Connect with us

Македонија

Околу 250 илјади жени во државава се домаќинки, додека се увезуваат работници

Published

on

Жените трошат трипати повеќе време за домашните обврски од мажот.

Околу 250.000 жени во државава се домаќинки и се надвор од пазарот на труд, во време кога фирмите увезуваат работници од странство, се наведува во научната студија на каде и се откриваат причините зошто жените не работат.

Неплатениот труд на домаќинките ако се претвори во пари изнесува над милијарда евра годишно. Ова го откри научната студија 52 на “Фајнанс тинк” за која Благица Петрески зборуваше во поткастот „Каде се парите со Горан Теменугов?“.

Со студијата е откриено дека мажите не сакаат да се идентификуваат како домаќини, а од друга страна жените трипати повеќе работат по дома. 

 

Македонија

Колективна оставка на Комисијата за помилување

Published

on

Професорот Гордан Калајџиев на својот фејсбук профил информираше дека членови на комисијата за помилување поднеле колективна оставка

Почитувани,

Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување.

Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи.

Со почит,

Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ,

Др. Зора Митиќ,

М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска

Ајтен Шаќири

26.10.2024 година

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Фокусиран сум да не бидат зголемени платите на функционерите, да растат платите на вработените

Published

on

Подобро е да има намалување на цените, отколку зголемување – ова е реакцијата на премиерот Мицкоски за мерката „есенска потрошувачка кошничка“ за ограничени маржи на производите којашто истекува на крајот на месецов. Тој вели дека намалувањето на трошоците по семејство од 900 денари кое го објави министерот за економија Бесар Дурмиши не е доволно, но дека како Влада ќе се трудат заштедите за секое домаќинство да достигнат и до две илјади денари. Според него, ефектите се поголеми, ако се земат в предвид зголемувањето на платите и падот на инфлацијата.

– Математички ако гледаме е повеќе од нула, а е подобро да е намалено, отколку да е зголемено, како што беше случајот до пред неколку месеци. Замислете што се случува во овие четири месеци од оваа Влада. Платите повторно растат со истата динамика, како што растеа и претходно со таа разлика што сега Народната банка двапати ја намалува референтната каматна стапка, а инфлацијата се движи на ниво меѓу 2 и 2,5 проценти, нешто што беше мисловна именка за претходната Влада, бидејќи бевме рекордери во инфлација во Европа, имавме инфлација над 20 проценти, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Владата е фокусирана на тоа да ги зголемува платите во администрацијата, а да ги ограничи примањата на функционерите. Посочи дека за мерката да не растат платите на функционерите ќе разговараат во рамки на Владата, а еден од начините бил да се намалат коефициентите за пресметка.

-Ние со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, за да дојдеме до процент еднаков на нула, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека во изминатите четири месеци се зголемени пензиите. Примањата на пензионерите веќе се покачија за 2.500 денари, а ќе добијат и дополнителни 2.500 денари месечно почнувајќи од март следната година.  Зголемени примања имаат и наставниците, а можат да очекуваат и вработените во здравството.

Continue Reading

Македонија

Кога шилеговача ќе прозбори…

Published

on

Настанот, верувам, дека одел вака: Денот на преродбата, или денот на ВМРО, беше неработен. Петре Шилегов не го осетил тоа прибидејќи него секој ден му е неработен но, го заболело што ВМРО има што да слави, а неговите фарбари од Шарените и СДСМ никој не ги ферма, како да се семафор на пешачки во Чаир.

И, следи шилеговача. А после шилеговача, во 2 саат ноќе, Петре Ш, пушта пост по социјални мрежи дека СДСМ е уништена партија, дека е заробена од Заев и дека неговите наследници, оној залутан грев од Куманово со инспиративен прекар Диме Ќуран и сегашниов Супер Филипче се октроирани, наметнати од Зоран Заев.

Целиот текст на ВЕЧЕР.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк