Connect with us

Македонија

ТЕТОВО: Кавга по сообраќајна незгода: Изнајмувач на возило го нападнал сопственикот

Published

on

На 17.10.2024 во 14:40 часот во СВР  Тетово бил повикан на службен разговор Н.И.(49) од с. Требош. Истиот ден околу 12.50 часот тој бил пријавен од Н.С.(53) од с. Голема Речица, дека од Н.И. кој е сопственик на правен субјект за рента а кар- возила, изнајмил возило „голф“ со кое во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна незгода и откако го известил сопственикот за незгодата и се договориле да одат во осигурителната компанија за надомест на штетата, тој физички го нападнал, а при нападот се обидел да користи и остар предмет. До целосно документирање на случајот против Н.И. ќе следува соодветен поднесок.

Македонија

Нападнати малолетници од нивни врсници

Published

on

Во текот на вчерашниот ден во две полициски станици во Скопје било пријавено за физички напади на малолетници од страна на нивни врсници.

Првата пријава е регистрирана вчера во 10.30 часот во СВР Скопје, каде 40-годишна жена пријавила дека на 31.12.2024 околу 17.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Втората пријава е забележана во 23:15 часот каде било пријавено дека на подрачјето на Центар малолетничка била физички нападната од неколку малолетнички.

МВР соопштува дека и во двата случаи се преземаат мерки за расчистување на овие настани.

Continue Reading

Македонија

Во понеделник Бадникови поворки во чест на Христовото раѓање

Published

on

Подготвени се повеќе од 3500 коледарски пакетчиња за дечињата од Бадниковите поворки. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги покани сите да бидат дел од досега најдолгата поворка која ќе финализира на плоштадот ,,Македонија” во Скопје, каде е поставена импозантна Божикна пештера.

– Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски сме помагатели на овогодинешните Бадникови поворки. Се потрудивме и плоштадот ,,Македонија” да го краси најимпозантната Божикна пештера во регионот. На 6-ти јануари, во 12 часот заедно со дечињата кои ќе го најават Христовото раѓање ќе ја формираме досега најдолгата поворка, на која ве поканувам сите да бидете дел од овој ден за паметење. Претходно, дечињата од Кисела Вода во 10:20 часот ќе ја посетат општината и ќе бидат дарувани со пакетчиња, а потоа заедно, пеејќи ја ,,Вечниот Бог” ќе се упатиме кон центарот на Скопје на досега највеличествениот божикен настан.  Ова се дефинитивно најрадосните денови во годината што посакувам да траат во текот на целата, а она што ме прави исклучително горд е што младите повторно живеат во духот на вистинските вредности и ја продолжуваат традицијата, изјави Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Македонија

Вевчанскиот карневал и годинава традиционално на 13 и 14 јануари

Published

on

Вевчанскиот карневал е слика и прилика на тоа што се случувало во општествено – политичкиот живот, од претходната година, на специфичен начин, изјави денеска градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, на прес-конференцијата во Скопје, посветена на овој традиционален настан.

Тој се осврна на традиционалните маски и додаде дека секое издание на карневалот има и нови маски. Очекуваат голема посетеност на 13 и 14 јануари кога ќе се одржува Вевчанскиот карневал.

– Вевчанскиот карневал со своето илјадагодишно постоење е повеќе од традиција – тој е еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство, што и покрај предизвиците и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, опстојува како симбол на нашата култура и традиција, нагласи министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Вевчанскиот карневал, според Љутков, е потврда за посветеноста и љубовта на вевчанци кон своето наследство, кои со своите упорност и страст го задржаа жив духот на карневалот и ја потврдуваат неговата важност.

Креативните маски, истакна Љутков, се повеќе од уметнички дела, тие се огледало на времето – носат пораки, раскажуваат приказни и на уникатен начин го поврзуваат минатото со сегашноста.

– Наша цел е да го промовираме Вевчанскиот карневал како национален бренд што нуди уникатно искуство и што како спој на културата и туризмот, привлекува и ќе привлече уште поголемо меѓународно внимание и посетеност. Од тие причини, заедно со локалните власти и бизнис-партнерите, работиме на тоа карневалот да го достигне својот полн потенцијал и во меѓународни рамки, подвлече министерот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Љутков рече дека карневалот немал поддршка неколку години претходно, но дека сега има поддршка од Министерството за култура. Дополнително ќе се знае сумата по одлуката на Комисијата што одлучува по конкурс, каде конкурирала и Општината.

Во рамки на карневалот најавена е и музичка програма. Во недела вечерта на 12 јануари ќе настапат „Пајак“, „Ареа“ и „Забрањено пушење“, а следната вечер, „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот „Вевчани“, како и Перо Бели и Коки Биоритам.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк