворено.

Спасувачите од Шпанија, Велика Британија и Катар им помагаат на мароканските спасувачки тимови, додека Италија, Белгија, Франција и Германија изјавија дека нивните понуди за помош допрва треба да бидат одобрени.

На социјалните мрежи се уште се објавуваат нови вознемирувачки снимки од земјотресот во Мароко. Една од нив кога група граѓани додека удира земјотресот се веселат на свадбена церемонија, а едно дете завршува со големи повреди на главата.

Од земјотресот цело село е збришано од лицето на земјата, лоцирано во близина на епицентарот на потресот, каде во него живееле како што се пишува на социјалниите мрежи многу деца.

Свет

Орбан предупредува: Европа може да заврши во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ризикот од ширење на војната меѓу Украина и Русија е „секојдневна можност“ поради лидерите на западните држави, кои, според него, даваат простор за про-воени наративи.

Во интервју за јавното радио, Орбан повика Европа да се „сврати кон мир, а не кон војна“. Тој нагласи дека основното прашање е што е во интерес на Европа, а неговиот одговор е – мир. Орбан посочи дека Европа треба да вложи максимални напори за стабилност и да избегне конфликт кој би можел „да ја уништи европската економија“.

Тој критикуваше земји кои, според него, „мислат дека војната е подобра од мирот“ и кои ѝ обезбедуваат на Украина оружје, пари и технологија, додека разговараат за испраќање војници.

Орбан истакна дека западните земји досега потрошиле околу 185 милијарди евра и планираат дополнителни издавања, што според него може „да ја турне Европа во долгови и да остави долгорочни последици за децата и внуците“.

Поради тоа, унгарскиот премиер истакна дека се бори „да ги оддалечи Европејците од про-воениот пат“ и да го насочи фокусот кон мирот.

Continue Reading

Свет

Германија со закана до Зеленски: Овој пролем мора да се реши

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му препорачал да се намали бројот на млади Украинци кои заминуваат во Германија.

По телефонскиот разговор, Мерц нагласил дека младите се потребни во својата земја и треба да останат да „служат дома“.

Од октомври 2025 година, во Германија се регистрирани околу 1,3 милиони украински бегалци, што е најголем број во ЕУ. Зеленски во разговорот ја известил Германија за состојбата на фронтот и се заблагодарил за воената и политичката поддршка, без да ја споменува миграцијата на младите.

Мажите од воена возраст се соочуваат со строги ограничувања за патување поради воведената вонредна состојба откако Русија ја започна инвазијата во 2022 година. По олеснувањето на правилата за патување за млади меѓу 18 и 22 години во август, бројот на украински мажи на оваа возраст што се регистрираат во Германија пораснал од 100 на скоро 1.000 неделно.

Половина милион Украинци работоспособни примаат надоместок за невработеност, што го критикува крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (AfD). Владата подготвува закон за намалување на надоместоците за Украинците кои пристигнале по 1 април, со цел да се охрабрат да бараат вработување.

Continue Reading

Свет

Паника во САД: Руските сили пристигнаа до брегот на Америка?

Американската крајбрежна стража потврди дека кон крајот на минатиот месец го следела рускиот разузнавачки брод „Карелија“, забележан на околу 15 наутички милји од Оаху – доволно близу до клучната воена инфраструктура, иако сè уште во меѓународни води.

Според западни дипломати, овој маневар е дел од поширока руска тактика на „тестирање“ на западната одбрана – од Пацификот до источниот фронт на НАТО. Американски и европски функционери проценуваат дека времето и местото на појавата не се случајни и дека Москва ја проверува реакцијата на САД во чувствителни зони како Хаваи, седиштето на Индо-Пацифичката команда.

Иако крајбрежната стража нагласува дека следењето било „рутинско и професионално“, неофицијално американски извори велат дека се работи за класичен обид да се испита одбранбениот периметар. Аналитичарите посочуваат дека Русија последните недели го зголемува бројот на слични активности и во Европа, што укажува на координиран притисок на повеќе фронтови.

„Карелија“ и претходно била забележувана крај Хаваи, како дел од тактика што ги принудува американските сили да ангажираат ресурси за следење. Во позадина на ова стои и најавата на претседателот Доналд Трамп за повторно активирање на тестирањето на нуклеарно оружје во САД – момент што Москва, според западни извори, го користи за да испрати порака.

Иако непосредна воена закана нема, потезите на Кремљ, велат експертите, се јасен сигнал дека Пацификот станува подеднакво чувствителен безбедносен фронт како и Европа. Американските сили ќе продолжат внимателно да го следат руското присуство и можните идни ескалации.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг