Connect with us

Македонија

Протоколарна средба на Филков и Адеми: Примената на закони и реформите во фокусот

Published

on

Министерот за правда денеска оствари протоколарна средба со претседателката на Врховен суд , Беса Адеми.

Се дискутираше за примената на законите и подзаконските акти и потребата од промена на истите, како и спроведувањето на реформите во правосудството.

Македонија

ВИДЕО: Летаат притвори од полициската акција во Тетово и Охрид

Published

on

На 17 локации во Тетово и Охрид, полицијата спроведе голема акција при што се уапсени 13 лица, а едно лице е во бегство. Оваа акција вклучуваше претреси во казина, ноќни стриптиз клубови и други локации. Според информации од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, организатор на оваа мрежа бил 35-годишник од Боговиње, кој координирал повеќе криминални активности во селата Жеровјане и Горно Седларце, како и во Охрид, каде што привлекувал девојки – странски државјанки за да работат како танчерки.

Фактичкото работење на два од клубовите било организирано и раководено од неговиот брат, додека третиот осомничен раководел со стриптиз-клуб во Охрид. Четвртиот осомничен учествувал во наведувањето на проституција на девојките и бил задолжен за организација на нивното патување и влез во земјата.

Пет од приведените осомничени ги снабдувале со дрога како гостите во угостителските објекти, така и девојките кои работеле таму. Меѓу осомничените се наоѓаат и затворски службеник и виш инспектор од Тетово, кои, користејќи ја својата позиција, ја предупредувале групата за полициски акции и влијаеле за олеснување на прекршочните постапки кон членовите на групата и странските државјанки.

Против сите осомничени е поведена истрага за злосторничко здружување и посредување во вршење проституција. На тројца од осомничените им се става на товар перење пари, а петмина се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци. Во текот на попладневните часови, се очекува сите да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, каде обвинителството ќе предложи мерка притвор за сите обвинети.

Continue Reading

Македонија

Премиерот Мицкоски: Завршуваме ветени проекти и ја обновуваме патната инфраструктура во Брвеница

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Општина Брвеница, тој на социјалните мрежи напиша:

Денеска присуствував на завршени проекти, во делот на патната инфраструктура коишто изминативе децении биле ветувани, се зборувало за нив, но за жал никогаш не биле завршени.

Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура.

Продолжуваме да испорачуваме, тоа што го ветивме продолжуваме да го реализираме за доброто на граѓаните затоа што Македонија мора да биде повторно горда.

Continue Reading

Македонија

ИМА ПАРИ ЗА ПЕНЗИИ, а што е со подоигањето на старосната граница за пензинирање

Published

on

Пари за пензиите ќе има, а дефицитот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се намалува, соопшти директорот на ПИОМ Никола Мемов на брифинг со новинарите.

Во врска со шпекулациите за можно подигање на старосната граница за пензионирање, Мемов вели дека од ПИОМ таков предлог нема да излезе, а надлежен орган за ова прашање е Владата.

За линеарното покачување на пензиите од 2.500 денари Фондот за пензиско осигурување на Македонија за септемвриските пензии исплатил 862 милиони денари (14 милиони евра) повеќе од претходниот месец, односно, за август ПИОМ на 350.000 пензионери им исплатил 7,118 милијарди денари (116 милиони евра), а за септември 7,98 милијарди денари (130 милиони евра).

Во март следната година пензиите ќе се зголемат линеарно за уште 2.500 денари, а во септември се очекува да пораснат за 4 отсто, со редовното годишно усогласување.

– Буџетот за следната 2025 година го планираме на 135 милијарди денари, што е 2,195 милијарди евра. Од овие пари за исплата на пензиите се предвидени 105 милијарди денари, а во вториот пензиски столб ќе се трансферираат 15,6 милијарди денари. Останатите пари се за расходите на ПИОМ, за исплата на плати и други редовни трошоци – вели Мемов.

Во буџетот догодина се очекува прилив од 95,6 милијарди денари (1,55 милијарда евра) од придонеси, 1,63 милијарда денари од акцизите, како и 700 милиони денари од други извори како кирии, дивиденди итн. Од државната каса се планира трансфер од 35 милијарди денари (570 милиони евра).

– Дефицитот во касата на ПИОМ за следната година ќе изнесува 27 отсто, а тој ќе се покрие со трансферот од државниот буџет. 

Новото раководство на ПИОМ на Владата ќе ѝ предложи  низа комерцијално-претприемачки мерки со кои ќе се намали дефицитот. Овој дефицит не е од недомаќинско работење, туку е резултат на економските политики на сите досегашни влади насочени кон економски раст и отворање на нови работни места. 

Главна цел на Владата е подобар животен стандард на сите граѓани и намалување на социјалните резлики помеѓу најниските и највисоките пензии. Во Македонија за пензиите е прифатен социјално-солидарниот концепт – вели Мемов.

На брифингот тој сподели дека оваа година, заклучно со 15 октомври, се издадени нови 19.677 решенија за пензии.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк