Connect with us

Бизнис

Ампева: Потребни се решенија за животна плата, не само покачување на минималната

Published

on

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека треба да се фокусираме на животната плата, а не само на покачување на минималецот, откако опозицијата предложи зголемување на минималната плата на 450 евра. Според неа, потребни се суштински решенија, а не политички одлуки.

Бизнис секторот предупредува дека политичките одлуки негативно влијаат на стопанството и државата. Тие бараат нов Закон за ослободување од придонеси за зголемување на платите, по моделот од 2019 година, кој дал добри резултати.
 
Во текстилниот сектор се чувствуваат последици од недостатокот на нови странски партнери и проблемите на пазарот во ЕУ, особено во Германија. Бошков од Бизнис конфедерацијата нагласи дека ситуацијата на Блискиот исток може да се искористи за привлекување нови партнери.
 

Според истражувањето на „Гласен синдикат“, работниците во реалниот сектор сè уште примаат минимална плата без додатоци за смена, прекувремена работа и работа на празници.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во август 2024 година изнесува 41.097 денари или 668 евра.

Бизнис

Следи нов бран поскапувања, доколку продолжи да расте цената на струјата на берзите

Published

on

Високата цена на струјата закана за нов бран поскапувања. Од производствената индустрија велат дека за еден месец цената на електричната енергија на отворен пазар е зголемена за над 200 проценти и ако продолжи тој тренд не се сигурни дали ќе можат да ги задржат цените.

Поради ова минатата недела имале и средба со министерот за економија на која истакнале дека поради цените на електричната енергија можеби сега не е време за креирање на т.н. „Новогодишна кошничка“.

Сметаме дека поради состојбата на пазарот со струја не е време за новогодишна кошничка која се планира да биде донесена затоа што нема да има ефект, но се сложивме да учествуваме. Ако овој тренд со цената на струјата продолжи а државата не преземе мерки многу ќе биде тешко да се задржат цените, велат од производствената индустрија.

Од Регулаторната комисија са енергетика појаснуваат дека малите потрошувачи можат да се вратат на регулиран пазар согласно нивните проценки. Многу од нив поради тоа што имаа подобри услови на отворен пазар одлучија да се снабдуваат со електрична енергија од таму, но во последно време цените на берзите почнаа да дивеат и во некои денови надминуваа и 400 евра за мегават час, како што беа на самиот старт на енегетската криза.

Целиот текст можете да го прочитате на Телма.

Continue Reading

Бизнис

ПЛАЌАМЕ 133 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС

Published

on

Граѓаните плаќаат скапа струја поради недомаќинското работење на претходната влада на СДСМ и ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Од партијата велат дека СДСМ и ДУИ за свои лукративни интереси го уништиле енергетскиот сектор.

„Дека тоа е така може да се споредат сумите во различни периоди. На пример, во 2017 година кога со ЕСМ раководеше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски просечната цена за еден мегават час електрична енергија беше 33 евра, а сега истата изнесува 133 евра за мегават-час.

Освен ова, во периодот кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ, производната цена за електрична енергија се намалила за 25% во однос на претходната.

Ова само покажува одговорно и домаќинско работење, што не е случај со изминатото седумгодишно раководство кое мислело на само на свои бизнис и лукративни интереси.

И со секоја следна година од доаѓањето на власт на СДСM и ДУИ, цената на произведената електрична енергија по мегават-час постојано растеше, за годинава да достигне рекордни 133 евра.

Една од причините за енормниот раст на цената на струјата е неископот на јаглен и скапо увезениот јаглен. И тоа најверојатно се направило за да се им овозможи на одредени компании блиски до СДСM и ДУИ, да увезуваат јаглен и со тоа да остварат големи профити.

Бизнис интересот и лакомоста за големи профити на СДСM и ДУИ ги плаќаме сите ние, преку поскапа цена на струјата.

Можеби ќе треба време за да се намали цената на струјата, но преку посветено, одговорно и домаќинско работење на новото раководство на ЕСМ тоа ќе се постигне.

Набрзо од денес енергетскиот систем во Македонија ќе биде целосно консолидиран и вратен во нормална состојба, што ќе доведе и до пониски цени на електричната енергија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Continue Reading

Бизнис

Раст на берзите, фокусот врз технолошкиот сектор

Published

on

На светските берзи цените на акциите пораснаа минатата по остриот пад седмица претходно, а инвеститорите се фокусираа на акциите на технолошките гиганти „Nvidia“ и „Alphabet“.

на Волстрите индексот Dow Jones скокна за речиси 2 отсто минатата седмица, на рекордни 44.296 поени, додека S&P 500 порасна за 1,7 отсто, на 5.969 поени, а индексот Nasdaq 1,7 отсто, на 19.003 поени.

Растот на индексите најмногу се должи на корекцијате на цените на акциите по остриот пад една седмица претходно, кога инвеститорите беа разочарани од пораката на претседателот на американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed), Џером Пауел, дека централната банка може да го забави темпото на намалување на каматните стапки.

Последните макроекономски податоци потврдија дека американската економија солидно расте, дека пазарот на трудот е стабилен, а инфлацијата и натаму е значително над целното ниво од 2 отсто.

Поради оваа причина, целосно е неизвесно дали Fed ќе ги намали каматните стапки уште еднаш, по трет пат оваа година, на состанокот во декември. Пазарот проценува дека има нешто повеќе од 50 проценти шанси да го направат тоа.

Минатата седмица, кварталниот деловен извештај на „Nvidia“ беше во фокусот на инвеститорите. Нето профитот на производителот на чипови достигна 19,3 милијарди долари во третиот квартал, двојно повеќе од истиот квартал минатата година. Приходите на „Nvidia“ скокнаа, пак, за 94 отсто на годишна основа, на 35 милијарди долари.

Иако резултатите беа подобри од очекувањата на аналитичарите, цената на акцијата падна по објавувањето на резултатите. Некои аналитичари велат дека тоа е последица на забавувањето на стапката на раст на приходите на „Nvidia“, која во претходните квартали изнесуваше повеќе од 120, па дури и 260 отсто.

„Иако Nvidia испорача импресивен раст на приходите, јасно е дека пазарот очекуваше повеќе“, рече Џорџ Бубурас, директор во „K2 Asset Management“.

Во фокусот на инвеститорите беше и акцијата на „Alphabet“, чија цена остро падна. Тоа следи по аргументот на американското Министерство за правда пред судот дека Google мора да го продаде својот прелистувач Chrome и да преземе други мерки за да го прекине својот монопол над онлајн пребарувањето.

Минатата седмица инвеститорите ја следеа ескалацијата на војната меѓу Русија и Украина, откако Украина истрела проектили од американско производство кон Русија. Рускиот претседател Владимир Путин изјави потоа дека Русија може да размисли за употреба на нуклеарно оружје доколку биде нападната со конвенционални ракети поддржани од нуклеарна сила.

Сепак, овие настани досега имаа само краткорочно и умерено влијание на пазарите.

Така пораснаа цените на акциите на повеќето европски берзи минатата недела, по две недели пад. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 2,5 отсто, на 8.262 поени, а франкфуртски DAX за 0,6 отсто, на 19.322 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,2 отсто, на 7.255 поени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк