Connect with us

Uncategorized

СПОРЕДБА ЉУБЉАНА, ЗАГРЕБ, БЕЛГРАД, САРАЕВО, СКОПЈЕ: Квадрат од 11.000 евра до „багатела“

Граѓаните на Загреб со своите просечни годишни примања можат да купат помалку од 6 квадрати станбена површина во својот град. Ова го наведува во својот извештај Економскиот институт од Загреб анализирајќи ги цените. 

Но, во помалите градови е полесно да се купи стан, за разлика од Сплит или Дубровник каде за квадрат луѓето треба да одвојат над 30 отсто од своите приходи во текот на годината, пишува Jutarnji

Средната цена на квадрат во Загреб била 2.285 евра. Но, разликите се огромни и се движат од 1.400 до 7.000 евра. 

Во Словенија растат цените на недвижнините. Средната цена е над 4.300 евра, а има и цени од 5.000 евра па нагоре.  Најевтините станови за 3.000 евра по квадрат во Љубљана се на периферија, стари се и треба да се реновираат. Но, од друга страна, новите згради во центарот, луксузните станови со квалитетни материјали имаат цена и од 8.000 евра по квадрат.  Цените се доста високи во однос на просечните примања. 

Во Белград цените се движат од  2.200 и 2.500 евра, а во Белград на вода квадрат чини неверојатни 11.475 евра.  Токму проектот Белград на вода, поттикна раст на цените кои претходно не надминуваа 2.600 евра. 

Во Сараево цените се ниски, и таму пазарот не е многу активен. Во вториот квартал од 2024 година, просечната цена е 1.714 евра.  Просечната плата од 789 евра не е доволна за решавање на станбеното прашање.  Цените за недвижнините не се пристапни за повеќето граѓани. 

Цената на метар квадратен стан во ценарот на Скопје веќе ја надмина границата од 2.000 евра, што претставува сериозен предизвик за сите оние кои треба да го решат станбеното прашање.

Но, ако решите наместо во стан, да живеете во куќа, тогаш навистина ви се потребни сериозни финансиски средства или речиси цело богатство.Вселива куќа (80 квадрати со околу 300 квадрати двор) веќе не може да се најде под 100.000 евра и таа цена важи само во приградските населби како Маџари, Волково, Радишани, Долно Лисиче. На други локации цените се дури повисоки.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2024 година, изнесува 40.961 денари, што значи дека многу граѓани тешко ќе го решат станбеното прашање. 

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг