Connect with us

Македонија

Костадиновски: Манипулација е тврдењето дека Уставен суд укинал права на заедниците

Published

on

– Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Како што образложи претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно.

Тој потенцираше дека е манипулација тврдењето дека УС укинал права на заедниците.

Како што информираше Костадиновски на прес-конференција по денешната сединица, со одлуката беа укинати одредби од Законите за јавен сектор и за јавна администрација, како и подзаконски акти со кои се операционализира темелната вредност соодветна и правична застапеност.

 – Во конкретниот случај со оспорените законски и подзаконски одредби, неспорно е дека законодавецот ја операционализирал темелната вредност на нашиот уставен поредок соодветната и правична застапеност.

Оваа темелна вредност во нашиот уставен поредок е воведена во 2001 година.

Станува збор за интервенција во Уставот која е резултат на неопходноста која произлегла од општествената и уставната реалност тој временски момент.

Но исто така, неспорно е дека операционализацијата на оваа темелна вредност по својата суштина и природа претставува она што и во теоријата и во практиката се нарекува афирмативна акција, односно мерка која по својата природа предвидува позитивна дискриминација, рече тој.

Вториот круцијален момент за одлуката на Судот, како што дополни, била нивната одлука со која укина одредби од Законот за матичната евиденција со кои Судот зазема став дека националната припадност е лично чувство на граѓанинот и како такво може да биде менливо и според Судот, негово лично право е да одлучи дали ќе се изјасни и како ќе се изјасни за сопствената припадност, но и право да одлучи да не се изјасни.

– Третиот битен аргумент е фактот кој е општо познат дека од можноста вработениот во јавниот сектор кој има право да поднесе барање за промена на неговите податоци во Регистарот вклучувајќи го податокот и за припадност на заедница, произлегува дека податокот за националната односно припадноста кон одредена заедница, не може да претставува гаранција за запазување на суштината и правилната имплементација на темелната вредност посветена на соодветната и правична застапеност, рече Костадиновски.

Претседателот на Уставен беше дециден дека не може политиката, како што рече, како досега да се поставува над правото, да ги пречекорува со устав исцртаните рамки, да прават правен хаос, кој создава политички хаос, и кога Судот ќе даде правен одговор на хаосот тогаш да се етикетира или одликите на Судот да се повод за некоја политичка тензија.

 – Крајно време е да прејдеме во зрела демократија, од која бенефит ќе имаат сите граѓани без исклучок.

Одлуките на Судот не треба да се гледаат ниту како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, тие треба да бидат прифаќани и да бидат ориентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти законодавна, извршна, судска, монетарна или локална, рече тој.

 Пред да ги изнесе клучните аргументи на кои се темели одлуката, Костадиновски изјави дека, како што рече, „манипулација и лага е тврдењето од било кого дека УС укинал права на заедниците“.

– Не е точно. Ние сме чувари на Уставот таков каков што е. Темелната вредност соодветна и правична застапеност е тука.

Секој е должен да го почитува уставот, значи секој е должен да ја почитува и применува правичната и соодветната застапеност.

Законодавецот има право, има уставно овластување да ја операционализира темелната вредност но на уставно дозволен начин.

Сега и законодавецот и органите на извршната власт имаат уставна рамка, насоки што може што не да нормира, како да постапуваат Одлуките на Судот, во кои се оценува матерјалната, формалната уставност, ставовите на Судот го легитимираат правото, рече тој.

 Апелираше до граѓаните, државните органи, политичарите, ако, како што дополни, навистина ѝ мислат добро на Републиката, ако навистина сакаат правна држава во која ќе владее правото, своите јавно прокламирани ставови за европски стандарди, за владеење на правото, да ги усогласат со нивните дела и дејствија во практика, да ги усогласат со вистинските потреби на граѓаните за зрело демократско општество како најпожелно за нив.

–  Секој вклучително и политичарите треба да ги почитуваат одлуките на судот, не да ги политизираат, етнизираат.

На нашето постапување и одлучување треба правилно да гледаат како на заштита на владеењето на правото.

Кажав и ќе повторам не одат заедно јавно прокламираните заложби од секого за европски стандарди и владеење на правото и политизацијата и етнизацијата на постапувањето на Судот, дополни тој.

 Според Костадиновски, јавната администрација е ‘рбетот на државата, дава бројни услуги, а потребата за квалитетни услуги, како што вели, не познава етничка припадност или било каква припадност, туку, на сите нас ни се потребни стручни, компетентни, квалитетни ефикасни услуги од државата, а затоа и стручни и компетентни службеници.

При градењето на својот став во овој предмет, Костадиновкси информираше дека Судот го имал предвид и Извештајот за 2023 година на Европската комисија, разни споредбени решенија, но и одлуки, како што е Пресудата на Врховниот суд на САД

Македонија

Мицкоски со поддршка за ракометарите: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Published

on

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски им изрази поддршка на македонските ракометари.

-И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци! Одиме понатаму, по следен триумф, за кого???

За Македонија!, пишува во поддршката на Фејсбук премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

КАКО СЕ ТРОШЕЛЕ ПАРИТЕ: Во 2023 ДАЛЕ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес

Published

on

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони платила преку половина милион евра за студија за формирање на „зелена зона“ со јавно-приватно партнерство во Гевгелија, за што потоа се испоставило дека нема интерес од приватни оператори, објави Фактор. 

Како што наведуваат во 2023 биле исплатени 30.342.000 денари, а претходно уште 1.129.000 денари за консултантски услуги од „Моравчевиќ Војневиќ и Партнери АСД Белград“ за изработка на комплетна документација за избор на партнер за Јавно-приватно партнерство ТИРЗ Гевгелија. Ова е наведено како фуснота во извештајот на независниот ревизор за работењето на Дирекцијата.

Управниот одбор на Дирекцијата која управува со слободните индустриски зони лани на 17 мај донесува „Одлука за поништување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на Технолошко-индустриска развојна зона Гевгелија“. Истата одлука потоа е прифатена и од Владата на 26 ноември.

Од Дирекцијата за ТИРЗ за Фактор соопштиле дека во 2024 немало исплати кон оваа консултантска куќа, но и се покажало дека нема интерес од потенцијални приватни партнери за преговарање околу проектот.

Тогашниот директор на ТИРЗ изјави дека во согласност со новиот концепт на ТИРЗ за привлекување инвестиции, индустриската развојна зона Гевгелија ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии во согласност со зелената агенда на ЕУ, а покрај производствените компании во зоната ќе има можности за инвестиции поддржани од државата во секторот на здравствени услуги. 

– Целта е некаде до крајот на годината, откако ќе добиеме повратен одговор од потенцијалните корисници или од сите други заинтересирани страни, да ја финализираме студијата и очекуваме некаде на почетокот на наредната година да ја презентираме на Владата, истакна Деспотовски.

Извор: Вечер.мк

Continue Reading

Македонија

ДУИ се распаѓа во САРАЈ – Изет Меџити им ги презема клучните луѓе (ДЕТАЛИ)

Published

on

Претседателот на Демократското движење Изет Меџити вечерва објави дека речиси го преземал општинскиот органок Сарај на ДУИ од Блерим Беџети во Демократското движење.

-Вистинскиот начин е обединување на чесните сили!

Секој ден, нашето патување станува се посилно, бидејќи се повеќе наши бестрашни врсници и поранешни партнери се приклучуваат на нашата праведна визија.

Денес, со задоволство можам да објавам дека значајни личности и основачи на ДУИ се приклучуваат на Демократското движење, огранок во Сарај:

• Зеко Абази – основач на Собранието на ДУИ-Сарај и член на Надзорниот совет.

• Мухамет Хоџа – поранешен портпарол на Владата на РМ и член на огранокот на ДУИ-Сарај.

• Јонуз Метуши – Претседател на Младински форум ДУИ-Сарај.

• Хатиф Шабани – Претседател на Локалниот совет на ДУИ-Чајлане.

• Бујамин Шабани – Припадник на огранокот Свиларе.

• Дрита Фета – Координаторка на Форум на жени ДУИ-Сарај.

Овие поединци се силни столбови кои дадоа неверојатен придонес низ годините и сега избраа да бидат дел од нашето патување.

Ги повикувам сите активисти на ДУИ и чесни структури да ни се придружат во овој искрен и праведен напор за подобра иднина.

Добредојдовте на патот на правдата и промените!

Заедно сме посилни, заедно ја градиме иднината!, објави Изет Меџити од коалицијата Вреди.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк