Connect with us

Македонија

ЛЕГИТИМНО Е ШТО ПРЕМИЕРОТ БАРА ГАРАНЦИИ Таравари е оптимист за уставните измени

Published

on

Пораката на Урсула Фон дер Лајен беше јасна, ние сме добредојдени да ги започнеме преговорите, но условот е тој, да ги направиме измените во Уставот, и е многу легитимно од премиерот (Христијан Мицкоски) кој бара гаранции, изјави министерот за здравство Арбен Таравари во гостување на Телма.

Македонија заслужува јасни гаранции од Брисел и од Вашингтон дека уставните измени ќе бидат последниот услов и многу е легитимно тоа што премиерот Христијан Мицкоски бара гаранции, рече министерот за здравство Арбен Таравари во вечерашното гостување на Вин-Вин на ТВ Телма.

– Многу се јасни пораките од Фон дер Лајен, кои мислам дека порано требаше да дојдат. Друго е кога ќе дојде првиот човек на ЕК. Пораката беше јасна ние сме добредојдени да ги започнеме преговорите, но условот е тој да ги направиме измените во Уставот, многу легитимно од премиерот (Христијан Мицкоски) кој бара гаранции. Не се даваат гаранции од 2018 и 2019 година, потребни ни се посериозни гаранции – изјави Таравари.

Министерот за здравство смета дека доколку Бугарија имаше влада во моментов Макеоднија веќе ќе имаше започнати преговори с  со ЕУ заедно со Албанија.

– Сто проценти гаранции и да има не се сигурни, јас мислам Македонија по сите пропусти кои ги направи во минатите 30 години најпрвин со Грција, сега со Бугарија, Македонија заслужува потврда од Брисел и Вашингтон да не се бара нешто додатно, и мислам дека заслужуваме по 2018 година, да имаме 100 процентна увереност во Владата. Бидејќи релативно е стабилна Владата со добро мнозинство, доколку имавме во Бугарија една стабилна Влада како во Македонија веќе ќе беа започнати преговорите заедно со Албанија – изјави Таравари.

Тој смета дека по изборите овој викенд во Бугарија и изборите на 5 ноември во САД ќе се изнајде решение за уставните измени.

– Ајде да бидеме искрени до крај, вопшто проблемот не е дали Бугарите ќе бидат во Уставот, тоа не е проблем ние бевме за Египќаните и Хрватите да бидат во преамбулата. Тоа не е пречката, пречката е историскиот проблем помеѓу Бугарија и Македонија. И тука е целата работа која не оди како што треба и оневозможува преговорите да се случат. Јас мислам дека по изборите во Бугарија и изборите САД, мислам дека ќе се изнајде решение кое ќе биде излез на Македонија од овој ќорсокак. Јас мислам дека од декември ќе ги започнеме уставните измени – потенцираше Таравари.

Министерот вели дека е сигурен дека премиерот Мицкоски сака да изнајде решение за проблемот.

– Најголемиот страв за мене како политичар во изборите пред 24 април и 8 мај да не ни се повтори Букурешт, да не ни се повтори 2008 година, а сега мојата интуиција, сигурен сум дека господинот Мицкоски е западноориентиран, и тој сака да изнајде решение и е доста заинтересиран Македонија да не остане во групата со БиХ и Косово – заклучува Таравари.

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading

Македонија

Семејна драма во тетовско: Син ја заштитил мајка од напад

Published

on

На 08.01.2025 во 19.20 часот во Полициското одделение Камењане, 44-годишна жена од тетовско село пријавила дека нејзиниот вонбрачен сопруг Б.Т.(43) од истото село агресивно се однесувал кон неа и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од нивниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк