Connect with us

Македонија

Без струја утре дел од Тетово и повеќе тетовски села (Петок 25.10.2024

Published

on

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на локациите наведени во документот во прилог. Ве известуваме дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување ќе останат населените места кои припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) во листата во прилог.

Дел од град Тетово, објекти кои се наоѓаат во околина на ТВ Кисс прекин од 09:00 до 14:00 часот

Објекти кои се наоѓаат на патот за село Брвеница, ДОЛНО СЕДЛАРЦЕ, БРВЕНИЦА прекин од 08:00 до 14:00 чаост

Македонија

Уапсен висок функционер на ДУИ

Published

on

Првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во скопската чаршија, Мухамед Љамалари падна во рацете на полицијата, објави Курир.

Според порталот, Љамалари денеска околу 13 часот бил уапсен во хотел на Бит Пазар. Настанот го потврдиле и од Министерството за внатрешни работи.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик, одговорија од МВР за Курир.

Кривичните дела кои му се ставаат на товар се злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Според официјалните информации од истрагата која се водеше, Љамалари тогаш во својство на претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор ја формирал и организирал криминалната група.

-Тој иако знаел дека хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да извршат негово противправно рушење и уништување, соопштија тогаш од Јавното обвнителство.

Во незаконските дела вклучени беа 11 лица.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Екипите на терен до целосно расчистување на штетите од силниот ветер во Битола

Published

on

Силниот ветер кој денес ја зафати Битола предизвика значителни штети на повеќе локации во градот. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со екипите на јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, излегоа на терен за итна интервенција и санација.

„Екипите дејствуваат координирано за расчистување на паднати дрвја, оштетени објекти и инфраструктура. Ќе останеме на терен се до целосно санирање на последиците и враќање на нормалното функционирање на градот,“ истакна Коњановски.

Првиот човек на општината апелираше до граѓаните да бидат внимателни, особено во близина на оштетените локации, и ги повика сите што имаат забележани штети да ги пријават до надлежните служби.

Покрај расчистувањето, екипите се фокусираат и на обезбедување на критичните точки за да се спречи дополнителна штета. Граѓаните изразија благодарност за брзата реакција на локалната самоуправа и јавните претпријатија.

Според информациите, акцијата за расчистување ќе продолжи и во наредните часови, се додека не се санираат сите локации погодени од временските неприлики.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Јазикот е основниот одредувач на албанската целина кој ги поминува политичките граници

Published

on

Прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање г. Изет Меџити денеска во име на Владата на Република Северна Македонија се обрати на научниот настан насловен „Денови на азбуката” во организација на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците – ИКДНА.

Првиот вицепремиер, Меџити, под чие покровителство се организираат настани за одбележување на овој значаен настан за албанскиот народ, по повод настанот рече дека да се зборува за албанскиот идентитет како конститутивен идентитет на богатиот културен и европски идентитетски пејзаж, а да не зборуваш за јазикот како негов темел, тоа е невозможно.

„Јазикот е основната одредница на албанската целина која ги преминува политичките и територијалните граници и која денес ја хомогенизира албанската нација како целина. За да живее или преживее еден народ, потребно е да се кодифицира или систематизира колективната меморија во организирана форма или, поедноставно, во писмени докази што го преживуваат времето. А за овие сведоштва да се зачуваат, да се организираат во мисли, литература, уметност, политички концепти и слично, мора да постои организиран хомогенизирачки елемент на националниот идентитет, а тоа е јазикот. А јазикот без азбука нема начин на изразување, нема глас, како да не постои”, рече Меџити.

Во свет во кој сè повеќе се интегрира и доминира таканаречениот јазичен империјализам и доминацијата на „јазикот”, знаците, кодовите на технологијата, нашата должност како интелектуалци, политичари, проучувачи и истражувачи останува да вложиме напори за зачувување на јазикот и нашиот културен идентитет, апелираше првиот вицепремиер Меџити.

Во овој контекст, јазичните политики на институциите се од речиси егзистенцијално значење за заштита и негување на јазичниот идентитет на една етничка група, затоа, сакам јавно пред вас да изјавувам дека Владата на Северна Македонија е решена да гради такви институционални политики кои ќе ги почитуваат и негуваат јазичните разлики и ќе ги третираат како средства и додадени вредности на општеството. За да го докажеме тоа, ќе поддржуваме и стимулираме културно-уметнички настани, научни и академски проекти, кои ќе ја негуваат нашата различност како драгоцен квалитет на кој сите сме горди”, рече Меџити.

На денешната манифестација учествуваа министри, пратеници, дипломати од амбасадите на САД, земјите од Европската унија, Албанија, Косово и од земјите од регионот.

Настаните за одбележување на Денот на албанската азбука, под покровителство на првиот вицепремиер Изет Меџити, денеска започнаа со Свечената академија во Владата на Република Македонија, а потоа со научна демонстрација во ИКДНА, продолжуваат со доделувањето на наградата „ 22 Ноември” во Републичкото собрание, во вториот дел во Битола, градот на буквите со посета на Музејот на азбуката, изложбата “22 Ноември во Телајо” на плоштадот во Битола, Панел дискусија „22 Ноември-Ден на азбуката, албански јазик-наш идентитет” и завршуваат навечер со Концерт во Палатата на културата во Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк