Connect with us

Скопје

СКОПЈЕ: Повторно пукање, четири чаури пронајдени во близина на паркирано возило

Published

on

Завчера во 21.13 часот во СВР Скопје, Б.Ј. од Скопје пријавил дека едно лице од огнено оружје пукало во неговото патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, паркирано пред неговата куќа на подрачјето на населбата „11 Октомври“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и биле пронајдени четири чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ, епицентарот близу Приштина

Published

on

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала предмалку е регистиран на границата со Косово-Србија-Македонија, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според ЕМСЦ, потресот е регистриран во 11:41 часот, а епицентарот бил на 36 километри југо-источно од Приштина и пет километри југо-западно од Ѓилан, Косово, на границата меѓу Косово, Србија и  Македонија.

Земјотресот бил на длабочина од девет километри.

Continue Reading

Скопје

Орце Ѓорѓиевски се гледал себе си како иден градоначалник на Скопје

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, во гостување во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24 прашан дали се гледа како иден градоначалник на Скопје бидејќи се повеќе се шири таа теза помеѓу граѓаните, рече дека се гледа и може да одговори на тој предизвик бидејќи секојдневно ја добива поддршката од граѓаните.

– Тоа е процес кој наредниов период треба да помине низ фаза на анкети во нашата политичка партија на кој што верувам и длабоко сум убеден дека ќе ја добијам поддршката од граѓаните на истите анкети.

Кога ја наследив Кисела Вода беше во многу слична ситуација од она што е денес градот Скопје и мене ми е исклучително драго што граѓаните во мене перцепираат човек кој што може да го реши хаосот во градот. И да, мислам дека можам за релативно кратко време, откако би ја преземал таа позиција, да го решам овој цел хаос кој што се случува на Скопје и скопјани.

Потребна е макотрпна работа, но со добар тим се е надминливо. Изминатиов период од три години се покажа дека за мене не постои проблем кој што не може да се надмине, кој не може да се реши, многу проблеми кои што беа повеќе децениски во мојата општина заминаа во историјата. Има уште една рака, на рака се бројат проектите кои што ми се останати од целокупната која сум ја ветил пред граѓаните за да се дореализираат, но имам уште нецела година за тоа да го сторам и длабоко сум убеден дека ќе го сторам што не било случај во минатото.

Така што, ако ја направиме паралелата, мислам дека и градот Скопје би можел да се доведе за релативно кратко време во добра кондиција и верувам дека и граѓаните се свесни за тоа. Имаме резултати со мојот тим и Скопје би бил предизвик што сериозно би го прифатиле и би настапиле со сериозен концепт за да го решиме овој хаос – рече Ѓорѓиевски.

На прашање дали има ривал во партијата за таа позиција, Ѓорѓиевски истакна дека многу е позитивно во секоја работа да има конкуренција бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е партија која има сериозен кадров потенцијал која на крај ќе ја донесе правилната одлука.

Continue Reading

Скопје

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДЕНОВИ БЕЗ ВОДА Водовод на 21 декември ќе го затвори главниот вентил на градскиот водовод

Published

on

Цевководот ќе биде затворен до завршување на интервенцијата

Водовод и канализација најави дека на 21 декември ќе го затвори главниот градски цевковод во кругот на касарната во Ѓорче Петров поради санација на дефекти.

„Во овој процес ќе се санира еден од поголемите дефекти на улицата Никола Парапунов во Карпош 4, каде што има излевање на вода на улицата веќе десетина дена. Дополнително ќе се санираат и три други  дефекти на затворачи по должината на главниот цевковод Ф1600мм и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со улица Никола Парапунов“, се наведува во соопштението.

Цевководот ќе биде затворен до завршување на интервенцијата.

Оттаму информираат дека вакво затворање на главниот градски цевковод не се случува често. Последниот пат било во 1991/1992 година. Зафатот е неопходен за решавање на дефекти од овој тип.

– Со санацијата, освен што ќе се санираат дефектите, ќе се намали загубата на вода и ќе се ревитализира овој дел од водоводниот систем од Ѓорче Петров до Карпош – велат од водовод и канализација.

Жителите на Карпош 4 деновиве се соочуваат со проблеми од поплавени улици, тротоари и зелени површини, со насобран смет, што е сериозен проблем за локалното население.

Некои граѓани стравуваат дека гаражите во близина може да се поплават поради дополнителните врнежи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк