Connect with us

Бизнис

УЈП објави нова листа на должници

Published

on

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави листата на должници за долгови доспеани до 30 јуни  и неплатени до крајот на септември по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата се 1.976 должници правни лица и 3.786 физички лица. Вкупниот нето долг изнесува 11.042.537.967 денари.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, (помалку за 45.943.439 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.109.878 денари (помалку за 18.931.314 денари од претходната листа).

Бизнис

Енергетска независност преку иновации – Како Akuo го трансформира пределот на обновливи извори на енергија во Северна Македонија

Published

on

Во време кога земјата е постојано поставена пред предизвикот за перманентна потреба од увоз на електрична енергија, чии цени се во постојан пораст, енергетската независност претставува еден од најважните стратешки приоритети за Северна Македонија. Најдобриот начин да се постигне оваа цел е преку искористување на огромниот потенцијал што го поседува земјата за развој на обновливи извори на енергија (ОИЕ), што ќе биде во согласност и со глобалните предизвици за одржливост и борба со климатските промени.

Северна Македонија веќе ја започна зелената транзиција и трансформацијата на својот енергетски сектор, со забележителна експанзија на изградба на обновливи извори на енергија. До крајот на 2024 година во земјата се издадени одобренија за вакви проекти од речиси 1000 мегавати. Сепак, експанзијата на ОИЕ, иако позитивна, претставува значителен предизвик за електроенергетскиот систем бидејќи мрежната инфраструктура во земјата, во нејзината сегашна форма, е ограничена во способноста да го апсорбира овој огромен потенцијал.

Ова создава потреба не само од модернизација на мрежата, туку и од воведување на технологии за складирање енергија кои ќе претставуваат пресвртна точка во трансформацијата на енергетскиот сектор и ќе придонесат за нејзината енергетска безбедност. Ваквите технологии се особено важни бидејќи имаат двојна улога – ќе ја стабилизираат мрежата, но и ќе помагаат во оптимизирање на користењето на обновливата енергија, што пак, ги намалува стакленичките гасови и промовира одржлив развој преку решенија кои ги чуваат нашите природни ресурси.

Токму такви иновативни технологии нуди француската компанија Акуо Енерџи, глобален лидер во ОИЕ која активно работи на имплементација на проекти кои го комбинираат производството на обновлива енергија со иновативни решенија за складирање. Овие технологии обезбедуваат оптимизација на користењето на енергијата и стабилизација на мрежата, што е од витално значење за долгорочниот успех на зелената транзиција. Компанијата Акуо Енерџи, со повеќе од 15 години искуство, денес е еден од водечките независни производители на обновлива енергија на глобално ниво, специјализирана за развој, финансирање, изградба и управување со проекти за обновливи извори на енергија. Најзначаен проект на компанијата секако е изградбата на Барзур – првата соларна фарма со интегрирано складирање на енергија во Европа, кој исто така го интегрира агриволтаизмот.

Со својот иновативен пристап и технологии, Акуо Енерџи веќе активно го трансформира енергетскиот пејзаж на земјата, со што не само што ја поддржува државата во остварување на целите за обновливи извори на енергија и енергетска независност, туку и демонстрира како приватниот сектор може да игра клучна улога во трансформацијата на енергетскиот сектор. Ваквите решенија ја револуционизираат енергетската индустрија, а Македонија ќе биде дел од оваа револуција со оглед на фактот дека потребата од вклучување на новите технологии за складирање ќе биде инкорпорирана во новиот Закон за обновливи извори на енергија. Интеграцијата на решенијата за складирање на енергија ќе донесе стабилност на мрежата, економски раст преку зелени работни места и енергетска независност. На овој начин ќе биде „отклучен“ целиот потенцијал на обновливите ресурси на земјата и Македонија ќе биде на одличен пат да стане регионален лидер во обновливите извори на енергија.

Continue Reading

Бизнис

Се бараат работници – плата до 80 000 денари плус бонуси 

Published

on

Ресторан Premium Smash Burger во елитниот трговски центар East Gate Mall – Скопје со претставништво во Belgrad Hotel Hayat и во Dubai Business Center ги бара најдобрите кандидати за следниве позиции:

Шеф на кујна со искуство 

почетна плата 80.000 денари + БОНУСИ

*Вашите работни задачи ке бидат да ги создадете уникатните вкусови на насите smash бургери и да управувате со целокупната работа во кујната.

Очекуваме креативност и страст за готвење

Главен готвач/ки на 1 локал 

почетна плата 50.000 денари + БОНУСИ

* Вашите работни задачи ке бидат планирањето и организирањето на работата во кујната и подготовка на бургери

2 Лица за припрема на smash бургери 

почетна плата 40.000 денари + БОНУСИ

* Вашите работни задачи ке бидат припрема на smash бургери

4 Девојки за работа на прием и каса 

почетна плата 37.000 денари + БОНУСИ

*Како дел од нашиот тим ваште работни задачи се да ги услужите нашите клиенти со врвна услуга и познавање на менито

Што нудиме :

– Постојано вработување во луксузен амбиент
– Можности за напредување и професионално усовршување
– Работа со уникатни рецепти кои ќе ја подобрат вашата кулинарска вештина
– Уживање во динамична атмосфера и тимски дух

За да бидете дел од нашиот успешен бренд испратете ни го вашето CV 

*** Кандидати со искуство ќе имаат предност ***

Телефон за контакт: 078 88 7000 

емаил: premiumsmashburger@gmail.com

Локал 1: East Gate Mall – Скопје Преставништво: Belgrad Hotel Hayat Преставништво: Dubai Business Center

Continue Reading

Бизнис

Агнеса Органџиева го има решенито за газдите кои барат работна сила: Нуди работници од Индија, Непал и Бангладеш

Published

on

Едноставно е уникатна сама по себе. Агнеса Органџиева има армија од обожаватели на социјаните мрежи. Иако е инфлуенсерка, Огрганџиева е правик со магистратура, има свои приватни бизниси и посветена е целосно на својата работа.

Таа е доста активна и на социјалние мрежи, како и во медиумите каде е чест гостин во емисии и поткасти.

Нејзиниот инстаграм профил има над 100.000 следачи, а тоа знае да го искористи за соработка и промоции. Па така од неодамна таа рекламира посредување за работа на работници од Индија, Непал и Бангладеш во Македонија.

Па така неодамна таа објави и фотографија на која се пофали дека еден скопски ресторан веќе ги вработил првите две работнички од Непал

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк