Connect with us

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Македонија

​ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа

Published

on

ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа. Во просториите на ЗЕЛС, денес градоначалникот на Центар Жупа, г-дин Аријан Ибраим и градоначалникот на Зрновци г-дин Борчо Коцев-градоначалник на Општина Зрновци ги потпишаа договорите за примопредавање на две користени возила на ЗЕЛС.

-Станува збор за возила марка ,,Opel“, од кои едното е караван, што се произведени во 2008 година. Овие возила беа доделени низ транспарентен процес со донесена одлука од членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС на последната седница одржана во Кавадарци. На оваа одлука претходеше предлог донесен од формирана Комисија за распределба на двете користени возила на ЗЕЛС, во состав на градоначалниците на општините: Македонски Брод, Жарко Ристески на Студеничани, Азем Садики и на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. За изборот беа утврдени следните критериуми: 1. Општината да ја платила членарината кон ЗЕЛС заклучно со 2023 година; 2. Општината да има реална потреба од возило што ќе се утврди со бројот на возила кој во моментот го има во своја сопственост споредена и дополнително направена проверка на пријавениот број на возила на општините со оној утврден во Државна комисија за спречување со корупција.; 3. Општината да не биде поголема од 10.000 жители; 4. Општината да не припаѓа на скопскиот плански регион-изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Македонија

Врховен суд: Граѓаните ќе може да ја тужат државата поради загаден воздух

Published

on

Врховниот суд денеска на општа седница утврди начелен став дека „државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните“, по поднесена Иницијатива од страна на Адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, за утврдување начелен став и правно мислење, за тоа колку државата обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина, согласно законски утврдените должности и надлежности во областа на животната средина.

Continue Reading

Македонија

Милошоски: СДС и ДУИ им подарија инструмент во рацете на Бугарија за блокада на патот кон ЕУ, а Филипче нема авторитет ниту кај своите сопартијци и затоа се што е добро критикува

Published

on

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски каде што истакна дека Венко Филипче нема авторитет ниту кај своите сопартијци и поради тоа одбира да критикува се што е добро.

„Според мене мислам дека Венко Филипче како нов претседател на СДС се обидува да се докаже не толку пред целокупната јавност туку се обидува да се докаже пред јавноста која е поблиску до СДСМ мислам дека го нема авторитетот на неговите претходници, мислам на Зоран Заев, Црвенковски, Радмила Шеќеринска и други претседатели кои што биле на чело на СДС и обидувајќи се да го изгради тој авторитет одбира да критикува се“ кажа Милошоски.

Милошоски ја посочи лошата состојба која што наследи новата влада во однос на институциите и празниот буџет.

„Поминаа 100 медени дена но јас не би рекол така, за прв пат Македонија од кога е независна држава немавме 100 дена на владата да и се даде можност да се адаптира на новите услови а новите услови не беа ни малку лесни затоа што буџетот беше во многу лоша состојба, довербата во институциите на катастрофално ниско ниво и затоа сметам дека настапот на Венко Филипче да критикува се не соодветствува со реалноста со работата на Владата, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Милошоски во однос на кредитот од Унгарија истакна дека досега немало потранспарентна најава, дека е најавен точно уште во предизборието, со многу ниска поволна камата ,со средства кои се прилично добри и за ликвидноста на македонското стопанство но и за општините бидејќи голем дел од средствата би биле наменети за сите општини за нивните инфраструктурни проекти“ нагласи Милошоски.

Милошоски се осврна и на евроинтеграциите каде што потенцираше дека претходната власт на ДУИ и СДС направила огромни грешки особено со потпишувањето на договорот во 2022 година кога власта на СДС и ДУИ им подари инструмент на Бугарија за легално блокирање на ЕУ интеграциите.

„Сметам дека владата на СДС и ДУИ направија голема грешка, суштинска грешка кога прифатија билатеризација а евроинтеграциите. Со потпишувањето на вториот протокол кој што Бујар Османи и неговата колешка во Софија го потпишаа во 2022 година сметам дека се направи голема грешка. Тогаш на Бугарија владата на СДС и ДУИ и подари инструмент за легално блокирање на ЕУ интеграциите. Кој што гледаме дека сега резултираше со поволна одлука за Албанија и неповолна одлука за Македонија“ потенцира Милошоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк