Connect with us

Македонија

Македонските и бугарските историчари главно се запознавале на денешната седница на Мешовитата комисија

Published

on

Запознавање меѓу двата состави на историчарите, дискусија за принципите на работа и за протоколарни теми и прашања, но и за прашања кои беа камен на сопнување – ова се случувало денеска, на првиот ден од состанокот на мешовитата историска комисија.

„Повеќе разговараме околу технички, протоколарни и општи прашања по кои тешко, се запознавме, по кои тешко се наоѓа решение. Но тоа не значи дека го загубивме денешниот ден. Не знам, уште немаме конкретно мислење. Нека поминат две три средби“ изјави копретседателот на комисијата, Ангел Димитров.

Дел од членовите на Комисијата не открија дали ќе бараат ревидирање на дел од одлуките кои ги донесе претходниот состав.

Историчарот Митко Панов изјави дека тој и неговите колеги треба да ја запознаат методологијата и концептот на работа и дека очекува слободно изразување на ставовите на членовите односно на македонската историографија додека Димитров во изјава за бугарските медиуми кажа дека очекува македонскиот тим во комисијата да продолжи со остриот тон на Владата.

На почетокот на септември Владата ги именуваше новите членови на комисијата и за копретседател го назначи професорот Ванчо Ѓорѓиев, кој извесно време беше дел од минатиот состав, пред да се повлече поради наводни политички притисоци од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Македонија

Тетово: Претресот открива неочекувани тајни во домот на 46-годишникот!

Published

on

На 25.10.2024 полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Џ.(46) од Тетово, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и непозната супстанца. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Костадин Костадинов, не само по ЗЕЛС, удри и по својот партиски колега Горан Герасимовски

Published

on

Политиката е причина за одлуките на општина Карпош и општина Струмица да го напуштат ЗЕЛС

Градоначалникот на општина Струмица од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов удри на социјалните мрежи по неговиот партиски колега од општина Центар, Горан Герасимовски.

Костадинов на Facebook напиша:

Почитуван колега Горан,

Сакам да се осврнам на твојата забелешка кажана во гостување на емисија Стадион на Канал77 во врска со мојата одлука за напуштање на ЗЕЛС. Во ова време на предизвици за СДСМ, од клучно значење е одржувањето на единството и колегијалноста.

Недостатокот на сериозен политички однос и реално поимање на ситуацијата може да доведе до нова дестабилизација во нашите редови. Не се работи за избрзана одлука, туку за решителност да заштитам интересите на моите сограѓани.

Се надевам дека и ти, со истата посветеност, ќе ги штитиш интересите на граѓаните на општина Центар. Во овој момент, верувам дека е поважно да размислуваме за поддршка на одлуките, отколку да констатираме или толкуваме.

Политички СТАВ или партиска кариера се градат исклучиво на постулатот на единството.

Така било, така е, а така и ќе биде.

Само силни и сплотени можеме да биеме битки.

Оваа реакција се должи на гостувањето во емисијата “Стадион” на Канал 77 каде што градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека oдлуката на Струмица и Костадинов за напуштање на ЗЕЛС е избрзана

Continue Reading

Македонија

Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Published

on

На 25.10.2024 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Б.(31) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.

Истиот ден, при лишувањето од слобода на З.Б., тој бил заедно со В.М.(28) од Битола и при претрес на патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.М., биле пронајдени прашкаста и растителна материја, по што и В.М. е лишен од слобода. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк