Connect with us

Бизнис

МЕМО: Во септември на пазарот на електрична енергија реализирани трансакции од сопствено производство од 440 гигават часови

Published

on

Во септември годинава, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, на пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 440 гигават часови, што е еднакво на трансакциите за вкупната потрошувачка на електрична енергија во нашата држава. Тука не се вклучени количините на електрична енергија активирани на пазарот на балансна енергија кој е управуван од АД МЕПСО.

-Независните производители со 181 гигават час учествуваат со најголем процент од 42 отсто, потоа следува ЕСМ со 166 гигават часови, поточно со 37 отсто, потоа виртуелни производители со 69 гигават часови односно 16 отсто  и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 24 гигават часови односно 5 отсто. Од сопственото производство 66 отсто е продадено за задоволување на бруто конзумот односно 288 гигават часови, а 34 отсто односно 151 гигават час е деклариран извоз, информира МЕМО на својата фејсбук страница.

Бруто конзумот, поточно вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјава изнесува 440 гигават часови, при што од сопственото производство се продадени 289 гигават часови односно 65 отсто, а од увоз се 152 гигават часа односно 34 отсто.

-Од наведеното произлегува дека трансакциите на пазарот на електрична енергија од сопствено производство во целост ги задоволувале трансакциите на вкупната потрошувачка во нашата држава, велат од МЕМО.

За задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загуби, поточно  нето-конзумот продадена е електрична енергија од 399 гигават часови и тоа 53 отсто на тарифни потрошувачи, 38 отсто на снабдувани потрошувачи и 9 отсто на директни потрошувачи.

Загубите во електроенергетскиот систем се 42 гигават часа односно 9 отсто од бруто конзумот во земјава. Бруто транзитот на електрична енергија, изнесува 290 гигават часа, при што нето транзитот е 254 гигават часови, а контратрејдингот е 36 гигават часови. 

Бизнис

КАФЕТО ЌЕ СТАНЕ ЛУКСУЗ ВО 2025? Компаниите се соочуваат со растечки трошоци и недостиг на суровини

Published

on

И во земјава се чувствува поскапувањето на кафето. Годинава, цената се менуваше повеќе пати, а за да им биде што подостапно на граѓаните, кафето не ретко се продава на акција. Во моментов, пакување на „турско кафе“ од 200 грама чини околу 80 до 120 денари, па и повеќе.

Ќе стане ли кафето луксуз во 2025 година, е прашањето што се наметна по низата информации во светски рамки дека производителите се потешко доаѓаат до суровина, а компаниите кои вршат преработка и продажба се соочуваат со зголемени трошоци.

Според најновите истражувања, зголемените трошоци за набавка на кафе, како резултат на климатските промени, ги потикнуваат компаниите да се адаптираат на новата економска реалност која е обременета со високи цени на зрната кафе и логистички проблеми.

Глобалните залихи се исцрпуваат поради екстремните временски услови. Експертите предвидуваат дека жетвата на арабиката во Бразил може да падне за над 10 отсто, додека родот на робуста во Виетнам може да се намали до 10 проценти до крајот на 2025 година.

Берзанските аналитичари смируваат, велат дека цената на кафето се очекува да расте и во 2025 година, но со намалено темпо. Наскоро се очекува и стабилизарање на пазарот, имајќи го предвид енормниот раст во 2024 година.

И во земјава се чувствува поскапувањето на кафето. Годинава, цената се менуваше повеќе пати, а за да им биде што подостапно на граѓаните, кафето не ретко се продава на акција. Во моментов, пакување на „турско кафе“ од 200 грама чини околу 80 до 120 денари, па и повеќе.

– Речиси при секое влегување во маркет, забележувам поскапување на кафето. Обично купувам кога е на акција, а гледам и пакувањето да биде поголемо, со оние неколку грама „гратис“ означени на амбалажата. Во овој период, сметам дека е зголемена потрошувачката зашто кафето се подарува скоро секојдневно, ако се земат предвид сегашните и претстојните празници – вели за МИА потрошувач од Скопје.

Додава и дека купува кафиња кои се продаваат „во пакет“, по две, со кој следува и подарок, како и дека ако „начека“ поевтино, купува повеќе за да се најде.

Според Илија Миновски, ЦЕО во РИО ДООЕЛ – Илинден, цената на суровото кафе моментно е зголемена за повеќе од 70 отсто во однос на почетокот на годината.

Целиот текст на: Плусинфо

Continue Reading

Бизнис

ДОЛГОГОДИШНИОТ ДИРЕКТОР ОСТАНУВА НА КОРМИЛОТО НА ТТК БАНКА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ – НБМ даде согласност за Драгољуб Арсовски

Published

on

Долгогодишниот директор на ТТК Банка, Драгољуб Арсовски, ќе остане уште еден мандат на малата но успешна ТТК Банка. 

„Ве известуваме дека, со Решение на Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија бр. 15-34165/9 од 25 декември 2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на проф. д-р Драгољуб Арсовски за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. 

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на Банката 02-7540/5 од 30.9.2024 година со која проф. д-р Драгољуб Арсовски е повторно именуван (реизбран) за член, тој исто така е избран и за Претседател на Управниот одбор – Генерален извршен директор на ТТК Банка АД Скопје“, се векли во соопштението од ТТК Банка. 

Како што веќе објави Фактор, ТТК Банка спаѓа во рангот на малите но успешни банки, а на крајот на септември 2024 година имала актива од 160 милиони евра. 

Банката е една од најуспешните мали банки, секогаш остварува високи добивки, и таа е всушност креаторот на финансиската моќ на нејзиниот главен акционер, тетовксииот комбинат Тетекс, кој во ТТК банка има сопственост од над 41 отсто. 

Инаку, на почетокот на минатиот месец, Собранието на акционери на банката ги именувало Бобан Гоговски, Драгица Јовановска, Евгенија Трпоска, Михаил Петковски и Албион Риза, за членови на Надзорниот одбор на ТТК банка. 

Извор: Faktor.mk

Continue Reading

Бизнис

НОВОГОДИШНИ „ПАКЕТЧИЊА“ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО „МАКПЕТРОЛ“ – сите се офајдија со по 500 евра

Published

on

Компанијата „Макпетрол“ сподели интересна ценовно чувствителна информација од своето работење, а која не е поврзана со некакви евентуални сопственички или менаџерски промени. 

Туку, станува збор дека на своите вработени им е поделен новогодишен надоместок, како што доликува на големи и успешни компании. 

„Имајќи ги предвид залагањата на вработените за извршување на работните обврски, а по повод Новогодишните празници, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје, објавува дека на своите вработени им исплати новогодишен надоместок во нето износ од 30.000 денари. Грижата за вработените е значајна за успешноста на Друштвото на долг рок и претставува дел од корпоративната политика на „Макпетрол“ А.Д. – Скопје“, се вели во објавата како ценовно чувствителна информација на Берзата.

Во првите девет месеци од годинава „Макпетрол“ имаше одличен Биланс на успех. 

Односно, македонскиот нафтен гигант во периодот од јануари заклучно со септември годинава оствари оперативни приходи од над 377 милиони евра, или прецизно 377,2 милиони.

Чистиот профит, пак, е одлични 13 милиони евра за трите квартали, бележејќи и солиден пораст од 18 проценти.

Извор: Фактор.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк