Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) објави дека од полноќ се зголемуваат цените на горивата. Новите цени се следни:
•Еуросупер БС-95 ќе чини 75,50 денари по литар.
•Еуросупер БС-98 ќе се продава за 77,50 денари по литар.
•Еуродизел ќе биде 68,50 денари по литар.
Покрај тоа, цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголеми за 1,50 денари, достигнувајќи 68,50 денари за литар. Мазутот, исто така, поскапува за 1,108 денари, и еден килограм ќе чини 42,780 денари.
Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има веќе оформено 50 предмети за примери за нефер трговски практики, изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.
-Комисијата веќе оформи 50 предмети по дојави за случаи за нефер трговски практики. Комисијата ќе излезе на терен, ќе има многу работа, ќе ги проверува случаите. И секако, ако има потреба, ќе има и казни, рече Ристески.
Комисијата ќе ги разгледа сите предмети и ќе ги провери на лице место.
-За пронајдените неправилности казните се големи, до 20 000 евра. Законот за нефер трговски практики мора да се спроведува и да се заштитат и производителите и потрошувачите, рече Ристески.
Законот за нефер трговски практики е во сила од 28 септември минатата година. До крајот на 2024 година се вршеше мониторинг на спроведувањето на Законот, а од почетокот на годинава на сила се казни за сите неправилности во неговото спроведување. Со законот се опфатени преку 2 500 производи, се уредуваат односите на релација производители, добавувачи и трговци. Според Законот кој е по ЕУ директива, рабатот на годишно ниво не смее да биде повисок од 10 проценти.
Веро со нова понуда: Замрзнати цени на 100 производи!
Супермаркетите Веро го објавија својот најнов каталог со 100 производи со замрзнати цени, кои ќе важат до 16 јули 2025 година. Понудата вклучува основни прехранбени производи, средства за хигиена и други секојдневни потреби. Оваа акција е дел од напорите на Веро да обезбеди пристапни цени за своите потрошувачи.
Најновото истражување покажува дека во 2025 година програмирањето повеќе нема да биде најбараната и најплатената професија.
На врвот на листата се експерти за вештачка интелигенција, медицински сестри и советници за патувања. Недостигот на работна сила е најизразен во занаетчиството и услугите, па затоа и понатаму особено барани и платени ќе бидат електричарите, автомеханичарите, фризерите, готвачите и возачите.
Милош Турински од Инфостуд го истакна проблемот со недостигот на квалитетна работна сила во занаетчиството и услужните дејности, пишува Блиц.
– Резултатите се вакви со години. Се се бара, се чека, особено кога се работи за наоѓање фризер, молер или кој било друг квалификуван работник. Наоѓањето квалитетен, квалификуван работник станува сè потешко. А кога ќе најдеш, треба да почекаш – чекав три недели за термин кај автомеханичар.
„Ни недостасуваат сите занаети“
Јелена Јевтовиќ од српскиот Сојуз на работодавачи додава дека занаетчиските професии стануваат се помалку интересни за младите поради недостигот на промоција и подобри услови за работа во странство.
– Тие се слабо обучени не затоа што нема интерес, туку затоа што стручните занимања не се доволно промовирани во училиштата. Ни недостасуваат сите занаети, од градежни работници до молери. Многу квалификувани работници заминуваат во поразвиените земји поради подобрите економски услови. Од друга страна, дури и кога имате квалитетен салон или продавница, често наидувате на неколку алтернативни опции кои не нудат исто ниво на услуга.
Што бараат младите при вработување?
Истражувањата покажаа дека новите генерации многу јасно ја гледаат и избираат својата професија врз основа на тоа колку приходи ќе добијат.
Милош Турински од Инфостуд нагласува дека е важно да се има избалансиран поглед на оваа појава.
– Не можеме да гледаме само на еден фактор, бидејќи младите денес не гледаат на еден фактор. Се восхитувам на оваа нова генерација од многу причини, вклучително и затоа што тие многу добро знаат што сакаат, знаат како да се залагаат за своите мислења и не се откажуваат од она што го сакаат. Ова се навистина позитивни аспекти на помладите генерации.
Турински понатаму објаснува дека платата навистина станала најважниот фактор за младите во последните две години, поради економската криза и инфлацијата.
– Платата е важен фактор, таа е на прво место во сите наши анкети веќе две години. Она што одамна е на прво место, а сè уште е на второ место, се добрите меѓучовечки односи и можноста за професионален развој. Младите сакаат добар однос со претпоставените и можности за учење и напредување – вели Турински.
Друг значаен тренд кај поновите генерации е потребата од флексибилни работни модели.
– За нив е многу важно да имаат можност за работа од далечина или во пола и пол хибриден модел. Оваа генерација, студенти и почетници во кариерата, многу го цени балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот, се заради зачувување на своето ментално здравје – додава Турински.