Connect with us

Балкан

Познат актер си ја пријавил сопругата во полиција

Published

on

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ синоќа ја пријавил својата сопруга за семејно насилство, по што ѝ било наредено таа да ја напушти Србија, јавуваат српските медиуми.

По пријава на Трифуновиќ, полицијата синоќа околу 22 часот дошла во нивниот стан. Тој пријавил дека трпи насилство од неговата сопруга Исидора, која се заканувала дека ќе искрши се во станот.

Полицијата ги викнала двајцата на разговор во полициска станица, а обвинител рекол дека нема елементи за кривично дело.

Меѓутоа, било утврдено дека Исидора во Србија престојува илегално, бидејќи е државјанка на Хрватска, па поради тоа против неа била поднесена прекршочна пријава врз основа на Законот за странци.

Според српските медиуми, Трифуновиќ и сопругата се скарале, а кога тој ѝ рекол дека ќе ја напушти, таа започнала да му се заканува.

Исидора сега мора да ја напушти Србија во рок од 24 часа, поради прекршување на Законот за странци, а таа ќе треба да плати и парична казна.

Балкан

Македонците во Пустец одбележан патронот на црквата Свети Архангел Михаил (ФОТО)

Published

on

Македонците во Пустец, Мала Преспа, заедно со жители од останатите населени места од оваа општина, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен  заштитник.

Утрена, со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора.

Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на Свети Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Обновен е на темелите на старата црква, која била урната за време на комунистичкиот период.

Continue Reading

Балкан

Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик

Published

on

Изборниот материјал за парламентарните избори во Албанија, што ќе се одржат на пролет следната година, ќе биде и на македонски јазик, како и на јазиците на останатите осум малцинства, признати со законот донесен во 2017 година.

Ова го соопштил претседателот на Централната изборна комисија, ЦИК, Илиријан Целибаши, на средба со претставниците на националните малцинства, поточно членовите на Комитетот за малцинства, каде претставник на македонското малцинство е Марјана Костофски.

– Во фокусот на средбата беше до сега сработеното во однос на информирањето на националните малцинства на нивниот јазик за изборниот процес, како и тоа што треба понатаму да се направи, со цел подобрување на информираноста и нивна едукација за претстојните избори. Го истакнав правото на секој да добива информации за изборите и пред сè преку сите средства за информирање, објави Целибаши.

Додава дека ја изразил целосната подготвеност на ЦИК да го направи она што е најдобро за прашањата за кои има интерес секое национално малцинство.

– На оваа средба со националните малцинства истакнав дека изборните материјали ќе бидат преведени на мајчин јазик, за 9-те национални малцинства кои се законски признати во Албанија, напиша Целибаши.

Парламентарните избори, 11-ти по ред, по падот на тоталитарниот режим ќе се одржат на пролет, за што датумот треба да го одреди шефот на државата, Бајрам Бегај, во средата ги почна средбите со политичките партии. Според изборниот законик треба да биде датум од последната недела на април или првата недела од мај месец.

Continue Reading

Балкан

Македонците во Хрватска и оваа година организираат Рацинов ден во Самобор

Published

on

По повод 85-годишнината од издавањето на збирката поезија од Кочо Рацин „Бели мугри“, денеска во Самобор, заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, организираат културна манифестација „Рацинов ден – Бели мугри“.

По повод 85-годишнината од издавањето на збирката поезија од Кочо Рацин „Бели мугри“, денеска во Самобор, заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, организираат културна манифестација „Рацинов ден – Бели мугри“.

Традиционалниот собир и годинава ќе почне со положување венци и цвеќе на бистата на Кочо Рацин во паркот на Музејот, со почеток во 13:30 часот.

Кочо Рацин, нелегално ја отпечатил својата стихозбирка „Бели мугри“ пред 85 години во Самобор. Затоа македонската заедница секоја година се собира на Рациновиот ден, организирајќи културен настан во Самоборскиот музеј.

На настанот, предавање за животот и делото на Кочо Рацин ќе одржат професорите Игор Деспот, Горан Коров и Ивана Брезовец. Учениците кои следат настава по македонски јазик по модел Ц во Хрватска, ќе рецитираат поезија на Рацин.

Покровител на настанот е Советот за националните малцинства на РХ и Самоборскиот музеј.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк